Ист човек сме Исто, Зејна је најбоља најбоља!!! Мене баш ми се бендисува, класи подобра ми е над другите. Зорја, како за најквалитетен вокал во Србија има многу лоша песна. Јас мислам дека она може да и донесе победа на Србија, ама никако со оваа песна. Од Бресквица песната ми е најнеомилена, мислам општо цел тој нејзин вајб не ми се допаѓа. Од Констракта, Балош и Теја Дора очекував повеќе.
Луксембуршката ќе беше многу поубава ако беше целосно на француски, непотребен е англискиот дел. Ама и вака многу ми се допаѓа. На Бенидорм Фест јас навивам за St. Pedro. Прекрасен аранжман. Со некој интимен и романтичен сценски настап може да допре многу срца.
Песната на st. Pedro e многу монотона, треба да направат некој wow настап за да остават впечаток. Ќе видиме вечер како ќе се покаже. Јас пред настапите навивав за Sofia Coll но вокално слабичка ми делува на настапов, иако сценографија и све друго е топ. Сега многу се мислам меѓу Sofia, Angy и Nebulossa кој ми е чист фаворит..
Многу се нервирам што Израел ќе учевствува, ептен сум разочарана. Дај боже да има Исланд 2019 тип на инциденти.
А Русија ја дисквалификуваа. Не е фер. Мило ќе ми биде ако Норвешка, Исланд и Финска се повлечат. Ќе имало засилени мерки за обезбедување. Направија циркуз од Евровизија.
Џабе и е на Бресквица и да победи кога песната е националистичка реално, текстот има таква игра да зборови што наместо Косово е ставено Орлово и сл. Па во случај да победи типувам дека е голема веројатноста да ги дисквалификуваат.
Има уште доволно време да се повлечат. Ете не била за Косово, туку за бомбардирањето во 1999. А може и за двете додуша, кој како си интерпретира.
Денес е голем ден за евровизиските фанови. Украина, Норвешка, Шведска, Малта и Шпанија бираат свој претставник! Јас, најверојатно само Украина и Шпанија ќе ги гледам. Фестивалот во Украина се одржува во моментов.
^ Шведска не бира претставник, само полуфинале е. Иначе изборот на Украина е мачење да се гледа, има повеќе зборување отколку музика, исто како и Санремо. :') Најинтересни се нордиските избори бидејќи имаат добар флоу, нема ништо плус, фокусот е на она што треба да се случи - да се избери победник и чао пријатно. Без филозофирања и триста церемонии. Мои фаворити за денеска: Украина | Jerry Heil & Alyona Alyona - Teresa & Maria Шпанија | St. Pedro - Dos extranos Шпанецов мора да го смени настапот за на Евровизија, треба да има топли бои за една ваква песна и ако го задржува концептот со тие "shadow dancers" во позадина да има само една танчарка. За Норвешка веќе го знаете мојот фаворит, бендот Gate, а Малта не ги следам, никогаш не пратиле ништо значајно. Ако не испадне нешто, веројатно ќе го гледам норвешкиот избор вечер.
Моја грешка. Овој е предосаден, кај песната е досадна па и настапот досаден го направиле. Не разбирам како беше прв од жири неќна, но добро, жирито во Бенидорм фест секоја година си прави некои скандали, па така и оваа. Јас мислам дека победникот ќе биде еден од овие: Sofia Coll, Angy и Jorge Gonzales. Мој личен фаворит: Софиа, секако ако е подобра вокално вечерва отколку во полуфиналето.