Идам да фангрлам за песната од Словенија, да ги испотаговам @staycalm, @Ahoy, @Ketchup и остали и гледам дека ме претркале. Каква песна боже господе, перверзија, предобро, Кесјнсснсјсјњнсјјсснсн Дал се крштени овие на кои не им се свиѓа
Многу ми се допаѓа сцената на естонскиот избор. Секогаш прават убави сцени Естонците, а кога сме на муабетот и сцената на данскиот избор секогаш е спектакуларна (нивните песни - не толку :')). Момциве горе се фаворити кои се надевам дека нема да победат. -_-
Јас ништо немам слушнато, освен кратките по 10 - 15 секунди што ги објавуваат на Инстаграм . Така и планирам да остане до мај, освен за Србија и Грција, ама ќе видиме .
Се опседнав значи, си ебав мајката. Ќе се поболам ако не помине ова добро, одамна олку песна не ми влегла од прво во мозок. Можеби со Констракта вака ми беше последно. А ти @Ahoy, ахоје, да се нацрташ со нас овде сестрите судбини и да фангрлаш, ќе чекал тој до Мај. Не може. Опрај се под најитна постапка.
Па искрено, песнава ја гледам да отиде во два можни правци: 1. Да направат прејак настап ко што спотот е прејак за да може секого да вовлече и да завршат во топ 10. 2. Да не направат прејак настап и да не влезат ни у финале. Трета опција не гледам. Мене песната ми е предобра, тебе ти влегла од прва но не е песна што на прво слушање секому ќе му биде предобра, а и не секој ќе ја знае приказната зад песната. Сега со нетрпение ќе чекаме да видиме дали ќе осмислат добар сценски настап. Raiven ја следам одамна, не се сомневам дека би имала добра замисла, но сепак не значи дека ќе биде добро реализирана. Ако не помине добро многу ќе ми е криво, Raiven со нејзиниот талент, со упорност и желба за Евровизија заслужува добар пласман.
https://www.youtube.com/@RTSPesmaEvrovizije/videos Излегоа песните од српскиот избор. Само Бресквица ми е вредна за победник. Песната веројатно е за Косово и има силен српски дух. Не сум сигурен како би можела да заврши на Евровизија ама вреди да се прати. Во врска со песната на Словенија - мене проблемот со неа ми е што нема мелодија. Фокусот го ставиле на продукцијата и на звучни ефекти ама песна не слушам тука. И не ми ја доловува таа мистична атмосфера што сака да ја долови. Ама како што реков - настапот will make it or break it песнава. Има потенцијал за епски и драматичен настап, со светла, костими, кореографија, режија, вокал.
Бресквица толкав хајп креваше за песната, за на крај да испадне веќе слушнато, и мислам стејкалм подобро не можеше да ја опише. Музиката во одредени периоди ми звучеше како од синтисајзер пуштена. Инаку има убави песни, сепак настапите ќе бидат пресудни.
Изгледа Зорја ќе тепа. Се надевам ќе има убав настап. Музиката е преубава, и пратечките вокали после првиот дел ми се допаѓаат ама во глобала ми е досадна. Сепак со вокалот во живо може да ја дигне песната на повисоко ниво.
После детално преслушување на песните за Беовизија, ова е мојот топ 10: Zejna - Najbolja Zorja - Lik u ogledalu Teya Dora - Ramonda Filip Balos - Duga je noc Kat Dosa - Tajni zacin Konstrakta - Novo, Bolje Iva Lorens - Dom Marko Mandic - Dno Fillari - Ko je ta zena? Dzordzi - Luka park Искрено, сите овие ми се многу добри во студиска верзија, останува да видиме кој како ќе се покаже во живо. Идеална победа би ми била Зејна, но ич нема да сум лут да победи и било кој друг од горните. Единствено ќе ми е криво ако победи Бресквица (а има шанси, има голема фан база + игра на карта патриотизам, што пали во Србија) со таа националистичка песна извадена од 1980 година.
Бресквица 99% ќе победи, пошто србите сакаат такви песни. Во најмала рака ќе биде второпласирана. Ги преслушав и јас песните, реално се прилично слаби и се забораваат. Јас мн. ја поштувам Лена Ковачевиќ како вокал па оттаму и само нејзината песна ми се допадна.
Песната на Словенија е многу убава. Мене ретко да не ми се свиѓа нивна песна. И јазикот ептен ми се допаѓа. Прилично сум сигурен дека ќе имаат и одличен настап.
И мене песната на Словенија ме бендисува ептен, ми се свиѓа целата историја позади неа. Само не знам како ќе изгледа на евровизиската сцена, тоа малку ме плаши. Ама имам големи надежи. Од српскиве песни слушнав дел и искрено крајно досадни ми се повеќето, очекував повеќе, порано на Беовизија какви хитови имаше, сите беа квалитетни песни.
Ден после, многу ми прирасна песната на Теја Дора. Има сличен вајб/структура како Џанум. Настапите ќе бидат пресудни. Инаку, многу е можно Бресквица и да не победи, имам впечаток дека РТС не сакаат веќе да праќаат етно; сакаат да создадат друг имиџ на Евровизија во ова време. Жирито е нивна карта за местење така што... Ќе си направат како што сакаат. Мада, и телевоутингот се мести. И се влијае на јавното мислење на разни начини. Ако гледаш така, Зејна е Звезде гранда 2005. Мене лани Џипси ми беше фаворит на српскиот избор. Имаше најкомплетен пакет мислам. А песната не ми се допадна на прво, не ми остави впечаток. Лук Блек имаше помоќна песна ама крш настап и е лош изведувач. Џипси ќе се пласираше подобро.