Ми е жал за девојчево уште од сега. Ги читам коментарите сите се негативни, буквално на секоја објава. Уште поголем терет ќе има на своите плеќи знаејќи дека народот дома не ја поддржува и нема да биде топло испратена во Шведска. Целиот гнев на народот го свртеа кон девојчево само 4 лица.
Сиротово девојче откако победи пред сат време, скоро за 10 000 и се покачија фоловерс на инстаграм. Твитер вришти за неа. Ќе видите дека ќе има успех.
И самиот Евросонг функционира на истиов принцип, 50% жири, 50% публика. Ние бевме прво место со Тамара од жири, од публика слабо поени. Бресквица е супер за Купусијада, не за Евросонг, среќа што жирито го препозна ова. Се надевам дека кај нас ќе се применува истиов принцип, народов сакаше Виктор да го прати, мислеа дека Супермен е штосна и кул. Мери Попова ако читаш, знам дека се спремате следна година да шетате на државна сметка, обавезно стручно жири срцка, ако оставиш народов да одлучи, ќе го гласа Спасен Силјановски со ,,Ќе ти дојдам вечер", вкусот на народот е таков.
Од друга страна јас само позитивни коментари прочитав. Како луѓе, генерално, омразата ни го привлекува вниманието повеќе од љубовта и добрината, па затоа ја слушаме почесто. Но, тоа не значи дека се' е сведено на омраза. Теја беше фаворит и победи. Доби 10 поени од публика значи ја поддржуваат.
Мнозинството народ е според бројни статистики со просечно iq80, подобро е стручни лица да одлучуваат заедно со него, 50/50. Стручните лица се најчесто музичари, луѓе кои биле претставници на Евросонг, кои го знаат вкусот и пулсот на тие фанови, таа публика, сигурно знаат да проценат повеќе од Славица на која музичкиот врв и е ,,Бум Бум" од Сузе Гавазова.
За оваа време откако победи секаде ја објавија и читам многу позитивни коментари. Светлосни години се Србите пред нас,и алал да им е. Имаат луѓе за се.
Каков кич, настрана Теја, за Зорја со онаков перфектен вокал и настап 4.5 пати помалку гласови од просечен вокал со просечен настап и песничка што вози на национализам. И после гласот на народот бил најважен и најдобар, можеби - доколку е натпревар за невкус. Јас мислам сѐ е кажано.
Православни манастири имаат свој фаворит за манифестација, за која тие и нивните најголеми поддржувачи тврдат дека е со скриена агенда, геј пропаганда и дека никој тој циркуз од нив не го гледа.
Независно од тоа која песна ми се допаѓа, според мене 50:50 е лош сооднос. Треба да има гласање од жири ама не може 3-4-ца да имаат поголема тежина од цела останата нација која гласала. Исто како што не го поддржувам гласањето што се случува за време на Евровизијата во последните неколку години. Пример, ако се бира претседател: најголем дел од нацијата гласала за еден ама однапред назначени 10 луѓе кои ќе се наречат експерти ќе имаат иста тежина како и речиси цела нација што гласала. “Експерти“ не значи дека знаат подобро туку можат да бидат пристрасни или да се водат по свои вкусови. Некогаш и странците сакаат да слушнат нешто поинакво, затоа често таквите песни котираат повисоко. Си има фестивали каде треба да одлучи жири и таму си се придржуваат кон таквите правила. Ова, веќе кога го прават за народот, нека биде целосно за него.
Јас скроз задоволна не спијам. Љубљана, Загреб, Белград... сегде може А тие што не ја разбираат Рамонда, не ја разбраа ни Ин корпоре сано, а ни сегашнава. Балканов одбра мерак за мозок и за уши, ајде па на наша глава
Извини вака ама многу какаш извини на речник Виктор колку и да ми е антипатичен ама таа година неговата песна беше подобра од таа на Андреа но не не се прашува народот туку такозваното" стручно жири" позади кое стои политичко тело кое одлучува која песна треба да се прати и каква порака треба да биде испратена во јавноста па така тоа "стручно жири" ја пушти Андреа што го фрлаше знамето, Тамара што нарочно ја грешеше химната и отиде да го промовира северџанистан со песна Proud како горда северно македонка. Потоа тоа исто "стручно жири" го испрати Василе Бугар Гавранлиев да не представи како гордо бугарче од северџанистан и да подметни суптилна нота дека сме бугари. Кога се работи за нашиве представници последно што памтам нешто што било избрано од народот не од жирито беа Некст Тајм и беа најдобар можен избор таа година после нив само Калиопи со Црно и Бело беше достоен представник и имаше веројатно најдобра песна што воопшто сме пратиле на Евровизија само што европјаните не гледаат дали е песната добра и квалитетна туку дали изведувачот е геј, транс, промовира сатанизам на сцена или песната има некаква политичка порака што треба да се пласира во јавност. Тоа е критериумот за победа или висок пласман на евросонг последните 10 години и повеќе затоа и не следам повеќе Евровизија. Шта се тиче српската песна годинава не сум воопшто фан на оваа Смоквица, како пејачка е ужасно лоша ама нејзината песна музички гледано беше подобра од останатите ама исто како и кај нас не се прашува народот туку "стручното жири" одлучува кој кандидат оди зависно за каква песна се работи и каква порака треба да се испрати во јавност
Андреа беше избрана од „странско стручно жири“ од Малта, Израел, Грузија, Исланд и Ерменија, кои и не беа кои знае колку „стручни“ бидејќи беа членови во евровизиските делегации на нивните земји.
Последен е Даниел Кајмакоски во 2015 година со „Лисја есенски“ (второ место од жирито). Од жирито победи Тамара со „Брод што тоне“ (трето место од телефонското гласање).
Зорја ќе беше најдобар избор, ама пак добро е што не ја одбраа Бресквица. Исто како што и жирито не прави секогаш добар избор, така и народот. Што ви е, бре? Бресквица не е ни приближно позната како Теја. Ко што имаат Србите напнатост со Албанците и Косоварите, немаше да биде паметно да се пее за орли на Евровизија. И онака песната не е за на меѓународен фестивал. Ко да не ни се доволни постоечките војни, па уште директно во комшии ни треба една ради недоквакана певаљка.