Пресмешни ми се овие маженцава во темава што ги вртат во круг истите флоскули со години дека Евросонг е сра*е, кич, неквалитет, политика, а они као божем растени со амбиентална, класична музика, џез, блуз. За некој кој не следи оваква манифестација, доста се информирани околу секој избор.
Србија ќе ја напушти Евровизија тогаш кога Евровизија ќе престане да постои . Или ако некогаш бидат дисквалификувани, пример. Доброволно никогаш, или барем не во блиска иднина . Затоа што се квалитет. Затоа што сакаат да ги има и да бидат распознаени. Затоа што знаат да дадат поддршка.
Не знам колку сте упатени, ама околу Косово и Србија, никој во Европа, а и свет не мисли дека Србија е жртвата, кога станува збор за конфликтот. Така да, не мислам дека песнава би била прифатена ко што е прифатена меѓу нас и не би стигнала далеку во изборот. Песната може е океј, ама луѓето се интересираат за многу повеќе од тоа во денешно време и убав глас и аранжман, не значи по дифолт дека сите ќе ги падне на газ. Пред некоја година Израел испрати една песна, која се викаше Set Me Free и знам доста од коментарите беа ко, girl... Океј песна, ама доста awkward наслов. Кога станува збор за победничката песна, морам да кажам дека многу ми се допаѓа. Искрено мислам дека може високо да котира. Симболична за самата држава, а сепак не поставува национална бариера, да не може никој друг да се поврзе со самиот текст. Србија доста позитивно изненадуваат последниве неколку години.
Со исклучок на минатата година. Не знам како успеа да победи Лук Блек покрај Принц и Филип Балош. Можеби оваа година ќе имаат успех. Читам лоши коментари за девојката.
Тоше го осакатија. Најлоша песна во кариера му беше тоа. Па пак влезе во финале. Инаку да, нас не ни треба пејач, туку жртвено јагне. Се изнасраа за Андреа, а девојчено имаш ок песна и ок си се носеше со настапот. Па сега не знам ни дали некој нормален ќе сака да оди, а не дека немаме вокали.
Исто, исто А праскичка е копија на Зорја од ЗГ Зорја така изгледаше во повеќе наврати, па ај и она да проба На Зорја ќе и пројде таков етно момент затоа што е нејзин знак, така пее, секоја песна си има етно призвук. Ова баш беше весели се српски роде.
Гледав неколку реакции на Рамонда, сите ја испофалија и во видеата и коментарите, велат дека е потенцијален победник. Треба да ги слушам и другите песни офц, ама ништо чудно да навивам за девојкава до крај.
Како ќе беше на англиски Пиич Не бе, им се чудам, всушност не им се чудам на паметот. Живеам со нив годиниве и да такви се. Туку не плукаат само по Теја туку и по Марија Шерифовиќ, која нели им донесе победа. Да ги ставаш во ист кош Пичот и Марија е грев. Али Срби
"Глупердата Андреа".. абе кај ви текнуваат такви зборови и која е потребата за навредување. Teya е веќе популарна, Џанум има над 70 милиони прегледи, дури и Billie Eilish ја има препеано песната
Ако мислите дека во Македонија живее прост и нецивилизиран народ треба да почнете да читате по интернет што пишуваат одредена група Срби моментално за Марија, Сајси, Теја, Филари (дечкото шо носеше фустан на настапот) и ќе сфатите дека и од нашите постојат многу полоши. И тоа, овие српскиве зла се всушност писмени и едуцирани, сами и гордо избираат да го одат тој пат на „конзервативно србијанство“. Ај за старците, ама и младите се така задоени и воспитани. Поразувачки.
Посебен народ се, комбинација со Албанци и имаш тантруми ко да чуваш 2 тодлера Шала на страна, јас многу за зло му земав на Јоксимовиќ пред Х години, на Х Фактор мислам беше, кога активно ја понижуваше Фифи. Ај што не и' дозволија да носи фустан, туку Јоксимовиќ изгледот свесно и намерно деградирачки го коментираше. Едно е да не сфаќаш некого, сосема друго да вложиш труд за да го омаловажиш. Нека е најпејач на свет, со тој потег покажа колку исто така е и нечовек. А Фифи кога отвори уста ги затна, ама ајде. Жал ми е за сите нас кои трпиме националисти, оти не се арни ниедни, никаде. Патриот е друго, за себе ќе кажам дека сум патриот. Ама националист не сум, ниту можам да ги разберам, независно од нација.
