Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2024

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 8 јули 2023.

  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.633
    Допаѓања:
    25.335
    Пол:
    Машки
    Во песната се зборува за скршено срце, измамата и болката од невозвратена љубов, опишувајќи ја како „експлозивна“ но исто така и „слатка“.

    Во настапот Бамби е вештерка, а против машкиот лик (демонот) користи „Killing Curse“, (популарно од Хари Потер) клетва која предизвикува моментална и безболна смрт.

    Така да, не е сатанистички настапот воопшто, туку пагански, но доволен е еден портал да објави дека е "сатанистички" и сликичка, и по автоматизам сите веруваат дека е сатанизам. А на македонските партали најбитни им се кликбејт наслови и engagement :)
     
    На Космонаут и RainBow им се допаѓа ова.
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Песната на Ирска го пробива мразот на евровизијата после децении од досади и флегми. Браво за настап, глас, све.А Бресквица би сакала вака ама нема храброст да не ја критикуваат конзервите во Србија.
     
    На FriendOfDorothy и staycalm им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.406
    Пол:
    Женски
    лол :Dдај прати ми ја таа статистика колку луѓе годишно исчезнуваат поради сатанистички секти? Нема зашто не постои. Многу сакате да ширите паника без основа.


    Има ли некое правило дека смее само мотиви од монотеистичките религии да се користат во настапи? Волку луѓе лути и исплашени зашто евровизиски настап има паганска содржина е многу смешно. Уметноста не мора да им биде на сите по мерак. Песната не е ништо посебно ама од толку хејт ќе ми се допадне.
     
    На Космонаут, crimson, FriendOfDorothy и 2 други им се допаѓа ова.
  4. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Со оглед на тоа колку од сите сатанистички секти не се пријавени и се тајни логично дека нема точни статистики а ги има низ цел свет посебно документарци од Америка кои се поотворени да говорат на оваа тема за силувањата, убиствата, самоубиствата а и менталните последици кои ги имаат жртвите. Па секој сам нека си одлучи што ќе поддржува и глорификува. :hai:
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.782
    А може и да победи Израел, пошто не знам кој друг е толку ,,напатен,, годинава:?:
     
    На Космонаут, SummerGirl и boo3 им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.406
    Пол:
    Женски
    Луѓето умираат од војни, од трговии со луѓе, од разни гранки на популарниве религии кои индиректно им го осакатуваат животот на припадниците, од алчни богаташи кои стигнале да бидат милијардери на грбот на обичниот човек итн. Од луѓето кои се молат и потоа ќе наредат да се бомбардира цел град. Сатанистичка секта која ги намамува луѓето е нешто што е веќе легенда и навистина не разбирам како може толку млади луѓе да сте наивни и да паѓате на fear mongering. Океј во тој случај ни хорори немој да гледаш, ваљда и тие се од тајните сатанистички организации.

    Не велам дека на секој треба да му се допаѓа ваква музика, па и јас лично еве не е нешто што би го слушала, ама дајте помалку со паранојава и непризнавање на ни една друга традиција на светов.
     
    На FridaodaMk, crimson, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    126.131
    Пол:
    Женски
    Не туку напаѓајте одма со етикети и говор на омраза кон некој кој мисли поинаку. |(
    Текстот на песната на Ирска е во ред. Пеење немаше, само перформанс. Али, ок.
    Но, настапот беше ту мач дарк и страшен за помладата публика. Значи, можеше нешто вичи, ама поинаков костим (ко од френдли вич филмови) и без правење ритуал на сцена.
    И не дека е до перформерот.
    До тимот е. Требаше да помислат дека не секој сака потсетување на кошмар на сцена.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  8. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    15.639
    Многу сакам Хрватска да победи ,мислам дека ова е нивна година,никогаш немале подобар избор до сега.
    А и Марко по она што го видов и читав од интервјуата ептен ми се бендиса како личност.
    Србија и Словенија ми се исто добри,како и Италија.
    На Ирска песната воопшто не ми се свиѓа.
    За Финска стварно не ми е јасно како се најде во финале :puke:.
     
