Израел магично скокна на второ место за победа во обложувалниците. Ако Израел победи годинава, тоа значи смрт за Евровизија. Наредната година нема да постои.
Со Палестина. За Русија знаеме зошто е дисквалификувана. А Белорусија заради ширење на политичка пропаганда и заради поддршка на Русија. Израел се многу пати критикувани на Евровизија. Ќе биде интересно во сабота.
2017та не дозволи Украина да влезе руската претставничка. И никому ништо. 2008ма имаше повуци-потегли со албанската претставничка во Белград. Сигурно и тогаш имало укање од брача срби. Девојката не е крива што се родила во Израел, што Израел е толку омразена држава од соседите, а како што гледам и од понекои "цивилизирани европјани". Како што и ти не си крив што си македонка, а бугарите ти викаат дека си бугарка, а србите дека си "од вардарска бановина", албанците дека си каурка, а грците дека си славјано-бугарка. И да не набројувам дискриминација на други основи што се апсолутна глупост. Да ја оставиме политиката на страна. Нека победи песната сп највеќе гласови. Да си ги поздравам пак Небулоса Грмат на сцена, голите танчери се екстра додаток По тоа која песна беше најпеана од публиката, Шпанија е на прво место
За мене најдобра е Angelina Mango оваа евровизија представничката за Италија. Учам италијански пред неколку дена бев во Италија,италијанците се многу љубезен народ ги сакам значи срциња се,во Италија песнава е хит La noia се слуша цело време на radio italia и она е вистински фаворит за победа незнам нешто другиве не ми се нешто wow ко што е она. •Сценски настап 100% најдобар •Ритам/Музика •Вокал •Јазикот •Танчери •Костимографија •Кореографија Има премногу шанси за победа и на Sanremo беше топ!Идол ми е пејачката,настапот ме потсети на Måneskin во 2021 абе најдобра е!❤️ La cumbia della noia TOTAL Сакам да победи мислам дека ќе стане pop-singer in the world цело време ми е на рипит и ја пеам на karaoke,да гласаме за Nina ко ќе биде финалето!!!
Пак видов гол газ Ланската песна на Израел беше подобра. Баш да видам Финска на кое место ќе се пласира.
Реално Евровизија веќе стана смешно за гледање. Кога го гледав денес преносот и разбрав дека претставникот на Израел е уствари еврејка украинка, одма ми светна дека америве и британциве пак ќе ја местат работава. И ете сега отварам од 10то Израел на второ место во кладилници. Веројатно до почетокот на финалето и ќе води Баш би сакал да не е така. Бидејќи Хрватска има навистина одлична песна и настап и заслужува да победи. И ако Израел победи ова ќе биде веќе циркузијада, а не Евровизија.
Сеуште неможам да поверувам на odds кои ја претркаа Angelina Mango нема шанси они да се вистински победници,бидејќи евровизијава почнаа да местат како во 2022,не дека тие се подобри од неа туку е неправда како прво Angelina ја заслужува победата (multi-talented singer)се знае кој не е наместен поради било какви глупости ANGELINA MANGO!
Ајде накратко да ги поминам и сите држави од второто полуфинале. 1. Малта - Мислам дека беше одличен перформанс на скроз небитна песна. Кога ги видов снимките од пробите мислев дека ќе влезе, но небитната песна, редоследот и тоа што е од мала држава со отсуство на гласови од жири си го направија своето. 2. Албанија - Овде немаше нешто што не ми се допадна, беспрекорен вокал, пријатна мелодија ама уште една небитна песна и 15-та рециклажа што ја прават Албанците на една иста песна. 3. Грција - Имам чувство како Марина да дојде да трола, да се заебава. :') Ни во песната, ни во настапот нема нешто wow, епско. Мислам дека може да заврши надвор од ТОП 10. 4. Швајцарија - Ова беше одличен настап, уште тој да не беше облечен како розево фламинго. Песната почна да ми се допаѓа со тек на време. Да беше друг изведувачот можеби и ќе мислев дека има шанси да победи, вака сите ќе го сфатат како џоук. 5. Чешка - Веќе со години знаат Чесите да стејџнат песна. <3 Но, на песнава и немаше спас. 6. Франција - Првата 10/10 на вечерта. Не ми се допаѓа само стајлингот. Песната е многу убава, настапот убаво смислен и изведен, вокалот растура. Биди жири победник! 7. Австрија - Песна за забава и да се почувствуваш убаво. Настапот солиден, прикладен и на ниво. Само, многу повеќе ја сакав демо верзијата и нецелосната верзија на оваа песна кога leakна некаде минатата зима. Во целоснава верзија ми фали некој поинтересен крај, при крајот здосадува и се повторува. Убава Германка. 8. Данска - Базична и генерична песна. 9. Ерменија - Репетитивна и не ми се допаѓа тоа што нема текст во рефренот. Ама фолклорната естетика и таа платформа на која беа качени растурија! Убава облека, вокален перформанс за почит. Ја сакам Ерменија (како држава)! 