Нина ме има ставено на игнор но јас сепак ќе прашам, од каде статистикава? Еве друг факт: На Јутјуб Netta - Toy е најдислајкувана Евровизиска песна на сите времиња. Истовремено е и победничка песна и песна која ја донесе Евровизија во Израел. А истовремено е и најлајкнувана песна во историјата на Евровизија
Абе ќе пукнете за успехот што го постигна Тамара, ама бек ин тајм сите вриштевте пред телевизори и се гордеевте тој неповторлив мај
Турците имаа добри песни. Криво ми е што не учествуваат. Додека е Ердоган на власт, не се враќаат на Евровизија. И Босна и Херцеговина нема да ги гледаме. Ептен заглавиле финансиски. Имаме квалитетни пејачи, ама треба да им се погоди песната. А за тоа требаат пари.
Мислам дека секој со барем малку логика ќе сфати дека Тамара има толку дислајкови пошто се дигна галама околу песнава и ги навлече луѓенцава што коментираат "Macedonia is Bulgaria" и "No Macedonia, only Skopje" под секое видео каде што се само спомнува Македонија. Баш тогаш кога лудувавме со името. И така.
Јас не се сеќавам што правев Само знам дека никогаш нема да им простам што ни одзедоа по еден срцев удар на сите, да се видиме на сплит - скрин само ние и Холандија, чекајќи ги поените од публиката, односно што ни го одзедоа моментот на жири победа поради глупа грешка
Јас плачев од гордост, уште пред гласање Многу ме бендиса Тамара како излезе на сцена и издоминира. Пукнете душмани
Не ми се веруваше што гледам на екранот. Петра Меде пак ќе биде водителка на Евровизија. И плус уште една водителка. Како да нема други водителки, па мора Петра да ја бираат.
Зошто наше девојче? Баш побарав нешто за татко и единствено што најдов како има на фб споделувано постови дека Македонија е грчка и дека Србија граничи со Грција.
Јас сеуште знам понекогаш да го пуштам гласањето, и исто морници и солзи како и тогаш. Ако го знам крајот, ама таа возбуда не се заборава Паа направетеме луда ако сакате
А што имаат врска ставовите на татко и' (ако и воопшто се такви), со нејзе и нејзиното потекло по таткова страна, кое нема шанси а да не биде македонско според името и презимето?!
Песнава како за мајтап. Да испратиме некој што ќе се глупира на сцена. Кога веќе не знаеме да погодиме песна.
За жал, Израел ќе учествува на Евровизија со песна "Hurricane" после изменување на текстот, истата е одобрена од ЕБУ.
Штета. Јас мислев ќе ги дисквалификуваат. Песната на Грција. Не ми се допаѓа. Што стана со Грците? Убави песни имаа.