Имам уште едно доста непопуларно мислење, освен Украина, годинава и Франција ми е максимално преценета. Добар вокал е човекот, нема муабет тука ама имам еден проблем кога артисти за да звучат помоќно, посилно и повпечатливо се дерат. Искрено ми праи да ми е неудобно. Тешки балади може да се изведат и без некој да вика. Тоа што се оддалечува од микрофон не ме фасцинира, баш напротив, ништо посебно не ми е. Германија дечкото ми е посимпатичен и помил од Французинот, не знам зошто за првиот викаат бетон 0 поени, а вториов дека е не знам каков вокал и песна. Треба да почнам да праам тик ток видеа, ама стара сум
Нешто ја и ти годинава многу се согласуваме околу Евровизија, шо се дешава? До ретроградниот меркур да не е? Тоа просеравање ќе стојам 3 метра од микрофонот и ќе пеам мене ми е ултра иритантно и trying too hard.
Германија е малер. Последните 3 години последно место. Лани не заслужија. И оваа година ќе бидат меѓу последните. Ми текнува во 2021 кога почнаа водителите со зеро поинтс. Четири држави по ред. Шпанија WTF? Што има убаво во песната? Песната на Шведска е веќе видено. Близнаците имаат многу фанови. Така што... Не им бега топ 5 од телевоутинг.
Еднаш имате легитимна и сериозна причина да го хејтате фестивалов и неговата политика - тоа што е дозволено да се натпреварува земја (Израел) која буквално во моментот извршува геноцид, ама не, пак на тапет се гејови и „сатанисти“. Експлицитно квир кореографии и witchy пагански ритуали на сцена ви се поскандалозни од преку 35 илјади убиени луѓе, меѓу кои куп деца, бебиња, жени, трудници, болни и хендикепирани луѓе. Претпоставувам дури и еден од фаворитите на сите normies ќе им е Израел, пошто колку што видов ги претставува „нормална“ т.е. цис жена со конвенционален изглед и песна. Морални вредности на ниво Јас за првпат откако памтам за себе нема да гледам Евровизија годинава, само видов некои настапи и коментари по твитер. Браво за Ирска и Бамби Таг, единствен изведувач со интегритет барем симболично и кодирано да изрази поддршка за Палестина, макар што тоа е the bare minimum. Најуникатна им е и изведбата и се надевам ќе растури, а подобро да не ни почнувам за непочитувањето на небинарниот идентитет овде. Ајт чао.
Резултатите од анкетата на евровизиските новинари присутни на денешната проба на второто полуфинале. Значи утревечер најдобар сценски настап можеме да очекуваме од Швајцарија, Норвешка, Грција и Грузија! Австрија е зачудувачки ниско, не знам зошто.
О мај гад, тренер за вриштење, која маса на луѓе го џвака ова. Од една страна не се за политика на евровизија, ама уаа Изеаел, ние сме се секирале за педерлукот, сатанизмот а не сме мислеле на убиените жени, деца итн. Ама таа сатанистот е супер цура зашто има "скриена" тетоважа за поддршка на Палестина, и тоа ич не е политика. Политика е само ако ги поддржуваш Израел или Русија. Спојлер: Мезе салата Жртви има на сите завојувани страни, само треба да се има капацитет да се разбере кој за што војува, а не да слуша татко му што прави муабет со комшијата додека мези ракија со салата. Јавно е и јасно дека Евровизија е политички и лгбт медиумски зајакнат механизам за перење мозок. Песните се само за циркусот и помошно средство во намерата. Неспоредлив е еден Котуњо со сатанистката од Ирска, неспоредливи се АББА со педофилите од Финска и сл. Зошто секоја година се оди со мото забранета политика, а секоја година некој "скриен" детаљ кој го кажува спротивното. Дали е тетоважа, пирс, содржина не текст, мерки против Русија и Израел и сл. Двојни аршини.
Да повториме уште еднаш за оние што не им е јасно, а гледам ги има и многу се гласни и самоуверени на темава, Израел НЕ ТРЕБА да учествува на Евровизија годинава, требаше да бидат БАНИРАНИ, исто како што беа банирани Русија и Белорусија, во случајов за вршење геноцид во Палестина. За жал, ЕБУ годинава се покажаа лицемерни во однос на правилата кои САМИ ги измислија. Eдинствено нешто за кое може да се надеваме моментално е Израел да не влезе во финале, што е тешко и неизводливо, бидејќи целата песна и настап е safe, баш со причина да бидат гласани од теткиве што се гадат од сѐ што излегува од нормативот поп/балада тралалајка со „нормални“ претставувачи. Сепак, останува да се надеваме на тежок феил на Израел годинава, како и свиркање додека настапува дотичната војнобранителка.
Ако Израел влезе во финале, срамота. Се надевам дека ќе ја бојкотираат. Не е до пејачката. Требаше да го дисквалификуваат Израел. Исто како што направија со Русија и Белорусија. Многу безобразно од страна на ЕБУ.
Уф, колку ми е мило што гледам дека малава е уште огорчена што не победи на Беовизија. Ееее Бресквицо, Бресквицо... Никад нећеш бити звезда! Типично, тој калибар на луѓе го прават ова.
A не планирав волку да бидам инволвирана, ама ете... Значи, за "оние што упорно не разбираат", идеално би било политиката целосно да биде исклучена од музички настан. И фокусот да e... па на музиката ваљда. Песната (на Израел) не вклучува (Израелска) политика "од тој тип" , којa и јас лично ja имам осудувано во повеќе наврати а и теми овде. Да е до мене и Русија требаше да биде дел од Евровизија и политиката да беше изоставена и во тој случај. Сега ако сме преискрени и украинската "Мама Тереза, односно? Марија", потоа и песната на Ирска, а и останатите колку ги имаше треба да се пребројат, со "witchy aesthetics" стил, со се тетоважи со се се, е "вметната" оваа година со причина да потпалува (повторно, средовековни) "страсти" и "поларизации". Бонус што овој пат се и уште "пошарени". Дополнителен бонус спојлер, вакви "поларизации" какви што имаме моментално со Израел-Палестина, односно Русија-Украина, започнуваат светски војни бејбс. Не го сакате тој свет, не сте навикнати на тој свет, ко што сте сега навикнати на овој со храбро позади тестатури сигнализирање доблесност бејбс. Зошто, ако зборам "навистина навистина" се потпалат страстите до фул, нема да седите храбро позади тесратура со Биг Мек, нека не ве лаже никој бејбс. Впрочем ќе бидете како ликовите од позадина, денсерите нели од спотот погоре, доколку дојде до тоа. Само што нема да биде толку aestetically pleasing. Let politics be politics. Let art be art.
Да им каже некој на малоумниве што поддржуваат било што поврзано со сатанизам колку жртви посебно деца годишно има од страна на сатанистички секти, и колку само не е наивно и "хаха хихи" како што го прикажуваат, на ист таков пентаграм на кој што глупачава вришти и се кревели се жртвуваат луѓе.
Ама, не е за тоа песната. @staycalm за што е точно песната и сценскиот настап? Не сум ни прочитала зошто ме иритираше пеењето, ама не добив некаков впечаток дека промовира сатанизам.
Вештерство и оклутизам е еквивалент на сатанизам. Пентаграмот е сатанистички симбол и глорификација на таков симбол со оглед на сите кои биле жртвувани во тоа име е исто како да глорификуваш нацистичка свастика и на тоа да си хаха хихи колку е fun, епа ич не е, само на имбецил може забавно да му биде или да си апла неинформиран што му доаѓа на исто. Али ако евровизија даде pass онда може.