Јас пак ќе повторам: Kat Dosa got robbed! Денес ќе ми биде на рипит Тајни Зачин и секако: Тајни Зачин си беше топ, во склоп на нејзините вокални способности, не избра некоја презахтевна песна па да фалшира цело време додека играше цел настап. Самоуверена, енергетична и харизматична иако ова и беше прв настап. Да беше конкуренцијата некоја вансериска да разберам, но Кат имаше подобар и поуникатен настап од пола од овие шо влегоа во финале вчера. Треба да се пријави пак догодина, не смее да се откаже.
Кога е финалето Беовизија? Или и тоа пропуштив. Ич не следам годинава и баш ми е криво. Ама ќе се вратам во форма, се надевам.
Мислам дека сабота? Ист принцип им е ко Евровизија, вторник и четврток полуфиналиња, сабота гренд финале.
Aј ќе се обидам да гледам. А ние што правиме по тоа прашање годинава, се одлутивме или уште држиме лутина и ја бојкотираме Евровизија? Ќе праќаме некој или тапа?
Не праќаме за жал. Ама и да праќаме, треба да е со Скопје Фест, а не интерно да си бираат. Може и има некој скриен талент што ќе му се даде шанса, некое младо дете ќе излезе со нешто добро.
Фестивалски ко што беше на времето е најдобар концепт на избор за песна и баш добри песни излегуваа. Не зборам конкретно за победниците, туку и општо онака. Фин момент од годината би била некоја ваква музичка дешавка. Штета што го утепаа тоа ко опција.
Епа време е да го одутепаат и јас тоа викам. И да имаме пејачи нема ни каде да се претстават. Овие нашиве по Звезде Гранда што одат и пеат забавна музика, можат истото да го пробаат со свои песни на таков фестивал. Мора да можат од некаде да почнат, а сега немаат ни од каде.
Песнава ме потсеќа на Никотин од Наташа Беквалац, ве молам кажете дека и вие го слушате тој дел дел 0:50-1:00.
Не сум најсигурен ама мислам дека Скопски Фестивал се прекина затоа што многу пејачи почнаа да го бојкотираат, бидејќи нели секој од нив мисли дека е наместено. Низ годините имам читано и дека етаблирани пејачи не сакале да се натпреваруваат на иста сцена со дебитанти. Сега да ти направат песна и текст многу кошта, и реално ако не победиш ќе ти отидат парите у неповрат. Е сега Макфест, ги побива сите овие ствари со тоа што опстојува ете се' уште ама од година во година песните се се' полоши.
За да не биде наместено, после изборот јавно и транспарентно гласови од жири и од публика. Србите тоа го прават веќе секако. Може порано да драмеле поискусните пејачи, веќе нема такви, според мене ни Каролина, ни Владо, а Каљопа ич нема потреба веќе да одат. Талентирани млади имаме, пак ќе речам, ене ги се натпреваруваат во Србија. Макар тралалајки ама мора да почнат од некаде. Нашата сцена е алармантно мртва. А е битна за култура, секако. Ако направиш добра песна нема да е неповрат, градиш кариера нели Евровизија не е мерило за успех колку ќе имаш натаму, како и останати музички шоуа што се, победниците не значи дека ќе станат успешни. Обично непобедниците на крај прават поголема кариера од победниците
Парите за Евровизија од МРТ ги пренаменија со образложение дека „сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години Македонска Телевизија“.
Песнава од Џорџи ми е на рипит денес Ги ислушав и другите фаворити, односно Бресквица и Зорја. Песнава на Бресквица е тој етно стил, ги фаќа на емоција, и имам чувство дека србиве ќе ја изгласаат. Си сакаат они вакви песни, ми испоизлегоа видеа кај што липаат на песната А штета ако она оди зошто Теа Дора баш изгледаше светски. Зорја е вокално многу моќна, проаѓаат вакви песни на Евровизија. Иначе морам да ги спомнам и Кени није мртав, си ги слушам надвор од Евровозија, омилен спрски бенд ми се со Буч Кесиди. Кул им е песната, ама не е евровизиска. И за Констракта вчера не успеав да прокоментирам, ама жената мене ми е царица. Какво индиректно исмејување има за политичарите со нити ново, нити боље алал.
Ако Србиве ја одберат Теја, она мора да го подобри изговорот. Не е лоша во пеењето, ама има неразбирливи делови. Ко да ја тепа трема малку. Констракта звучи малку подобро, ама настапов ѝ е кринџ. Останативе се како нејадени.
Јас колку што гледам Бресквица највеќе е гледана... за жал. Ништо немам против девојчето, ама таков тип на песни ни македонски не сакам, ни српски. Констракта нема шанси некој да ја разбере (тоа овде не ја разбираат...) што и се покажа, доби гласови од тие што воопшто ја разбраа песната. Теа дефинитивно појасно да изговара треба, неразбирлива е. Вокал има, се' има. Останатите не се ни интересни...
Бресквица победува од televoting и тоа со 1000% сигурност. За среќа, системот со гласови и е направен евровизиски односно 12, 10, 9, 8 ... до 1, не е како Хрватска да може да добие 250 поени од публика. Значи, останува на жирито да ја пласира Бресквица четврта највисоко а една од Зорја и Teya Dora да биде прво место од жири, и второ место од публика. Дали ќе ја имаат среќата Зорја или Теја Дора, останува да видиме утревечер.
Јас вечер навивам за Зорја девојката уште од Звезде Гранда ја знам и стварно има глас и самоуверана е и има претешка песна ретко кој може таква песна да испее само настапот не ми се допадна. Незнам толку што фама се крена за Теа Дора мене ниту песната ниту нејзиниот глас ми се допаѓа само емоција има пеачката и харизматична што е ама не знае да пее само мјаука, големи се шансите таа да победи но нека не се надева дека ќе ја гласаат таму од жирито ништо нема да добие за онаков глас за мјаукање не се дава глас само сценскиот настап ми се допадна кај Теа и плус ми нема енергија. Зорја нема да победи не ја сакаат во Србија таа ако сака да оди на евровизија нека се пријави за Германија и онака таму живее и и има државјанство можи и ќе и донеси победа на Германија а со Србија ништо не прави.
Едно е некој да не ти се допаѓа, сосема легитимно, ама Теа на Беркли пеење има завршено. Со стипендија.
Бресквица ја сакам како пеачка и ги слушам нејзините песни. Ама оваа за Евровизија шо и ја одбрале, катастрофа! Ич не ми се допаѓа! Не ја испеа ич убаво! Не е она за таков вид на песни.