Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2024

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 8 јули 2023.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.066
    Пол:
    Женски
    Ми текна на Беби Дол. Она пееше во 1991. :lol: Може пак ќе биде Загреб. Пак е Хрватска на прво место на кладилниците. Не знам што гледаат убаво во песната на Швајцарија. И настапот е ужас. Оној од Холандија како кловн. Белгија падна подоле од 10то место. Ирска шеста. WTF? :wasntme: Ако не влезе Србија во финале, тешко на пејачката. И така негодуваа за неа. Грузија треба да влезе во финале. Од 2017 немаат успех. Исто и Летонија.
     
    На KateKane и Ahoy им се допаѓа ова.
  2. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.988
    Пол:
    Машки
    На социјалните мрежи настапот на Ирска гори!

    GM7Kk9eXMAE7qVN.jpg Screenshot_1.jpg 010524_Sarah-Louise-Bennett_EBU_18435.jpg

    Од можност воопшто да не влезе во финале, до потенцијален топ 5 резултат. Вака се прави настап.
    Излезено е видео од целиот настап, одлучив да не го гледам, да оставам за утре. :D

    [​IMG]

    А ова се резултатите од анкетата на новинарите присутни на вечерашната проба.
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Машки
    Втора најслушана песна.
    Прва најслушана песна.
    ;(
     
  4. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.012
    Пол:
    Женски
    Јас си се споилнав, видов на бимот што ќе има. На тик ток ми излезе.

    Прејака е пустата, прехаризматична, на сите под кожа им се пикна. И јас и посакувам да си напраи одличен пласман. Илјада пати похаризматична е од некои што со сила ги туркаат.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.066
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа какви песни победуваат, не би ме чудело да победи една од овие две држави. Тој од Швајцарија како изгубен во просторот. :?:

    Спремај утре грицки и пиво. :beer:
     
  6. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Машки
    Денес, четврток и сабота!
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.988
    Пол:
    Машки
    Првите 20 секунди ги гледав на ликнатото видео и исклучив, ама, прејак настап. Тие се прејаки :rofl: (немаме израз за they/them на македонски)

    За Словенија и Србија ми е криво, многу сакам да влезат у финале!

    Украина ја напнаа, ептен ја форсираат а ич не ми е ништо специјално песната, а текстот ме иритира. Настапот топ.
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    12.970
    Пол:
    Женски
    Како бе песната на Хрватска убава ви е и победничка била? Не е можно ова. :drunk:
    Или дека Хрватска балканска бивша екс ју земја па навивате затоа?
     
    На SummerGirl и nextredstyle им се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.012
    Пол:
    Женски
    Нема нешто што не ми се свиѓа во Хрватската. Прво е песна од максимален аутсајдер, дечкото ни за Дора го немаа викнато, се откажа некој друг па тој влезе како прва замена, за на крај да победи со лендслајд од којзнае колку поени.
    Второ песната е заразна, певлива, влегува во уво, добар ритам, дечкото е харизматичен, си вложиле во костуми, во миленца ( :D ), во настап, се е скоцкано како што треба.
    Трето, песната иако делува како тралалајка има мрачна позадина, и обработува одлична тематика, а тоа е одливот на млади луѓе од овие простори во белиот свет. Еден куп луѓе се исселуваат, досега никој за тоа не пеел на Евровизија. Може делува детски делот со тоа дека само мачката ќе му фали, ама тоа е реалноста на секој трет млад човек кој го имал проклетството да се роди овдека.
    Четврто, премил е, буквално на секое интервју е културен, одмерен, одличен амбасадор за Хрватска.

    И мене фаворити ми се Словенија, Норвешка и Србија, ама он ако победи ќе се прерадувам буквално. Обавезно ќе му пуштам гласови.
     
    На Waverly Raven, sweet-cherry, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.988
    Пол:
    Машки
    Гласањето онлајн е започнато, годинава може да се гласа онлајн 24 часа пред полуфиналето.

    https://www.esc.vote/

    IMG_20240507_010418.jpg
    :inlove:
     
    Последна измена: 7 мај 2024
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.066
    Пол:
    Женски
    Се е до вкусот. На почетокот не ми беше нај - нај, ама после ми влезе во уво. Заразна е. Не верувам во победа. Народот сака кловнови, кокошки, плачки... :D
     
    На KateKane и Mrs. right им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.154
    Допаѓања:
    124.982
    Пол:
    Женски
    Мене ми е само забавно певлива иако намерата не му е да звучи така.
    Еве што сум пишала и уште го мислам.
    Ги преслушав сите повеќе пати.
    Он може да се протне во финале, ама не да победи. Повеќето се појаки од него.
     
    На SummerGirl и Mrs. right им се допаѓа ова.
  13. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Хајпот за Хрватска е единствено поради тоа што ХРТ решија да фрлат пари на кладилниците. И толку треба за да станеш фан фаворит. Исто како Малта 2021, кога со таква с*ање од песна победија на ОГАЕ гласањето. Хрватска би била underwhelming победник и најлошиот од 2017 плус мислев дека за успех на Евровизија треба добар вокал, не?

