Може, ама имаа корекции, едно место понапред заврши него првичните резултати. Секако е неоспорно дека беше 1ва од жири, со 10 гласа повеќе од Холандија, што е и победник.
Би го додала и Мики Секуловски. Може и Влатко Лозаноски. Ама да му ја погодат песната. Вчера ги слушав песните на Литванија и на Молдавија. Просечни песни. Не се нешто уау.
ЛОООООООООЛ местено било прочитав бе Србија ќе се откажувала од Евровизија Која била Сајси МС Беовизија е најгледан настан во Србија, а не само во Србија, општо на Балканот. Вчера само на стрим имаше 50к гледачи, така што од откажување никад па ни тад. Инаку не знам зошто го маваат апла балканското и мислат дека некој намерно ја саботира Бресква. Девојчето не се оценува само дали пее за орли, туку како пее. Ја имам таа привилегија во животот да сум другарка со музичари, пеачи, хористи, луѓе што свират на еден куп инструменти, буквално сите го кажаа истото, дека девојката пее потпросечно, цело време е во фалш, не погодува ноти, дури на моменти и напорно е за слушање. Кога се пее етно треба да е милозвучно, ете ако ви се слуша етно слушнете ја Зорја на финалето од ЗГ како звучеше или Сања Вучич коа пее како тоа треба да изгледа. Па и до постара генерација Снежана Ѓуришич, Ана Бекута, сите тие кога пеат етно тоа е пријатно за слушање. Она вчера не беше. Многу ми се пресмешни овие што викаат дека Евровизија не е тоа што било порано. Точно, сега е поголема. Тоа што кај нас сме лоповска држава што никако не сака да си вложи во себепромоција е едно, а тоа дека Евровизија секоја година руши гледаност е друго.
Секако дека не е како порано, еволуираше музиката, шоубизнисот, ништо не е како пред 20-30 години. И не треба да биде. Денеска е потребен цел пакет, приказна, шоу. Приказните дека Евросонг е мртов доаѓаат од мртви пувала, фаци кои знаат дека ништо не би направиле на таа сцена, неинспиративни ликови на кои времето им поминало. Поминат е периодот кога само излегуваш пред микрофон и пееш, не само на Евросонг, секаде. Евросонг руши рекорди во гледаност, секоја година и во мкд некои несреќи пробуваат да наметнат мислење дека никој тој циркуз не го гледа, а напротив, во трендинг финалето е во топ 5.
Не. Заврши како 8, со корекцијата заврши 7 (вкупно), односно заврши 2, со корекцијата 1 (жири). Жири: Пред корекцијата: 1. Шведска – 239 2. Македонија – 237 3. Холандија – 231 По корекцијата: 1. Македонија – 247 2. Шведска – 241 3. Холандија – 237 Вкупно: Пред корекцијата: 7. Азербејџан – 302 8. Македонија – 295 По корекцијата 7. Македонија – 305 8. Азербејџан – 302
Ми се гади Типично однесување на sore losers балканци кога нема да им биде по ќејф. Не е реално колку се опседнати со ЛГБТ што секаде мора тоа да го умешаат и колку само ги проектираат нивните несигурности. Бај да веј на Филари фустанот сто пати поубаво му стои отколку на Бресквица. I said what I said.
Офф тек да видиш вечерта кога настапуваше шо се' имаше за него. Стварно алал да му е за храброста и силата, ја би се распаднал од таков колективен хејт.
Обично гледам максимално да се заштитам од ваков простотилук, ама не можам да не реагирам на ова. Третиот твит е посебна бљувотина за 'купеното бебе'. Немаат капацитет, не знаат кај да удрат, па на бебе. Нема филтер оваа проста раја, проклета.
Поддржувачите на Бресквата блујат отров по бебето на Марија, само ради тоа што пишала дека Теја заслужено оди понатаму.
Подобро прашање е: кога не пееле Во најголем дел од песните е барано да бидат инспирирани од земјата за која изведувачот ја прави. Затоа многу држави вклучуваат сопствени мелоси, текстови или настапи. Така да, некој што имаше коментирано дека Евровизија не било за тоа, не е така. Не е задолжително ама е посакувано. Тоше сам си ја избра песната. Таа година не се бираше изведувач туку песна. Андреа немаше никакви вокални способности. Слушнете ги настапите во живо каде одеше со евровизискиот тим за да ја промовира песната - болат уши. Тоа се одрази и на резултатот и воопшто не ни влезе во финале.
Албанија 2023 Албанија 2022 Албанија 2021 Албанија 2019 - патриотска, за дијаспората кога се враќа дома. Албанија 2018 Сите до една се љубовни, освен 2019. И пак нема ништо националистичко во неа. Украина 2023 може да се протолкува патриотски, но и не мора, нема ништо експлицитно. Украина 2022 - песната е одбрана пред да почне војната, но најбуквално на свет дечкото од Калуш за мајка му Стефанија ја има напишано. Украина 2021 - песнава не е my cup of tea, не ја разбирам, ако има некоја националистичка метафора кажи ми. Украина 2018 Украина 2017 По 5те последни учества, националистички текст не најдов. Да не буниме етно, нешто што ја претставува културата, со црни птици кои рушат гнезда орлови, и слични референци. Баш затоа на Израел не им ги прифатија понудените песни/текстови, не е исто етно и националистичко. Национализам, лгбт-фобија и слично се забранети, што е токму причина што воопшто ми се свиѓа Евровизија, и ми е убаво кога си пеат на свој јазик. . . . Неврзано, годинешнава претставничка на Албанија, Беса Кохедима, е страшно добар вокал, не знам што е со песнава мозок што пара. Ќе и' правеле ревамп... Едит: знам за Тоше. Песните општо за Евровизија не му беа добри.
Боже очи ме заболеа и благ удар имав. Ама ова ни психијатар не лечи, едино поп Овој вид србенди не ни знаат друго, така што, нека си се вратат полека од дупката од каде што излегле.
Исто како што некој од страна не би забележал ништо националистичко во песнава на Бресквица (прв пат го пишувам, колку смешно ми звучи ), така и некој што детално не ги познава работите на политички и економски план не може да препознае национализам.
Зошто мислиш дека не ги познавам на Украина и Албанија на политички план? И сегашнава победничка, Теа, има референци за својата земја, па нема ништо националистичко. Ако ја знаеш нашата "македонскиот народ е како коров...", исто е и со "рамонда србика". Можеш да бидеш патриот без референци за орли, гаврани и слично.
Самата се навреди и понижи со нејзините постапки. Да, има доста прегледи бидејќи песната е снимена за серијата ,,Јужни ветар" и поставена на нивниот официјален Јутјуб канал.
Може лошо се изразив, ама мислев на тоа дека не си блиску до нив за да им ги препознаеш. Те прочитав и претходно дека „патриот без референци за орли, гаврани и слично“ и не се согласувам. Се прашувам каде најде толку национализам во ова? Можеби има симболика или само можеби си преблиску до проблемот и затоа го препознаваш како нешто проблематично, а реално да не е. Секако сеедно ми е, одамна евровизија не е место за натпревар на талент туку поле за политички пресметки. Да не беше така, Русија ќе беше дел од истиот или евентуално Израел немаше да биде веќе кога се пика политика и во уметност и во политика
Зошто уште зборуваме за Андреа? Девојчето сигурно не може да престане да ика Андреа беше супер кандидат и за малку не влезе во финале. Треба да се гордееме со нашите млади артисти и да им даваме поддршка, а не вака, кого и да пратиме да го плукаме. Аман веќе, досадувате со непотребнава омраза.