Е сега да не претеруваме,ко Манескин не може,гром беа стварно,но НО и Baby Lasagna e добар!Оригинален на свој начин! Он и Кипар досега нај,според мене...
Жити мене, не напињај. Значи исклучи Евровизија и гледај си што ти одговара, не гледај буљаши и сатанисти ако не ти се свиѓа, пошто Евровизија е баш тоа и секогаш тоа ќе биде! Едит: упс, мислев дека си ме цитирала. Небитно, мислењето си стои
Лорди ? Да не претерувам, ама моќен настап имаа. Исто и Норвешка 2005та беа екстра на сцена . Сега ќе ја чекам Мегара и Кензи во второ полуфинале
Нема врска што Ирска играше со сатанизам или ѓаволизам Ајде ќе протнеме сепод уметност. Ама врска немаше песната,а фалшираше и кога се дереше, џабе сакаа да бидат екстремни во настапот,не влегуваат во финале.
Евровизија не била секогаш ваква, како последниве години. Ако за тебе ова се нормални вредности, тогаш залудно е муабет. Среќа што се навраќаат на почетоците, да се направи споредба со квалитет и да се потсетиме што било убава музика. Ги жалам генерациите на кои ова им е пример. Не напињај и ти колку е интересен изродот од Ирска. Јас, за разлика од тебе, на Евровизија очекувам квалитетни и пристојни вокали, се наоѓа по некој не е без ич. Не може ти да кажуваш кој што да гледа и што коментира Нема секој вкус како твојот, некој и на квалитет гледа.
Баш, и Лорди беа некои животињи, ама бре песниште имаа, и ден денес си ја слушам халелуја, оваа само дерење и ништо друго немаше убаво во песната.