    Да ја пратеа истата песна пред 3-5 години немаше ни приближно да го добијат овој хајп. Песната е добра ама е overhyped и оној настап не ми е достоен за евровизиски победник.

    Иначе разгледниците ми се супер. Толку едноставни и изгледаат како разгледници за национален избор а не за самата Евровизија. Навраќањето на некои претходни претставници на земјата која разгледницата ја најавува многу ми се допаѓа.

    Како и да е, нема да гледам ниту едно шоу во живо, ќе се вклучам само за резултатите во финалето. :)
     
    На Mrs. right и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Само што ја слушнав песнава и ја видов сценската кореографија во живо се чудам како може некој да се воодушевува на ваков сатанизам и да го нарекува ова музичко дело и уметност ова е ужас што немам други зборови како да го опишам се соблазнав од тоа што го видов
     
    На christinnn и Ace Cetvrti им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.066
    Пол:
    Женски
    Песната на Малта беше ужас. На Хрватска е подобра. Ама не е за победа. Некој погоре пишал дека е мешавина од песната на Монескин и Карија. Песната на Италија е многу подобра. И пејачот убаво испеа. Бејби Лазања многу вика. Ќе заврши како Финска. Евентуално трето место. Жири не дава многу поени за таква песна. Франција има одличен изведувач. Мислам дека ќе собере многу поени од жири. Песната на Италија е убава. Се надевам дека Украина нема да победи. Ирска има ок настап, ама не можам да ја гледам. Уплав имам. :D Финска има интересна песна. Се надевам дека нема да се појави на сцена со гол газ. :lol:

    Финалисти:
    Хрватска, Украина, Литванија, Финска, Луксембург, Ирска, Азербејџан, Молдавија, Австралија и Португалија. За последните 3 не сум баш сигурна. На нивно место Полска, Словенија, Србија. Секоја година правам утки со 1-3 држави. Маж ми ми вика Како знаеш кој ќе влезе во финале? :rofl:
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Iva:)

    Iva:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    463
    Пол:
    Женски
    Доста лош избор на песни, не ми се допадна ништо посебно. Овие фаворитиве кој од кој почуден, битно настапот да е скандалозен а песните ужас. Да отидеше Зорја ќе имаше топ 3 пласман, толку би развалила во оваа конкуренција. Србија и Словенија лошо, да беа од Грузија или Ерменија и вас ќе ви беа безвезе а вака дека се наши ги потенцирате како добри. Србите особено а и ние додека учествувавме патиме од комплекс да докажеме нешто таму, е не можеш ти на развиени музички пазари да им продаваш поп музика и да мислиш дека ќе паднат во транс од "квалитетот", демек нешто невидено (се виде тоа лани како помина тој Лука). Ова особено важи за преставничката на Србија што и тука во коментари и во Србија ја протуривте од потенцирање со занес дека била уметност или некој квалитет, а такви како нејзе просечни има милион особено ако се земе во предвид каква просечна пејачка е и каква млитава песна има. Што се однесува до нас се надевам дека нема да учествуваме и за џабе да трошиме пари, едноставно немаме нешто автентично барем во овој момент не ми текнува, во минатото сме имале пр. Мизар и Синтезис. Мене лани само Италија ми се допадна, другото ништо а оваа година уште ништо не ми фатило око.
     
    На Cutiepie1 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.012
    Пол:
    Женски
    А шо гледате ко е сатанизам? :wasntme:
     
  18. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Само српската и холандската ги слушнав :D

    Не ми е ништо посебно српската, девојката има глас, али ништо невообичаено не ми се случува со песната, бејзик тажна балада.

    Холандската баш звучи евровизиски али дека би ја пуштила самоиницијативно, не.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.841

    Па ај да сменам канал коа ќе дое Ирска?

    И мене не ми е јасно... Уствари, јасно ми е зошто ја засакаа Ирска. Светот иде у минус и сѐ е поврзано со ѓаволи, рогови, темнина, мрачност, вештерки, три шестки, чад, дерење, крв, долги нокти, црни заби, вампири, врагови... Тоа е ИН. Да победи-нема, ама да освои повисок пласман-ќе освои. Народот ќе гласа за неа, жирито не.

    Јас тврдам дека Италија ќе победи.
     
    На christinnn и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Не дека гледам редовно последниве 10 години 3 пати ако имам фул од почеток до крај изгледано цела манифестација туку настапот го видов на Тик Ток незнам како може вакви бизарности на некого да му се океј памтам како дете со нетрпение чекав да гледам Евровизија дури сеуште беше респектабилен фестивал се до 2006та кога победија Лорди таа година беше иницијална каписла како Евровизија влезе во ново руво и почна да се промовира агресивно сатанизам, трансџендери и остали бизарности штета, баш штета што упропастија еден така елитен фестивал.
     
    Последна измена: 7 мај 2024
    На christinnn, Mrs. right и SummerGirl им се допаѓа ова.