Не ми е јасно што видовте толку во Србија да беше некоја друга може, оваа на нос пее мене не ми се допадна ни малку, пејачката мислам,да беше друга може убаво ке звучеше. Инаку јас првпат вечерва ги слушнав и гледав, предвреме не ми е интересно потоа Евровизија да гледам.
Иако знаев дека Молдавија нема шанси да влезе, некако мн ми е жал за срцката Исто уште сега ми е жал за Малта во второ полуфинале.
Уште добро да испееше, бидејќи е ова нели, натпревар за песна, вокална изведба... Песната беше тапа, не би ја слушала никогаш, онака да ја пуштам. Леле ова почетното кога ќе почне ти ти ри ри ти ти тири ририририиии.... Одма ме враќа на едни далечни пијани денови. И не ми се верува дека Финска влезе. Па и Литванија тапа беше. Ништо, мора некоја од нашиве да е, нема друго.
Значи аман од прогресивниве европски држави со гнасотии од типот на Финска и Ирска треба да бидат банирани на вакви манифестации веќе. Ај што не се интересни, кого интересира голиов Финец кој личи на педофил од филмови ај да беше некој тип може ке заслужеше да го загледаме. Ќе предизвикаше интерес, вака одвратен е. нормален човечки ум не го процесира ко нешто интересно. И што го пуштиле таков. Ама тоа е. Кој не знае да пее, ке се глупира. Исто и Ирска, нека молчи поарно наместо д апее.
Ни се допаѓало нам или не, Евровизија од многу одамна не е натпревар само на најдобра вокална изведба. Да беше така, секоја година ќе победуваа балади. А сите знаеме дека секоја година меѓу фаворитите има многу вокално лоши. Пример, Елени, Шанел, Финска лани, Молдавија полани и многу други. Пакетот е најбитен на Евровизија. Пакетот се состои од: песна, вокал, сценски настап, порака. ± Ние најблиску до овој пакет бевме со Тамарка по која се фрлаа камења од нашите сограѓани.
Хаха уз тебе сум FriendOfDorothy,инаку стварно би било досадно,еве пример се изнасмеав на Финска,се надевам и од ова нечуеното досега за на втора вечер ќе има по нешто понеобично/поексцентрично, за гледање и слушање,што ќе се коментира и понатаму.
Абе реално да ја слушаш аудио само песнана на Финска и не е така лоша, кечи е. Ама ко го видов пејачот ко петел окубан, ми се одмили и живот и песна и се.
Не дека не е така. Ама, барем да е поднослив вокалот и да не е толку фалш. Едноставно не можев да ја слушам, мислам дека толку енергија имаше вложено само да е се како што треба со настапот што сосема го занемари пеењето.
Ти го разбирам мислењето, не е сечиј тип на песна ниту пак тип на пеење тоа и сосема е ок. Проблем имам со смешните навреди и понижувања на темава, надвор од личен вкус. Мене лично, ми беше добар вокалот (за таква песна). Повеќе од јасно е дека Бамби е перформер а не вокалист, додека обратното важи за Молдавија, Исланд и други.
Песната е добра. Ама настапот За момент се свртев. Се вртам пак и гледам тој пејачот држи во раката пантолончиња. Не видов тој со голиот газ какви гаќи носеше. Што уште ќе видиме на Евровизија Ваде хаде дуде да е класа за овие Едвај го чекам настапот на Холандија. Јуропапа И на изгубениот од Швајцарија. Ирска 4 години немаа влез во финалето.
