Израел не требаше да учествува, а камоли да се квалифицира по никој случај. Ова се двојни аршини. Штом сакаат да водат политика на политичка, економска и културна изолација кон одредени држави заради воената агресија на нивните лидери, Израел е држава што со години држи луѓе под окупација и врши воена офанзива кон цивилни лица (најмногу деца и жени), предизвика хуманитарна катастрофа и нема намера да запре. Ова е огромно разочарување и олицетворение на лицемерието.
Јас обично не слушам песните пред полуфинални и финални вечери и за жал вчера не можев да гледам и се осеќам како дупка да имам во душата. Ама првата полуфинална вечер ја гледав со рандом луѓе од Европа и ми е една од омилените вечери шо сум гледала Евровизија. Омилени тогаш ми беа, по овај редослед: Ирска, Словенија и Хрватска. И мило ми е дека и трите ќе ги слушнам Сабота пак. Од вчера знаев дека само Израел неќам да продолжи зошто дефинитивно сум за бојкотот нивни. Така да еве се најавувам дека Сабота ќе ве дружам тука. Пола песни прв пат ќе ги слушам така да ќе е забавно. А од културолошки работи, интересно ми беше дека Италија праеле како бинго карти шо ќе се случи на нивниот избор, а Шпанија истото го праела со Евровизија. Мислам дека ми фали таква возбуда.
Мене само едно не ми е јасно, политика мешаме секаде значи. Русија не може да се натпреварува зашто е воен злочин, ама Израел може, они ружи садат.. е боже ми прости значи, нема нешто кај што не се меша политикава…
Учествувале или не учествувале Израел, на Палестинците нема да им биде ни подобро ни полошо. После победата на Украина ми текна мене колку е саатот и ич не се замарам повеќе за 'праведност' на Евровизија. И не само после украинската победа, туку и други работи покрај тоа. Настрана од сето тоа, да го споменеме и да му оддадеме чест на Либан кој што е жртва на Израел и на Евровизијава не учествува заради нив. А можеби ќе беа многу добра држава зашто нивната планирана дебитантска песна од 2005 беше прекрасна балада и Мика, водителот од 2022 и познат хитмејкер, изрази желба да си ја претставува родната држава во сега далечната 2007.
Се сеќавам на Евровизија 2005. Тогаш Либан одби да учествува заради Израел. Во 1978, Јордан и уште некои арапски држави не го емитувале настапот на Израел. И кога веќе било јасно дека Израел ќе победи, за победник ја прогласиле второпласираната Белгија. Израел може да победи ако добие гласови од жирито. И ако биде така, некои држави ќе се откажат од учество.
А спомна ли некој колку е ПРЕЈАК овој ревијален настап: Колку ги бидува значи Швеѓаниве за да направат шоу, ревијалниве делови секогаш му се феноменални сите. Пресреќен што ја видовме Сертаб синоќа. Кога се гушнаа со Хелена беше баш кјут момент. Дали утре ќе го најават враќањето на Турција, како што направија со Луксембург лани, или тоа е сепак само wishful thinking на некои фанови? Иии знаејќи како изгледаат сите настапи еве ја мојата ранг листа за утревечер: 1. France 2. Ukraine 3. Norway 4. Lithuania 5. Portugal 6. Israel 7. Slovenia 8. Croatia 9. Sweden 10. Austria 11. Georgia 12. Luxembourg 13. Netherlands 14. Armenia 15. Germany 16. Latvia 17. Serbia 18. Switzerland 19. Greece 20. Italy 21. Estonia 22. Cyprus 23. Finland 24. United Kingdom 25. Spain 26. Ireland Ах, копилињата од ЕБУ ја ставија Украина втора да настапи.
Не има дозволува Ердоган да одат на Евровизија. А баш би сакала да се вратат. Имаа убави песни. Само еднаш не влегоа во финале. Паметно што се повлекоа. Шведска многу вложува во Евровизија. На Израел им се качува рејтингот на кладилниците. Од вчера ми се допадна и настапот на Норвешка и Холандија. Спремај се за утре
Всушност и се сложувам со ова. Мене после Израелската едино најцелосен пакет ми е Франција, најдобро она да победи, Израел второ или трето. Како и да е Израелската за мене е најдобра оваа година. Не знам дали уопште и ќе гледам финале уште, ја пренапнаа и претераа више од сите страни. When them feels hit.
Стварно се надевам дека не се доволно гадови, а и глупи, да прогласат Израел да биде победник. Јас од вчера имам грутка во грлото во врска со Евровизија затоа што прават многу сериозни прекршоци. Да вметнеш фејк аплауз и да исклучиш микрофони додека е пренос во живо е цензура. Мислев дури дека нема да пуштат Израел да оди во финале за да избегнат понатамошна драма, ама они ко намерно. Организаторите се очигледно баш подржувачи на Израел и е поразувачки. Не знам вам како ви е сеедно, не е поентата дека е нешто крива учесничката што е од Израел, туку тоа дека Евровизија експлицитно го поддржува Израел и се без осет во врска со Палестина. Кога беше војната со Русија ја отепаа со пораки за мир. Meanwhile Украина во настапот има во позадина слика што представува фосфорни бомби кои им ги фрла Русија. И како е ова фер?
Не верувам дека ќе победи Израел. Нема ништо фер на Евровизија. Разочарана сум од синоќа. Франција најдобра. Ама таква песна нема да помине кај публиката. Италија ме разочара со стајлингот.
Израел многу ми се допадна а и холандската е заразна. Евровизија е натпревар за најдобра песна, настап, а не за дискриминација на основни човекови права кој треба да настапува а кој не.
Порано на Евровизија се пееше во живо, со хор во позадина. Ова денес е ужас. Се натпреваруваат кој е повеќе изопачен, затоа престанав одамна да гледам. Најдобро и да се укине.
Девојката од Израел е жртва. Заради политиката на Израел седи во соба. Имала и обезбедување. До кој степен дојде Евровизија. Да се плашиш да пееш на сцена. Памтам кога ги свиркаа сестрите близначки од Русија. Исто и Полина Гагарина. Во 2016 намерно ја бутнаа Русија за да победи Украина. Хрватска нема да има гласови од жири. Украина падна на кладилниците. Ирска во првите 5. Ќе биде интересно утре. Колку пати може да се гласа преку евровизискиот сајт/апликацијата? Сакам вечер да гласам.
Не, ни Русија не треба да настапува ни Израел. Навистина не разбирам како може некои мислења толку да бидат нон шалантни во смисла "политика е едно, натпревар друго", кога политиката во прашање вклучува војна и буквално секојдневни убиства на луѓе? I couldn't care less што толку се чувствувала небезбедно пејачката, да била чoвечна немало воопшто ни да се пријави да настапува и да ја претставува нејзината земја. Песната мене лично ми беше океј, ама навистина не очекував дека ќе дозволат да влезат во финале.
Мене ми е преубава и да баш заради тоа ми се истакнува. Од друга страна, па Австрија ништо посебно, малку 80s вајбот придонесува, но не ја ни запомнив. Норвешка е предобра според мене, нежно и хаотично истовремено.
Јас сум изненадена од Норвешка. И настапот и песната се супер. Убави песни испраќа Норвешка на Евровизија. Исто и Шведска. Данска последните 4 години имаат лоши песни. А и немаат некој јак пласман. Чешка не ми се допадна. Исто и Сан Марино.
Чешка како стил ми се допаѓа, но некако ми не,маше доволно енергија, поточно како усилено ми делуваше.