За двете! Јас прво пишав Теја, но кога се размислив, Зорја веќе втора година настапува со одлична песна, совршени вокали и мислам дека после се што помина на ЗГ, заслужува да оди. Така да сеедно ми е.
Зорја да се појави со настап како од ЗГ, нема ич да се мислам. Вака некако... шо знам. Зорја е предобра и подобра него песниве што ги има, Теа сериозно треба подобар изговор да има. Која и да се одбере ќе ми биде драго. Е ако од нив две или Констракта не одберат, нема да ми биде драго ич
Исто. За Констракта секогаш навивам во позадина. Еден ден ќе напишам докторска дисертација за нејзините песни, настапи и импактот што го имаше на ESC 2023.
2022 беше она, 23та Србите имаа еден дечко, ме живцираше песната не ја ни знам Инаку се согласувам, на нејзиниот настап во финалето колку се слуша публиката, баш е прејако
Се убаво што си напишала, се согласувам, но ако Србите не се одлучат за една од овие две и гласовите се поделат на сите страни, отиде Бресквица
А гласањето е само од смс? Или има и жири комисија некаква? Ако е само од публика (смс), праската оди 100%.
Мене ми е пресмешно што Бресквица мораше да помине низ "conversion therapy" на изгледот, да е прифатлив за националистите кои инаку никогаш би изгласале пирс на нос и обоена коса.
Супер, се надевам постои таму некоја српска Мери Попова што ќе замеша конци да не оди праскичката. Знам дека има една особа што ја плукаат секоја година за изборот, верувам во нејзините способности.
Богами како ние да бираме така сме возбудени. Првите 4 јако јако почнаа. Лунапарк ми е супер песничка,Дарко Димитров нема утка како композитор. Но,некако по Дамиано редовно почнаа со рок песни и секогаш има некој што ме потсеќа на него (ќере вели сфатија дека треба да си рокер да одиш на Евровизија) . Бресквица мислам дека ја испука песната пред да се промовира,а ми се допаѓа инаку. Теја Дора мооќна,аамо дикциски некако неразбирлива ,но предобро. Едит; Теја ме потсеќа на Лорен со шишките и настапот
Јас имам чувство дека Бресквица ќе оди. Песната на ЏОрџи ми пополнува некоја дупка во душичкава што не сум знаела дека постои. Констракта цел ден на рипит одеше, уметница, па новава, ќерка ми е воодушевена од лебот. И Зорја исто, се запрепасти кога ја тргна периката, леле реакцијата. Гласиште невидено има, баш би сакала она да оди.
Неа ја фаворизира публиката која за настапот на Констракта велеше дека е глупост и сатанизам. Среќа па жирито замешува прсти, ако одлучува просечен Србин, нема да мрднат подалеку од лане моје, нуна нуна неј или гнездо орлово. Бресквица инаку доби голема поддршка од српската мајка Цеца и Милица Заветница, политичарка која е од десничарска, националистичка партија.
Аааааа срцка е Зејна. Очигледно чита коментари и фидбек, колку толку беше подобра вечерва, не беше толку статична споредбено со полуфиналето. Се труди златната.