Преживеав. Ајде вака сега: 1. Кипар - Добра беше девојката, не беше лоша. Слаба сум си на вакви класични евровизиски песни, газотресење, женски вокал со танчери. Иако секогаш сум за нешто ново, боље (хехе), ваквите песни ми се комфорт песни и никад нема да престанам да ги сакам. 2. Србија - Ми се стопи срцето буквално. Кадарот кога ја фатија назад со публиката ме занеме. Прекрасна е девојката, сто пати сум ја раскажала приказната за цвеќето. Ама она што најмногу ме бендиса е колку подобрена и беше дикцијата. Најдобра одлука на жирито, Бресква немаше шанси да помине. 3. Литванија - Not my cup of tea, ама убава журка напраи детето. Нека му е со среќа. Мене не ми се свиѓа, ама заслужено си помина. 4. Ирска - Најпозитивно изненадување оваа година. Кога победи на националниот избор не ми се веруваше што слушам, бев као што е ова побогу, што слушам. И така ми лежеше ниско помеѓу сите песни. И тогаш го видов тизерот од настапот, и леле мори мајко мила. Уникатно, оргинално, девојката беше одлична, различна, одма паѓа во очи, си тера некој нејзин стил, одлично осмислен настап, многу сакам автентични луѓе на кои не им е гајле што ќе речат луѓето. Си искина поштено, свака част. 5. Украина - Леле мори мајко мила. Ужас, преценето, напувано, да беа друга држава немаше да се припарат до финале, ама ај. Не можам колку се преценети, па тоа камерата што се тресеше ко курац во ладна вода, кринџ до кринџ. 6. Полска - Епа коа си ја избраа оваа претставничка, арно им е. Каква друга претставничка имаа, топ 10 не им бегаше, ама оваа ја избраа. Јаваше на коњ, иди јавај на нешто друго. Да бев од Полска косата ќе си ја корнев секоја година од национален избор жими се. 7. Хрватска - Кажано е се. Ќе додадам само дека од националниот избор е 10000 пати подобрен, поопуштен, подобро звучи, подобро игра. Сонце ми е, со цело срце навивам да победи и в година да идеме Загреб. 8. Исланд - Мене ми беше супер жената. Знаеше дека нема да помине, си дојде, си помина убаво, си се дружеше, за мене тоа е доволно. Топ. 9. Словенија - Мој личен фаворит, каква жена Боже Господе. Преубава песна, приказна, вокал, костум, преубава енергија, порака, сите ние сме Вероника, сосема заслужено, коа ја кажаа дека помина вриштев едни добри 5 минути. Што и да направи во финале не ми е важно, важно е дека издоминира на сцената, буквално ме маѓепса. 10. Финска - Пролив. И тоа од оној досаден пролив, што те фаќа коа си на слава на гости, во јсп, во кино, итн. Не е ни квалитетно тролање ко Лет 3, тој со прецвиканите мадиња ми се чини ќе ме праша дали сакам сладолед и ќе ме пикне во комбе. Мрш. 11. Молдавија - Требаше да влезе. Супер беше девојката, многу подобра од проливот Финска. Ама ај. Евровизискиве фанови ме нервираат некад. 12. Азербеџан - Туго мори мајко. Сакав да го нокаутирам оној со мустаќ ала пубични влакна. Ко некој грев се мафта на сцена, ко говно што плови после голема нужда. 13. Австралија - Требаше да бидат поопуштени. Некако како да беа стиснати, убава песна имаа, ама не се дадоа 100% на сцената. Штета. 14. Португалија - Топ. Си остануваат автентични на својот стил и мелос, никад Португалско фадо нема да ми биде досадно. 15. Луксембург - Заспав. Скроз незаслужено, ми се одмилија уште толку. Елени и Шанел беа ПРЕ ДО БРИ.
Абе сите ме игнорирате за Италија ама девојчето ќе растури. Има и вокал и песна и харизма и пее со лајв оркестар и unique е и прекул вајб има. И да не беше цела фама околу бејби лазањата ќе победеше. Гоу Ангелина
Следната година да се јавиш од Загреб. Мило ќе ми биде ако победи Бејби Лазања. Украина ужас. Претходно Стефанија, сега Мајка Тереза... Следен пат нека испратат песна за Зеленски. Претставничката на Исланд како да не се замараше многу. А и веќе еднаш влезе во финале, во 2010. Таа песна и беше поубава. Азербејџан ме разочараа. Австралија и Португалија Луксембург не баш добри.
Додека јас си мудрувам по дома дека време е фалш пеачи да не учествуваат тоа што била работата зошто влегла Ирска first non-binary artist to represent the country at the contest. Одвратно е веќе во што го направија Еуросонг. Големите чуда што претставувал,кого интересира. Ако си излегол да пееш ,пеј, не туку изведувај бесни глисти за да се самопромовираш.
Упорно ја промовираат ЛГБТ заедницата. Не е проблем што пеат, ама не мора за секој што е таков да се потенцира дека е геј, лезбејка, нон бинари. И порано имало хомосексуалци на Евровизија, ама немало нападност како сега. Настанов ја изгуби смислата.