За песната се согласувам. Ама тој сам си ја одбра. Грешка голема. Можеби ќе беше подобро да ја испееше македонската верзија. Најголем скандал беше кога го избраа Мартин Вучиќ. Па наредната година скандал кога победи Елена Ристеска. Во 2008 пак. Тогаш беше случката со Боки 13. Јас не верувам дека некој од типот на Калиопи, Каролина, Владо Јаневски, Елена Ристеска ќе се нафати да пее. Ако пратиме дебитант одма ќе има напади. А од другите држави испраќаат дебитанти. Ама другото е секогаш подобро. Јас разбирам да не ти се допаѓа песната или пејачот. Ама исмејувања и навреди
Го слушам пак Бејби Лазања и дефинитивно мислам дека ова е победничка годинава. Фала богу се тргнаа и тие од Јелена Розга,Петар Грашо и Северина стил.
никаде не гледам провокација во песната, освен што е плагијат на Весели се српски роде. Најс. Дуа Липа може да лета орли, а Србите несмеат да пеат за орли, веднаш националистичко било тоа. Провокациите никогаш нема да запрат џабе се надеваш, зошто другата страна секогаш ќе провоцира колку и да се воздржува Србија. Додека не беше националистичко кога Украина пееше или пак Албанија со бројни песни.. Песната е добра со модерен и традиционален призвук, само пејачката е промашена Бресквица ниту е за таква песна, ниту може да ја изнесе на прав начин.
Од телевоутинг ќе има гласови. По мое мислење... Ќе биде во првите 3. Се зависи од жирито. Не знам дали јас слушна француската песна. На мене ми е баш супер. А и дечкото пее одлично. Италија некој нивни стил. За победа тешко.
За Мартин не се сеќавам, ама Елена Ристевска во Грција направи пласман што тек Тамара го надмина, ако не се лажам Елена заврши 12та, а Тамара 6та (и секогаш ќе потенцирам 1ва од жири!!!! - затоа што имаше моќна песна, моќен вокал е, немаше трема, излезе сама на сцена и испеа, и тоа беше препознаено). Тоше колку убави песни имаше, колку убав, ненадминлив глас имаше, Life ни 15% од капацитетот негов нема... Точно Тајно моја да можеше да ја испее, на македонски, ќе беше подобро. Ама тоа е. И ај да се реални критики ок, ама какви глупости и расчеречувања на пејачиве прават... Каролина беше 2 пати, не верувам да сака 3 пат да оди, Калиопи беше супер ама пустата не е допадлива како личност. Јас надеж имам во Александра Јанева, многу е потценета, а и Антониа иако очигледно не ја бендисуваат многу - нејзините песни ни јас не ги сакам, ама знам дека има глас и може страшно добро да отпее. Исто и Лара Иванова. Машки не знам, Лозано можеби, ама ако си најде друг песна да му направи, оти вака сите му се исти (слично е со Розга, баш сите песни и' се слични оти Хуљиќ и' ги прават, точно одма се приметува песна од друг направена). Некст Тајм ако станат рокери пак може, глас има тој што пее, убави на око се, само да не пејат Ја излези Ѓурѓо и слично.
Украина и Албанија кога пееле националистички песни на Евровизија? Дуа Липа на Евровизија не настапувала, на свои настапи ако сака и кокошарник нека стави, нејзин проблем. Исто и Бресква, зборуваме за Евровизија песни, а на свои настапи можат што сакаат. Израел ќе добијат дисквалификација уште малце оти не им прифаќаат песни баш ради националистички момент. Инаку "Стефанија" на Украина (ако на таа алудираш) беше одбрана пред почетокот на војната, а и дечкото буквално за мајка му ја има напишано.
Мене ми е јасно какви се. Со кого живеам овие години. И патем секогаш го користам терминот балканско, оти тој е тој менталитет, од Хрватска надолу. Само Босанците и Србите се поголеми националисти од нас. Друго, како една мајка да не раѓала
Искрена да бидам, мене Андреа најпозитивно ме има изненадено. Оти на пробите навистина имаше грешки и не звучеше добро ама на настапот беше одлична и испеа без грешка, е толку се трудеше и постигна. Тоа со Били Ајлиш не е оригинално Били Ајлиш туку со AI направено. Такво инфо барем видов.