Ниту мене. Читав некаде дека многу била пребирлива Marina Satti, не ѝ се допаѓала ниедна песна... и на крај оваа да ја избере. Ја следам од порано пејачката, има доста добри песни, ама тука потфрлила...
Одлична грчката песна На рипит ми е денес. Вака се прави етно песна за Евровизија, а не Гнезда Орлови! Прежално е што на многу балканци не и се допаѓа, странците ја обожаваат.
Се прашувам какви биле другите песни што ги одбила Марина Сати за оваа да ја избере како најдобра. No hard feelings ама споредено со други песни нејзини, оваа делува како евтин ориентален микс со примеси на регетон и ромска свадбена музика.
Јас мислам дека читаш што пишуваат Грци и само ни преведуваш. Не ја обожаваат Марина многу они. Инаку ако си ја слушал знаеш дека општо песните на Марина се вакви, експериментални, in your face се, не можеш да не ги забележиш. Не се „безбедни“ песни, ама мислам дека финалето и е загарантирано со оваа песна.
Искочија песните на Шведска и Португалија. Од Шведска ми е досадна, веќе видена, буквално истата поп песна што сто пати ја имаат пратено. Супер се дечките, ама ништо посебно. Португалија од друга страна влегува во најтесниот круг на фаворити кај мене, предобро, преубава девојка со преубава песна и прекрасен вокал
Констракта имаше шанса да покаже нова визија...ама сепак на старо, веќе видено се наслони. Се надевам во иднина ќе биде подобра.
Ден после објавувањето на последната песна, ова е мојот ТОП 10: 1. Норвешка 2. Италија 3. Украина 4. Израел 5. Португалија 6. Литванија 7. Франција 8. Луксембург 9. Хрватска 10. Шведска Исто така доста ми се допаѓаат: 11. Азербејџан 12. Србија 13. Австрија 14. Велика Британија И после овие идат песни кои ми се просечни или кои не ми се допаѓаат + претставниците кои се само чиста забава и се посебна категорија за себе. Во овој момент само Норвешка ја гледам како победник, според мое лично гледиште. Не би биле лоши и Италија и Украина ама не сакам да победат бидејќи неодамна победија. Би бил среќен и со израелска победа, и песната ми се допаѓа многу (секој нејзин дел <3), а и поради скандалозни причини. Хрватска навистина не верувам дека ќе победи. Heja Norge! Норвешка ме потсеќа на моето искуство со Италија 2021. Кога ја слушнав Цити е буони одма ја засакав и пред фестивалот ми беше на второ место. Мојот прв коментар за песната беше дека се надевам дека имаат шанси за победа. Во тој момент не мислев дека ќе победи, воопшто не ми делуваше дека ќе има wide appeal и луѓето не би поврзале таква песна со Евровизија. Па така и за Улвехам очекувам добар резултат ама се досега, дури да излезат сите песни не ја сметав за победник, од скоро истите причини како Цити е буони. Ама сега откако ги слушнав сите песни се надевам дека Готе ќе блеснат на ист начин како Монескин пред две години и ќе не изненадат со победа. Време е повторно за норвешка Евровизија. И Грција можам да ја видам како црн коњ за победа, иако имам потешкотија да ја засакам таа песна. Може да блесне со енергија на настапот во живо, оригиналноста и автентичноста се тука, а и сценскиот настап ќе го прави еден многу креативен и иновативен човек со веќе предобри (и успешни) евровизиски настапи зад себе. Fun fact: композиторот на луксембуршката и италијанската песна е истиот кој беше композитор на Soldi од Mahmood.
Откако конечно ги слушнав сите песни за овогодинешната Евровизија, после едно слушање мојот ранкинг е следен: Хрватска; Србија; Грција; Израел; Холандија; Австрија; Луксембург; Италија.
Леле како Израел 4? Годинава ја бојкотираме! Инаку, настрана политиката, песната на Израел не чини...
Јас не ни ја слушнав песната од Израел. Тотален бојкот од мене годинава, исто и на шоуто ќе си искочам или пак ќе исклучам на 3 минути. Инаку сега после излегувањето на сите песни, моите поени одат вака: 12 - Словенија 10 - Србија 8 - Норвешка 7 - Хрватска 6 - Португалија 5 - Шпанија 4 - Ерменија 3 - Грузија 2 - Швајцарија 1 - Белгија Шведска, Украина и Италија ми се преценети до бол.
Јас би направил мала измена, би ги заменил местата на Израел и Литванија: 1. Норвешка 2. Италија 3. Украина 4. Литванија 5. Португалија 6. Израел 7. Франција 8. Луксембург 9. Хрватска 10. Шведска Вака е ОК. Следен ранкинг после настапите во живо. Последно место годинава: дефинитивно сатанистичкиот ритуал од Ирска. Е јас размислувам тој настап да го бојкотирам во мај.
Ми се чини дека имаш политички намери зад 4. место because no way дека некому му се допаѓа песната толку. Преглупа е.
Мене ми се допаѓа и немам никакви политички намери. Дури се надевав до пред месец дена дека Израел нема да учествува ама кога веќе им дозволија сигурно нема да ги игнорирам зашто со тоа посекако нема ништо да сменам. Ми има убава и емотивна мелодија, добар флоу и продукција, преубав ми е тој вокалниот дел на крајот на песната и ме става во некоја носталгична, сентиментална и меланхолична состојба. Дури ме потсети на нивната песна од 2005 (Хашекет шенишар) со атмосферата и емоцијата што ја создава. Штета што не победи Башар Мурад во Исланд па да имавме и еден палестински претставник и да си ги измерат силите во Малме.
нее, скрос не. Ако ми ги памти некој фаворитите и од претходни години ќе сфати дека си сакам такви тралалајки