    На FridaodaMk, crimson, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  9. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    cоvert narcisi врие, битно имиџот сопствен да се зачува, не дај Боже некој да не помисли затуцана сум.:wasntme:
    И каков ти е тој аргумент "не постојат сатанистички секти" кога имаш толку многу документарци и интервјуа од жртви кои за среќа избегале од тие секти.
    едит
    педофилија заборавив да спомнам, цели одделенија со деца во Америка биле принудени да имаат секс со сатанисти и ја да глорификувам такви бљувотини не фала, мене лично ми се гади
    :puke: па секој со својата совест, големи сте. :)
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    126.131
    Пол:
    Женски
    Финска имаше најлош настап ради голиот. На ништо не личеше.
     
    На azelea и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.406
    Пол:
    Женски
    океј тикток психологу
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    океј ако си чула за коверт нарциси на тик ток не значи дека е тик ток измислица, информирај се.
     
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.442
    Пол:
    Женски
    Ова е пред се музички фестивал.
    Само е киднапиран од политики,промотори и разноразни лоби групи.
    Сценава не мора да е за лечење на разноразни психосоматски болести,фрустрации, комплекси, политики и слично.
    Некои од нас сакаат да го гледаат фестивалот како музички, прифаќам уметнички израз ама на Ирска е сепак too much.
    Вештерка била што ли била нејзин проблем, нека се средат со паметот кога веќе излагаат на сцена.
    Ај вечер да го изгледаме и другиот нон бинарен, швајцарецот конкурент на Марко Лазања.
     
    Последна измена: 9 мај 2024
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Марко односно бејби лазања е стрејт, си има девојка(мислам и свршеничка дека му е) типот, не знам шо ви е со муабетиве стварно се досадни :D
     
    На crimson, carver91, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.406
    Пол:
    Женски
    не, туку тикток измислица е да го користиш во рандом муабет и да мислиш дека си направила нешто :D
     
    На exceptional му/ѝ се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.302
    Пол:
    Женски
    Мене па Хрватска ич не ми се допадна, а и Србија нешто посебно не ме воодушеви.
    Генерално, првата вечер Португалија ми остави впечаток, другите не баш.
    Ирска ич не ја коментирам, пошо тоа нема врска со музика. И воопшто не е за споредување со Лорди. Лорди имаа песниште кое и денес се памти, додека Ирска немаат ништо. Освен спектакл и циркузи.

    Џони Логан маестрален беше. Верзијава беше подобра од оригиналот. Маестрално.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    88.442
    Пол:
    Женски
    Па никој не рече дека Марко е нешто друго освен стрејт .:?:
    Конкурент му е non binary швајцарецот за прво место.
    Моментално Лазања е прв,Немо втор.
     
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.428
    Допаѓања:
    60.444
    Пол:
    Женски
    Вечер Норвешка :l::l::l::l:

    Друг свет, нордиска магија, мистика, одлични вокали и предобар стејџинг. Ако нешто сакам, тоа е фолклор и мистика. Преубава песна уште подобра спакувана како шеќерче. Тоа па што свират на никелхарпа ми е јагода на шлагот. Текстот е да те разнежни, да те однесе во друга димензија, да те погали и да ти ѕирне длабоко во душата.

    Белгија исто многу ми се свиѓа студио верзијата, ама ќе видиме, имам сомнежи за во живо.

    И Грузија едвај чекам да ја запали сцената. Годинава ќе биде иста како Ирска, сто години непласирани, и ќе влезат со бум.

    Едвај чекам 8)
     
  19. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    11.471
    Пол:
    Женски
    Лазања мислам ќе го биде за победа, ако жирито не заебе работа. Го преслушав настапот од полуфиналето и таков вајб, таква кохерентност со публиката (минута 2:27 од настапот па натака), таква енергија, претходно од скорешни евровизии имаа само ланскиот фински настап со чачача и манескин во 2021. Песната мене ми е мех, ама дечкото ја остава душата на сцена. Башка, тематиката не е ниту геј, ниту сатанизам, ниту голотија, ниту нешто екстравагантно, не играат на одредена карта, не целат кон гласови од одредена група на публика, човекот едноставно си пее за напуштање на домот. Јаки ми се деталите со миљенца обесени по тапаните и микрофоните, и аутфитот им е налик народна носија. :D

    Мислам, воопшто не ми е чудно што е еден од главните фаворити за победа.
     
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.633
    Допаѓања:
    25.335
    Пол:
    Машки
    Според мене, Хрватска и Ирска жирито нема да ги рангира високо.

    Очекувам од жирито во топ 3 да се Франција, Италија и Швајцарија.
     
    На KateKane му/ѝ се допаѓа ова.