И еве во оваа доцна вечер или рано утро ги изгледав настапите. Пред да го напишам мојот ранкинг уште еднаш ќе изразам пофалби за разгледниците, едноставни, непретенциозни, лични и поразлични од оние што сме ги имале во многуте години претходно. Изборот на стари песни претставнички скоро секаде многу ми се допадна и горе-долу се согласувам со селекцијата. Сцената е исто така убава, мило ми е што е мала (и во 2013 во Малме беше мала), баш пригодна за музичко шоу, одмерена, да не се изгубат пејачите и сите останати луѓе на сцена. Ревијалните настапи не ги гледав. Се на се, знаат SVT да смислат и да реализираат добро шоу. Едноставноста годинава дојде како контраст на се она што го направија во 2016 (кое беше врвно и одлично шоу). Еве го мојот ранкинг за вечерва: 1. Украина 2. Литванија 3. Португалија 4. Хрватска 5. Словенија 6. Луксембург 7. Србија 8. Азербејџан 9. Кипар 10. Исланд 11. Молдавија 12. Финска 13. Австралија 14. Полска 15. Ирска Болдираните ми се 10/10. Украина - Прекрасна мелодија, текст, порака, а дека ќе направат и убав и соодветен сценски настап не се ни сомневав. Литванија - Модерна, мрачна и клупска електро-поп трака со модерна кореографија и супер режија. Женскиот пратечки вокал во рефренот е се. <3 Португалија - Е ова е уметност и култура. Софистицирана кореографија и стајлинг, вокал без мана, ова е она што сакам да го гледам и слушам на Евровизија. Хрватска - Ова е скроз мој тип на песна (quirky out of ordinary crazy pop-rock) и нешто што би поддржувал ама настапот ми е ни ваму, ни таму, вокалот слаб. Пофалби за стајлингот, доста е подобар од на Дора, но визуалите (кои останаа за жал исти) се уште ми се хаос. Словенија - Не се согласувам со некои што велат дека ова е лош настап, воопшто не е. Кореографијата, вокалот и режијата се топ, единствено не ми се допаѓаат визуалите, ама ОК, симболични се за приказната на песната. Ова заслушува да биде lower ТОП 10. Луксембург - Забавно весело песниче, настапот ми е утка. Требаше да биде посветол, некои пролетни слики во позадина од некое мало западноевропско гратче. Се надевам на подобро претставување на Луксембург следната година. Србија - Премногу мрачен и досаден сценски настап. Зошто толку темнина, побогу? Требаше повеќе потенцирање на виолетовата боја, за време на цел настап. Настапот на ПЗЕ беше подобар. За Србија очекувам резултат како на Бугарија 2021 (околу 11 место, потпомогната од жирито), а може и полошо. И двете беа балади кои имаа карпи на сцена, а бугарскиот настап беше и подобар. Азербејџан - Симфониски инструменталки, етно вајбови, фолклорно пеење и мајчин јазик се нешта што ги сакам во една песна, така што Азербејџан оваа година е една од песните за кои имам позитивно мислење. Но, не беше доволно впечатлива за мнозинството од популацијата, настапот и не можеше кој знае колку да ја спаси песнава. Нема на никого да му фали во финалето. Кипар - Your ordinary girl pop bop. Убаво среден настап, ги сакам нејзините танцувачки движења. Исланд - Естетски пријатно, песната за нигде. Молдавија - Репетитивна, неинспиративна, здосадувачка песна. Требаше да го задржи сценскиот од изборот, т.е. да го надогради. Ова беше лошо. Штета што Наталија Барбу се врати на Евровизија за да не влези во финале, нејзината евровизиска песна од 2007 со која заврши на 10-то место ми е една од all time favourites. Финска - Ми беа интересни кога победија на изборот ама веќе ми се здосадија. Би мми било многу забавно да сум тој во синиот аутфит, така што се надевам дека имаат забава на сцената овие двајца. Се на се непотребна песна и настап, next please. Австралија и Полска не вреди да се коментираат. Ирска исто, но ќе кажам само едно - Од оние сум што веруваат дека на крајот, доброто победува. С нами Мама Тереза и Дива Марија.
Од она што го ислушав, ова од вчера бар, + и онаа на Израел, единствена капацитетна за победничка и Евровизиска ми е баш на Израел. Ако/кога победи, од веќе познати причини, бар нема да ми биде криво и ќе се чувствувам помалку сје*ано у мозок искрено, ако ништо друго. Друго ништо нити запамтив, нити ми остави посебен впечаток. Ок као сфаќам дека вајбот за годинешниов Евросонг (а и последните неколку години углавно) е циљан да биде апокалиптичен, со пациенти избегани од ментална установа, слеш witchy естетики. Со се водителите кои што изгледаат ко да се на Прозак. Впрочем да го отсликува уметнички и естетички и моменталното стање на светот нели... Ама сепак... Ако ја тргнеме политиката и уни-поларната културна глобализација во тек на страна... Углавно Евровизија (треба да) е настан каде секоја држава со својата песна треба да донесе музички допринос и испрати порака за дел од својата култура, како и нешто својствено за тој период нејзин /на глобално ниво. Е сега ако не ја тргнеме... Го добиваме тоа што го добиваме.