Не ја заборавај Турција 2004та со Атина Еден од подобрите настапи од 2000та навака. И Украина 2008ма. Непрежалена ми е. Не е рок, ама издоминира таа година
Песнава требаше да победи таа година,украдена победа беше тоа...Поголем хит беше оваа,него Руслана сељанката со ШикиРикиДај....Која селска песна беше тоа машалааааааа...
Кога победија? Satellite. Еј и Грција што песни има тогаш праќано, од победничката во 2005, со се сите околу. Shake it, Alcohol is Free, OPA, Yassou Maria, Secret Combination...
My beautiful angel a work of fart Ептен лош нагласок, не е до неа ама тоа е сега. Шведска ко некоја копија на NSYNC, Финска ко пандан на uuuu you touch my tralala my dingding dooong... Ништо не ми се свиѓа мене годинава, многу слаби песниве сите до една. Бејби Лазања навистина бебац. Ако би се споиле Рамштајн и Слипкнот, он би бил тоа бебе. Со конфети и пуфкасти ракави. Мачки ли беа тоа на екранот зад сцената - ако да, многу ми беа закон. Мачки на лсд. Словенија ми е добра засега, одлична вокално само аутфитов некако што знам. Немам некој ептен фаворит годинава.
И јас имам фаворити што не победија, Лане Моје во 2004 ми се плачеше зошто не победи. Исто и Хари Мата Хари (Босна во 2006) со Лејла, трето место завршија, ама и таа година имаше јака конкуренција. Турција имаше bangers повеќе години жал ми е што веќе не настапуваат, 2010 криво ми беше што беа втори, иако Германија однапред беше главен фаворит. И така, тоа се песни што се памтат, а не ни победиле. Од изминативе 5-6 години жими Манескин што ги паметам да исхајпаат публика.
Не дозволија две години по ред Турција да тепа . Кога сме кај добри настапи, да не ја заборавиме и Калиопи наша 2012та зборам. 2016та лоша песна избра, за жал. Обожавам песни на мајчин јазик. Иако не се разбира текстот, подобро е така. А сега сите на англиски пеат. Молдавија ми имаат супер песни секоја година. 2009ма чинам беше со Хора дин Молдова. Понекогаш си ја пуштам и неа