Не знам, мене најголем криминал годинава ми беше што Малта не влезе во финалето. Како, зошто?! Што повеќе да пробаат да направат за да влезат во финале? Пренервозен сум! Мило ми е многу за Грузија tho, конечно да влезат во финале.
Убаво испеа, ама песната Што се случува со гласачите? Ако ни е. Ни сметаше што жирито гласа. Под итно да го вратат.
Пробав на www.esc.vote и ништо не се појави дека сум гласала. Објасни ми каде треба да идам и да кликнам за да гласам? Ако сакаш детално да ми објасниш пиши ми лп.
>Не бе Израел се невини, не треба да мешаме политика и треба да ги оставиме на Евровизија. >Коментаторите во Израел: "KAN violates Eurovision’s ‘Rules of the Contest 2024’, which states that participating broadcasters “shall ensure that no contestant, delegation or country is discriminated and/or ridiculed in any manner.”
Ајде recap од вечерва: Малта - Супер беше девојчето. И искрено имаше презахтевна кореографија. Заслужи финале, апсолутно. Ама нажалост од таквите комфорт песни на една пеачка и танчери во позадина може да помине една, максимум две. Нема место за сите, а според мене ова вредеше повеќе да се најде во финале од Луксембург. Албанија - Катастрофа над катастрофите. Ужас шминка ала Тања Савич во 2005, истрган фустан, предосадна песна, стопати видено, стопати слушнато, очај стејџинг. И ексик веќе од јак женски вокал од кај нив, и истата песна сто пати пререциклирана. Бетон 0, дно. Грција - Како за толкав фаворит, не беше најсјајна. Има додуша време да се поправи до финале, некако како да и фалеше енергија, уште поживо требаше. Тоа тикток рамката ме нервираше. Ама заразна е пустата, иако и тие одат сејф со пеачка и танчери, убаво беше осмислено, заразна е песната, има варијации цело време и сосем заслужено е во финале. Швајцарија - Супер беше, супер звучеше, ќе лапа поени ова и од жири и од публика. Ама искрено не ми е за победа. Апсолутно заслужува да се најде највисоко, ама не ми е да ја однесе титулата. Ми има неколку други песни што ми се за тоа. Едноставно не ме возбудува ко други песни што ме возбудуваат. Чешка - Го растргнаа девојчето по интернетов, жал ме фати. Не беше воопшто лоша, баш ми е криво. Требаше да помине, иако не е најсјаен вокалист, убава енергија пренесе, интересен беше настапот, ама ете. Други поминаа незаслужено. Австрија - Мој втор фаворит вечерва. Каков троубек на тоа коа бев тинејџер, кога сме играле и скокале на онакви песни. Со песнава го доживеав истото што го доживеав со саундтракот на saltburn, буквално ме врати на моите 20ти години, кога си танцувавме безгрижно по дискотеки. Сонцка е девојката, се имаше премногу потрудено, алал да и е. Данска - веќе видено, веќе слушнато, ништо ново, досадно, Данска последниве години спие на Евровизија. После победата една асална песна немаат пратено. Ерменија - какви сонциња, какви срцки. Ерменија е она што јас сакам да видам Македонија да го направи некоја година. Да си бидеш unapologetically свој, автентичен, си играат на сцена, си се забавуваат и тоа го осеќа публиката. Петли си пуштиле на бимот, си скокаат, КУР ГИ БОЛИ. Алал да им е. Летонија - Досадно, млако, видено, слушнато, зеде место на други земји што беа подобри според мене. Али ајде со среќа нека им е, сто години немаа влезено во финале, нека се порадуваат малку. Сан Марино - Мене ми беа топ. Истото што го кажав за Ерменија, ми важи и за тука. Дечките се забавуваа. Се забавував и јас. Штета што Евровизискиве фанови имаат никогаш не ја сфаќаат сериозно оваа држава и не ја гласаат. 1000 пати повеќе заслужуваше од Летонија пример. Грузија - Нели ви реков дека ќе помине? НЕЛИ? Алал да и е на девојката а и на Дарко Димитров што ја скоцкал песнава. Сто години немаа влезено, конечно. Се радувам за нив, меѓу поомилените ми беа вечерва. Белгија - Мене ми беше одличен, другариве што ми се сите музичари кажаа дека премногу грешки направил. Без разлика, требаше да помине, душата си ја остави на сцена. Студио верзијата ќе си ја слушам цело време, хит ми е. Непребол. Естонија - Да им покажат на Финциве како се прави добро тролање и добра забавна песна. Супер си беа, во нивен филм, знаат дека нема да се пласираат високо, дошле да си поминат убаво - она што е најбитно за Евровизија. Од мене школска петка. Норвешка - Срцето ќе ми излеташе. Магија. Нема што да се повторувам, мои фаворити од оваа вечер, а и општо сум полудена по нив. Ме однесоа во друг свет вечерва, некаде далеку, некаде каде е убаво и мистично, некаде каде никогаш ништо не ме боли. Холандија - Одличен. Со право е фаворит, со право сите полудеа по него. Најевровизиски, уникатно, емотивно, забавно, цел пакет. Изгорена сум кога и зад навидум среќни песни и тралалајки се крие мрачна позадина. Шведска, Германија, Англија, Шпанија, Италија и Франција ќе ги коментирам посебно.
Израел си имаше добра песна. Сите прибалтички земји влегоа. Белгија добра песна , ама многу мех настап реално,сам се утепа. И што е битно што е познат во својата земја. Не го гласале другите и тоа е. Мене ми е драго за Латвија,ај по сто години нека влезат,бар не се глупираат беспотребно.
Не ми е јасно што сте се запнале за тој Израел. Песната е прекрасна, пеачката супер изгледа и супер испеа. За сценскиот настап имам само пофални зборови. А со тие протести надвор и тоа сељачко укање само не терате да гласаме. Јас за Тамара гласав дури 40 пати, паралелно на два телефони. Во сабота најверојатно, ќе гласам 40 пати за Израел. Да не се изненадите кога ќе гледате како високи поени летаат на сметка на Израел. Во УК живеат 300 000 израелци, над 350 000 во Франција, ги има насекаде во Европа. Израел има шанси да победи, како што 2022ра победи Украина.
Ајде ќе го оставам настрана геноцидот, ама таа песна за да ти е преубава, треба да имаш премлитав музички вкус. Настапот е добар, вокално е добра. Доколку се случи чудо и Израел победи, ќе биде најнезаслужениот победник со најлошата песна во последните 10 години.
За вкусови не се коментира. Истото можам да ти го кажам на тебе, на било која основа, не само за музика. Во тоа е убавината на животот, што сите сме различни и бендисуваме различни нешта. Што ќе беше ако сите бендисувавме исти маж а? А тој само една жена
Па Европа ја гласаше Украина тогаш. На која основа не е важно, добија милиони гласови од телевоутингот.
Зошто сме запнале за Израел? Затоа што не е фер да има поделби. По кој основ учествуваат, а во војна се? Кога можат некои да ги дисквалификуваат, можат и нив. А и песната не им е убава. За мојот вкус не е. Ако победи ќе биде срам за Евровизија. Дали ќе им дозволат да организираат ваков настан? За Австрија ми е мило. И за Ерменија. Грција просечен настап. Победник - Италија, Франција, Швајцарија или Холандија. Може во сабота ќе ми се смени размислувањето.