Јас имам чувство дека ТејаДора ќе оди. Слатка ми е како зборува и дефинитивно мислам дека би ја прогурале неа заради Моје море славата. За Зорја ми е жал, апсолутно е совршена, но знам дека нема да оди.
Многу ми е жал. И за Зејна ептен. Вчера дознав дека уствари ова и е трети пат на Зејна што се натпреварува. На Зорја и е втори, и топ е двапати, но....
Дефинитивен фаворит ми е Зорја, си ја сакам уште од ЗГ. Иако мислам дека пред две години имаше далеку поубава песна, заслужува да ја пратат. Песната на Џорџи ми е толку симпатична а и он Констракта генијална како и секогаш. Една од најдобрите артисти коишто излегле од Евровизија. Сепак, мислам дека битката ќе се сведе на Бресквица наспроти Теја Дора. Теја Дора ништо не ја разбрав, само мумлаше. Ќе треба многу да работи ако победи. Кај Бресквица ми се допаѓа етно елементот, малце трема но не е лоша.
Ја форсираат Бресквица, но ќе им биде грешка ако ја пратат. Добро пее, ама такви песнички им успеваат само на Израел и Украина. Подобро Теја или Зорја. Теја беше подобра од полуфиналето, но мора да поработи на изговорот. Зорја е ко влезена во филм, но гласот ја вади. Ако биде Констракта, да смени настап. Вака е чудна. Зејна ушобол. Песната има простачки сељо вајб. Исто и Марко. Плус, неозбилен. Кени Није Мртав. Не се лоши, ама не држат внимание. Останатите останаа нејадени, потпросечни. Депре вајб само за да заспие човек.
Драги мои, официјално е, Бресквица не може да оди на Евровизија иако ќе добие 12 поени од публика! Останува да видиме дали оди Зорја или Теја!
Очекувано! Многу сум среќна. Знаев дека не би се заебале Србите со Гнездо Орлово. Их бе, не сум слушала ништо друго од Евровизија освен балканскиве, но веќе Словенија, Србија и Хрватска прават јака Евровизија. Секоја чест!!
Оваа Теа Дора не знае да пее, народот ја одбра Бресквица.. Истово што го направија србиве, кај нас пред неколку години се случи кога Виктор доби гласови од публиката, а Андреа од жирито и отиде Андреа.. Народот треба да гласа за песната на Евровизија, значи многу гадно се заебаа уште од старт, нема да имаат добар пласман, бидејќи ако никој не ја гласал сега, како очекуваат дека ќе ја гласа некој тогаш? Уште и ова, Марија Шерифовиќ ја заеба Бресквица, и даде на оваа што не знае да пее висока оценка а на Бресквица 4 и тука ја заеба..