10. Латвија - Со еден збор, песна. Имаше емоција, вокално супер, ненападно и средено. Најмногу се радувам на влезот на Латвија во финалето! Кој не би се радувал за една мала држава која со години се мачи да влезе во финале, а е толку солидна и не се претставува воопшто лошо низ годините? И за Донс ми е мило зашто со години се обидуваше да оди на Евровизија. Уживајте во финалето, Латвијци! 11. Сан Марино - Триминутно лудило и забава на сцена. Графики на ниво. Песната немаше доволно силен hook ама ми се допаѓа што беше динамична, т.е. имаше доста различни делови, а беше препродуцирана. Сан Марино е, не ме изненадува што не велзе во финале и нема воопшто да ми недостига. Жал ми е само што не ѝ го видовме убаво газот на пејачката. 12. Белгија - Квалитетна е ама не ме изненади што не влезе. Првите две минути од песната не се случува ништо, 'експлодира' дури со хорот во последниот дел. Мусти се префорсира цело време со движењата на телото, а немаше цело време песната таков ритам. Се виде дека даде се од себе и живееше скроз во моментот ама и естетски настапов не беше нешто посебно. Сценографијата со микрофоните ми е веќе излитена. Како и да е, сакам белгиска победа за брзо време со нешто од нивниов мрачен, симфониски, електро-поп фазон. 13. Шпанија - Буквално ништо немам да кажам за Шпанија. 14. Грузија - Се беше тип-топ. Конечно Грузија влегува во финале, со песна на нашиот Димитров! 15. Естонија - Забавни беа. Има нешто заразно во длабокиот глас на пејачот со брадата. Си ја сакаат Естонците песнава, така што кул за нив што влегоа. Ќе придонесе естонскиов за јазичната разновидност во финалето. 16. Италија - Ова песна која има кул и урбан вајб, ваков борделски и курвински настап и аутфит воопшто не ѝ одговара. Настапот од Санремо беше светлосни години подобар од овој. Во овој немаше никаква енергија. Ангелина/Анџелина сама на сцена би била доволна. Па какви се и за што се оние графики. Јас воопшто не ја слушнав песнава дури течеше настапот, ги гледав телата на танчарките. П.С. Ех, кој би си помислил дека Евровизија ќе се претвори во soft porn show. П.П.С. Нема да ме чуди да заврши надвор од ТОП 10. (Штета, бидејќи песната е предобра и Италија за првпат праќа пејачка после долго време.) 17. Израел - Се беше на место. Убав музичко-телевизиски перформанс. 18. Норвешка - Благо сум разочаран, не ми се допадна многу. Не знам дали е до тоа што настапот од изборот беше првиот што го видов и што тогаш се воодушевив ама тој ми беше пооргански, поприроден. Подобро ќе беше да немаше никаква графика на ЛЕД екраните, а бе се да си останеше како што беше на изборот. :/ Поголем wow ефект имаше тој настап. После ова, претпоставувам ќе се помирам со тоа дека нема да победат ама се надевам дека барем ќе бидат во ТОП 10. Ова е најиздржаната песна годинава. Исто така, не ми се допадна што ставиле гранки на (еден од) микрофоните. Како и да е, Готе во срцето! 19. Холандија - Уште еден тип-топ настап, се беше на место, крајот ако не се воздржувам би можел и да ме расплачи. Let's party in Europe! Како што можете да видите, вечерва само Франција ми беше 10/10 настап. Можеби по уште едно гледање ќе ми биде и Израел. Од ова полуфинале ќе гледам да ги изгледам и ревијалните настапи бидејќи како што читав, звучат интересно.
Инаку, и покрај тоа што не ми се допаѓа целосно естетиката на настапот, спремен сум за Загреб 2025. Зошто да не? Песната посекако е топ.
За Норвешка: "I was disappointed with the stage show for Norway, which once again seems to have been downgraded from the low-budget MGP. Where did the magical nature images go, mountains, forests, northern lights, mystery? Wave splash that didn't even look like it was just messy and disruptive. And I'm quite tired of the boring blue background with spotlights. The platform Gunnhild was standing on was visible which looked very amateurish. Where is the smoke that was supposed to cover it and create some mystery? The camera work was also extremely messy, cuts and zoomimg of half bodies etc. They made poor use of the stage background. Norway seemed to be on a smaller stage than everyone else. It looked really empty and awkward when they zoomed out and only one of the LED walls behind was used. Is Sweden trolling us?" Скроз е така.
Според редоследот на настапи во финалето, победува или Хрватска или Франција. Повеќе сум склон кон Хрватска, бидејќи мислам дека не е најдобро да се пее претпоследен. Иначе не беше лоша оваа Евровизија, кога ќе се сетам колку одвратни беа првото полуфинале во 2019 и второто во 2022.
Колку и да ми е убава песната и пакетот на Израел, макар и победиле целосно заслужено и легитимно, знаеме каков ќе биде наративот и тоа ќе биде оправдано. И јас ќе бидам преразочаран ако им ја одземат победата на Хрватска. Украина 2022 некако ја голтнавме, иако од тогаш Евровизија спадна на 37 земји - учеснички, а тој број претходно бил од 41 до 43. Ако утревечер победи Израел, не верувам дека пак ќе видат над 30 земји - учеснички, а и фанбазата ќе опадне.