Втора проба, второ полуфинале. Искрено, мене годинава ми е многу јака, и не можам да издвојам еден личен победник. Меѓутоа, 70% од сценскиве настапи не ми се по ќеиф некако. Најверојатно заради камера аглите, многу значи дали е крупен кадар или не. Според ова што ни го покажаа, Србија и Словенија разочарувачки сценски настап. Очекував топ 10 резултат во финале, а сега прашањето е дали воопшто ќе влезат во финалето, додека многу други послаби песни блеснаа со сценскиот настап.
Најубави пејачки оваа година на Евровизија (листата е според нивниот редослед на настап): 1. Теја Дора | Србија 2. Хера Бјорк | Исланд 3. Јоланда | Португалија (#1) 4. Беса | Албанија 5. Марина Сати | Грција 6. Пејачката од Мегара | Сан Марино 7. Гунхилд од Готе | Норвешка
Убедливи фаворити годинава ми се Хрватска и Холандија, а тука негде се и Србија и Грција, па и Кипар.
Јас ги видов сите според мене ми се овие топ 10 : 1.Louxemburg - fighter 2. Croatia- Rim dim tag dim 3.Poland - Tower 4.Czechia- aiko - pedestal 5.Italy- La noia 6.Latvia - Hallow 7. Greece-zari 8.Albania-besa 9.Serbia-ramonda 10.Germany- Always on the run
Овие ми се лични фаворити: 1. Франција 2. Израел (на страна политика, убава ми е песнава) 3. Белгија 4. Летонија
Аха, мало морген тоа дека поубава била Јуникорн, обична тралалајка. А пејачката да, таа од лани послатка беше. Али ај, за вкусови не се дискутира. Не ги сакам ич Израелчиштава, но годинава одлична им е песната.
После кратките видеа од пробите ова е мојата нова топ 15 листа. Најверојатно и ќе се смени листата после гледање на целите настапи! Најголем раст: Италија и Англија Најголем пад: Србија и Грција
24. Настапот е феноменален, меѓу најдобрите годинава. Ама со песната ич не можам да се поврзам, а пробав многу пати
Бан стејкалме. На Литванија и на Англија поени им дал, божемепоможи А инаку годинава се надевам дека Ирска и Грузија ќе влезат во финале затоа што скроз е заслужено.
Некако како што не учествуваме ние втора година по ред не ми се ни гледа. Се надевам в година ќе се вратиме, секако Хрватска победува , имаме пари за до Загреб
Мери Попова, мачко ако читаш, паузирај и следна година, во Хрватска ќе биде, сигг како екипа имате шетано таму, штедете по трет пат. Па после три години еден камбек со макфестовска песничка на Ламбе и Ребис танчерки во позадина, да ја ,,воодушевиме" Европа. Јас ептен сакам Хрватите да победат, ем прва победа, ем ми се така симпа како народ, а и сакам да видам како блиска земја би организирала таков натпревар, од сцена, до водители, публика. Не се сеќавам на организацијата на Србија, пошто бев младо пиле.А и досадни се веќе победници од Шведска, Холандија, Италија, Франција, кремот во Европа. Сакам да гледам Евросонг во Чешка, Литванија, Словенија, Бугарија...
Хрватска беше домаќин на Евровизија во 1991, ама како дел од бивша Југославија. Имаат и една победа во 1989. Се надевам дека Хрватска ќе победи. Ама тешка работа. Песната на Израел не ми се допаѓа. Читав на евровизиски сајтови дека претставничката не се појавила на тиркизниот тепих и излегувала од собата само за пробите. Добивала закани. Кипар има исто така лоша песна. Австрија има убава диско песна. Албанија, Исланд, Португалија