https://www.rts.rs/magazin/muzika/5332251/pesma-za-evroviziju-2024-28-pesama.html Списокот ср учесниците на српскиот избор. Бресквица, Теја Дора, Констракта повторно. Лена Ковачевиќ со песна на нашите Дарко Димитров и Роберт Билбилов (баш да видиме дали овој пат направиле нешто оригинално). Филип Балош и Филари од лани. Бојана и Давид од Пинкове звездице во дует. И многу други! Check it out yourselves. Меѓудругото, во последниот параграф пишува дека финалето на ПЗЕ ќе се емитува и на официјалниот канал на Евровизија. Ако точно сфатив мислам дека за брзо ни се спрема српска победа. Се започна со хајпот за Констракта во 2022, почнаа да им се пријавуваат познати имиња и многу е веројатно дека Косово ќе дебитира до крајот на деценијава. Така што ќе им дадат од ЕБУ една победа пред дебито на Косово. И Оливера Ковачевиќ пред една и пол година рече дека им требала некаква победа на овие народи овде, не само на Србија. И дека со една српска победа ќе се радувале и сите соседи... I'm here for it.
Исто како што им подарија победа во 2007. Читав дека Финска сака да се повлече ако Израел не го исфрлат од Евровизија.
Уште една интересна работа: има песна авторско дело на Цоби во листата. This will be fun. @SummerGirl Да, и јас видов сабајле. Очекувам Израел да се повлечи, а така и треба да направат.
Е па ако Русите се повлекоа, односно ги дисквалификуваа, тогаш треба истото да го направат и со Израел. Белорусија има право на учество во 2025.
Леле кога видов дека го одбрале многу се изненадив, искрено не очекував и се надевам дека конечно ќе имаат океј пласман. Очекувам а bop од него. Мене ми се бендисува Joost Klein претставникот на Холандија, многу чудно човече со нетипични песни. Има доста интернационални фанови зошто оваа песна му отиде вирално и очекувам дека ќе го гласаат: Како излегуваат новите артисти очекувам дека годинава ќе е јака во однос на конкуренција. Криво ми е дека нема да учествуваме ама реално немаме што да понудиме освен алтернативните бендови, кои за жал мислам дека не се нафаќаат да настапуваат а баш солидно може да поминат.
Маја Николиќ ја нема на списокот. Изгледа е кенслд од РТС бидејќи јадеше трици за нив и за изборот изминативе неколку години. Баш после ќе видам дали има нешто кажано на Инстаграм.
Се сеќавам каков скандал направи во 2018 кога победија Сања Илиќ и Балканика. Тоа беше циркуз. Можно е пак да ја одберат Констракта. Им донесе успех. А имаше такви кои ја критикуваа. Освен Финска, можно е да се повлечат и Исланд и Норвешка. Ќе биде весело. Имам претчувство дека Луксембург ќе биде исто како Шведска и Италија. Миленик на жирито.
^ Па овие, нордиските, + балтичките држави беа иницијатори и за дисквалификувањето на Русија пред две години... Мило ми е што не се хипокритични. Исланд за малце ќе се откажеше и во 2019 година кога Израел беше домаќин ама на крајот едноставно пратија бенд кој отворено таму ја поддржуваше Палестина. А интересно е и тоа што некои од учесниците на нивниот избор таа година претходно имаа потпишано петиција за Исланд да се откаже од Еворвизија 2019 или настанот да не се одржи во Израел... Така што, it was bound for them да пратат про-палестински изведувач таа година. xD За Луксембург истото си го помислив, само заборави да ја споменеш и Австралија како еден од милениците на жирито.
Памтам кога таа година кажаа дека Исланд е во финалето и вокалистот на групата мафташе со Палестинското знаме. Да. Ја заборавив Австралија. Само еднаш не влегоа во финале. Ако се откажат тие 3 држави, ќе има вкупно 34. Што е најмал број откако има полуфинале, односно од 2004. Романија најверојатно нема да учествува.
Кога видов помислив арно. Во 2024та бар нема да се посрамотат како со онаа годинава. Кешки со него ќе имаат подобар пласман.
Излегоа хрватските песни. Ова е фаворитот за победа, а воедно и мој фаворит. За малце немаше да учествува бидејќи првобитно не беше избрана од комисијата... Се откажа Жа Жа, а Бејби Лазања го зазеде нејзиното место. Показател дека е можно и други подобри и појаки песни од тие што се избрани да се изгубени заради чудниот вкус или начин на избор на жирито...
Од норвешкиот избор: Би било преубаво да се види една неисточна држава да прати фолк, иако од Норвешка тоа не би било чудно и ново, но сепак немаат пратено песна со толку изразен фолк карактер. Моментално се трети на кладилниците за Melodi Grand Prix, па стискам палци. Плус на норвешки е.
Словенија. Разочарување. Но, има потенцијал да дојде до израз со настапот во живо. Just for fun, вака ги рангирам досега излезените песни (базирано врз впечатокот од првото слушање на секоја од нив): 1. Франција (моќна, има убава градација, има емоција и специфичен вокал) 2. Словенија (поради оригиналноста, посебен визуелен израз, а ќе видиме во иднина како ќе ми легне песнава. Можно е да почне повеќе да ми се допаѓа) 3. Албанија (истото како и секогаш од нив. Балада од одличен женски вокал. Ми прирасна песнава по две-три слушања и ја засакав ама скроз неоригинално и веќе видено, од Албанија посебно. Песната која победи на нивниот фестивал, Cmendur, е многу поинтересна и поуникатна, а исто така и дечкото што ја пее (како појава и како вокал) 4. Чешка (аматерски и невредно за внимание. Некој си просечен поп-рок, поп-панк од 2000-те, што значи 'застарено' е уште еден прикладен епитет за песнава)
Растурија Норвежаните во полуфиналето вечерва. Посебно Норвежанката. И се искачија на второто место на кладилниците со 30% шанса за победа. :О Први се нивните претставници од 2019 со овој пат многу глупа песна со 36%. Please win!
Словенија!! Многу ја сакам Raiven. Уште еднаш со нешто експериментално, модерно, уметничко. Дефинитивно со секое слушање се подобра ми станува. Многу се непредвидливи ваквиве песни, во однос на тоа дали ќе постигнат успех на Евровизија или не, ама мислам дека финале и е загарантирано, барем треба да биде. Also, на слушалки песнава подруго се доживува!
Досегашните излезени песни би ги рангирал вака: 1. Словенија. 4.5/5 Raiven има добар пристап кон визуелноста. Настапот очекувам да биде одличен и да надомести за малите недостатоци што песната ги има. 2. Франција. 4/5 Искучиво ради гласот. Песната ми е досадна. 3. Чешка. 4/5 за песната. 2/5 за настапот. 4. Албанија. 2.5/5 Едноставно досадна.
Инаку, песната од Словенија (Raiven - Veronika) е базирана на Вероника Десенишка. Постоел судски процес против Вероника обвинувајќи ја за вештерство, од судот била ослободена. И покрај одлуката на судот, таа била затворена во замокот Ојстрица кај Табор и убиена (наводно по наредба на Херман II) со давење во 1425 година.