Gåte за Норвешка. 1/3 засега за вечерва. Украина не е Украина ако не се случи некој ексцес во врска со нивниот избор. Резултатите дури утре после 18:00 поради технички проблеми со нивната апликација за гласање. Моите фаворитки беа вокално лоши ама Украина е земја што знае до Евровизија убаво да исполира што и да одберат. Инаку вечерва уште еднаш публиката се покажа како поголем 'стручњак' од 'стручното' жири. Да беше до жирито, од Норвешка годинава ќе слушавме песна во која во 80% од текстот се повторува еден збор без (мислам) никакво значење.
Шпанија Јас не разбирам зошто шпанциве толку многу ја обожаваат, буквално цела арена пееше со неа. лично не ми беше победничка, ама барем st. Pedro не победи, тоа е добро Искрено многу ми е жал за Jorge, 1 место од demoscopic, 2 од публика арно ама жирито го зацементира со петто место, а нивните гласови највеќе поени носат. Секоја година ова се случува со жириво во Шпанија, ко непишано правило им е. Едит: ок видов англиски превод на победничката, текстот е убав, значаен и со порака, ама шознам, ми фали моќност во гласот на пеачкава :/
Шпанија - моето ново последно место. Изгледа поради минатогодишниот неуспех со нешто од областа на културата оваа година решија повторно да пратат нешто што им донесе успех пред две години - задници. Вулгарно и одвратно; песната сама по себе не е воопшто вредна.
Шпанија е бре ultimate guilty pleasure, што ви е Не се тачни со изборов, солзи ми течат. Ова ќе лапа поени од публика, памтете ми го зборот. Тангите победија бе
Абе види, кечи е скроз песната, уште на прво слушање е пријатна и да, верувам дека од публика ќе добие поени, настапот е топ, ама жирито мислам дека ќе ја закопа ако вокално не се поправи...
А ако веќе сакаа да одат на карта поп песниче со секси настап, можеа да го пратат Jorge, ем убави полуголи мажи, ем dry humping ем хомоеротичен настап, ем dance break, ем дискутабилен вокал. Фул пакет, исто ко со Шанел шо беше.
Ништо мори сестро, само реков дека Jorge има сличен пакет ко тој шо го имаше Шанел. Плус, Jorge поубав газ од Шанел има реално.. Види го каков е ко топка да има стаено
Види и јас бев за него вечерва, ама Шанел го има најубавиот гз на Евровизија, да не се расправаме дечки Иначе уште омилена ми е Словенечката песна и мислам дека така и до крај ќе остане. Норвешка ми е блиску тука, ама ризична е оваа песна, или ќе е хит или ќе е еаеа од лани. Бетон 0 сеа за сеа ми се Ирска и Луксембург. Некни кошмар имав, чудовиштето што го сонував на оние од Ирска личеше.
Реално Еаеа беше слаба песна. Ја засакав поради културолошкиот аспект, вокалот и уметничкиот сценски настап ама рефренот буквално се состоеше само од повторувањето на 'еаеа' и беше let down после строфите на песната. Не запали на прво кај мене (за разлика од Ча ча ча на пример). Со Улвехам имам скроз друго искуство и 90% сум сигурен дека оди во ТОП 10, а може и повеќе од тоа.
Eaea е приказна за културата на Шпанија, за љубовта на баба и внука, моќно фламенко што не секој може да го испее, песна што беше полна со емоции, ич да не збориме за вокалот на Бланка Палома. Еден од најголемите грабежи на Евровизија ми е. Освен еаеа, други грабежи што никад нема да ми се јасни се тоа како помина fulen од Алван, 8то место на Елина Нечаева во 2018, 2017 кога Норма Џон не влезе со Blackbird и Грета Саломе во 2016 со Hear them calling. Eaea била слаба песна, хвала ти боже ако ме вечерас узмеш
Колку од гледачите на Евровизија го знаеа тоа и на колку им беше гајле за тоа? Факт е дека не е песна што освојува на прво и резултатот го покажа тоа. Друг показател дека песната немаше wide appeal се и коментарите што ги слушнав или воопшто не ги слушнав за Шпанија лани од обични луѓе. А сите беа воодушевени од Израел и ја зборуваа. Како и да е шпанскиот резултат лани ми беше најголема болка, а од песните што ги наброја исто така бев разочаран од резултатот на Франција во 2022, но пак ќе речам - и за таа песна разговарав со луѓе и се обидував да им ја кажам нејзината убавина; не беа импресионирани - отсликување на фактичкиот резултат. ОК, можеби поправилен израз е дека не е инстантна, а не дека е слаба ама сепак останувам на тоа дека рефренот е репетитивен и lame. А текстот се разбира дека е преубав. За грабежи, прво ми текнува на Бугарија 2018. Сите одлични вокалисти и феноменална песна. Ама настапот многу несреден и неубав.
Елина Нечаева беше одлична, ама слабо гласови од публика. Многу подобра беше од Нета Барзилаи. Изгледа кокодакањето им беше подобро од големиот талент. Минатата година Шпанија заслужуваше да биде на повисоко место. Не очекував 5 поени од публика. И Естонија ми се допадна. И таму слабо гласови. Уште ми е нејасно зошто Грузија не влезе во финале. Убава песна. За најголем грабеж ја прогласувам Италија во 2015. Наместено беше да победи Шведска. Па и Русија ми беше подобра. Гласањето од година во година се полошо и полошо. Дали годинава ќе има измени околу гласањето?
Нема да има. Ама очекувам во наредните години да ја зголемат моќта на телевоутингот и во финалето, а заедно со тоа го очекувам и враќањето на Турција. Баш ме интересира каква би била Турција на Евровизија во ова време, една од најфантастичните држави во 2000-тите ама всушност и секогаш. Секогаш праќале добри песни ама жирито во 20. век не ги гласаше. Исто така ми фали Босна. Турција, Босна и до пред некоја година Италија ми беа ТОП 3 евродржави ама после Монескин многу почнаа да заебават Италијанците, само некои веќе слушнати машки балади праќаат (вклучително и Диодато од 2020). -_- А не дека нема разновидност на Санремо. Баш до пред 2023 сакав Менгони пак да го видам на Евровизија ама со брза поп песна, а не со балада. Има многу убави и интересни брзи песни ама ете... Во врска со Босна - замислете само кои артисти би можеле да ги пратат изминативе 10 години откако не учествуваат: Дубиоза колектив, Божо Вреќо, Амира Медуњанин, Илма Карахмет, Џејла Рамовиќ, Диванхана и уште кој знае кои други, ако се вложуваа како во 2004-2012 и ако беа креативни при изборите. Маид од Икс фактор првата сезона беше исто многу харизматичен и добар изведувач! Од поновите босански изведувачи Албино ми е топ продуцент.
Дали е можно евреите намерно да прават да победуваат во годините кои завршуваат на '8'? Поради тоа што државата им е креирана баш во мај 1948 и да имаат причина плус за славење за јубилејот. Победија во 1978, 1998 и 2018 + 1979 што отстапува од тоа правило. А и во останатите години што завршуваат на 8 секогаш завршувале во ТОП 10.