Лепотo, у 1998 на Евровизија победи транс жена... Жити се Иначе да, тоа се моите морални вредности. Ти кажав, не се мачи, не гледај нешто што не ти е по твој стандард. А богами, не нѐ мачи и нас..
Не бе,aj ако не ќе потпишеме петиција да им ги тргнат реквизитите,да нема сценографија,да не се шминкаат..без танчери да идат хахахахааахах...нека биде евровизија за пензионери....зашто сте бе толку closeminded???
Словенија Реивен какво гласиште има значи Само нешто сценски ми фалеше да биде помрачно да одговара на приказната.
Значи, нема веќе инспирација, дното е допрено, кога годинава гол на сцена играше. Немам зборови. Ирска, па и Финска. Што е многу многу е. инаку, Словенија досадна многу, Хрватска е фаворит ама и гледам зошто. Германија мене ми беше ок, Србија, Кипар...
Женава не знам зошто не ги донесе и помошните вокали со виолините на сцена, помоќно ќе беше. Како и да е, баш ми е кечи
Ко ќе ми текне дека 2006та имаше луѓе што го правеа муабетот дека ради настапот и маските победиле Финска. Може да не му се свиѓа некому таков тип на музика, тоа е ствар на вкус, ама Хард рок алелуја е најдобрата рок евровизиска песна до ден денешен. Јас не сакам балади на пример, ама комотно можам да кажам дека Марија Шерифовиќ искина таа година кога победи (што би рекле некои Косово им го зеле, па ги наместиле на евровизија од жал, зАтОа пОбЕдИлЕ ). Мислам дека 2000-2010 тие години некако имаше песни за паметење (Сертаб, Руслана, Лорди, Дима Билан, Лена). После тоа не се ни сеќавам на песните на победниците од 2011 навака, стварно не е тоа што беше настанов.