Кажете ми имаме ли ние некоја вештерка шо може да ја пратиме или некој Бејби Лазања 2.0? Ич на никој не ми текнува
Ај набрзински да пишам, после ќе пишам цело ривју и ќе ве прочитам. 1. Словенија 2. Хрватска 3. Ирска 4. Србија 5. Португалија Мојот топ 5 за вечерва. За другите не ми е гајле кој ќе влезе кој не.
Не дека сум за слаткар да го пратиме, ама со Андреа, шо не беше позната меѓу музичарите, џам свиткавме.
Мене Young Dadi ми е кул типче за Евросонг. Аман од бејзик Ламбиња, Лозановци, Некстајм и остала нехаризматична макфест багра која пее по комитски компиријади.
Па сеа, според мене, Андреа требаше да влезе во финале. Не гледам некој потенцијален голем успех, ама финале заслужуваше и жирито се согласи со мојот став.
Не е за конзервативците работата, бар мене лично настапот беше ок, креативен, ама за жал песната ме разочара. Кога го видов почетокот баш си реков ќе падне добра рок, метал нешто песничка...ама ништо квалитетно не чув. Ете ти дадовме пример Лорди на времето, и тоа беше контроверзен настап за тие години, ама дечките има топ песна, ма песниште, и победија.
Па реално, песната никому не му беше топ 10 материјал пред настапот. (Ок сигурно на некој му била, ама ретко). После пробите, Ирска се проби меѓу фаворитите во евровизиската заедница и скокна којзнае колку места во обложувалниците. Настапот е извонреден. И да, секако дека има врска, конзервативците не сакаат вакви вештерски работи, туку некои песничиња и настапи ко Исланд или не знам, Израел у второ полуфинале.
Ќе направи камбек. И место за Битола, ќе пее за Европа. На боди, ќе трча низ сцена. Преубаво.Мери Попова, читај го ова, само како идеја.
Конзервативност или не Ирска Финска па и Словенија ми беа ту мач со настапите. Фаворит ми е Хрватска нормално ми има Дамиано Вајб
Мене ми е жал што не се потрудиле околу вокалната изведба, колку што се потрудиле за сценската. Словенија ја пропуштив, да најдам настапот да го прегледам. Иначе, од Германија и мене онаа ваде хаде дуде дааааа ми е останата во сеќавање.