Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2024

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 8 јули 2023.

  1. Pitulica

    Pitulica Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    104
    Настапување на Евровизија не е основно човеково право, кршење на основни човекови права е тоа што прави Израел во Газа. Никој што крши основи човекови права не би требало да учестува на Евровизија.

    Не верувам дека е жртва, израел е толку политизирана да нема шанси некој кој не се согласува со политиката на израел воопшто да добие шанса да учествува на Евровизија.

    Ниско од EBU што менуваат вокали, снимки, додаваат аплаузи и слично, ама ако погледнете историја на EBU ќе ви биде јасно што го прават тоа (од исти причини поради кои Германија го поддржува Израел, се плашат да не ги обвинат за антисемитизам).
    EBU за време на втората светска војна била Нацистичка организација, од страв да не ги обвинат за нацизам и антисемитизам EBU нема да застане против Израел, исто како што е Германија е верен поддржувач - буквално истата причина

     
    На Космонаут, MyMala и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Не сте свесни колку звучите злобно и дискриминаторски. Цел народ у ист кош ставен поради неколкумина таму што одлучуваат за војна. Страшно.
     
  3. Pitulica

    Pitulica Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    104
    Кажи им го тоа на сите во Газа кои не знаат дали ќе преживеат до утре.
     
    На boo3, MyMala, staycalm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Значи би била ок со тоа да те мрази цел свет тебе и твоите најблиски ако си родена во Израел.
     
  5. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    А што со гостите од Израел во публика и придружбата на пејачката, имате некоја информација како се постапува со нив? Може глупаво прашање, ама ме интересира, дали има и за нив некои мерки.
     
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.341
    Пол:
    Машки
    Еден Голан не е никаква жртва.

    Секогаш се смешка цинично кога новинарите ја прашуваат прашања во негативен контекст за Израел, вчера еден новинар ја праша дали мисли дека со нејзиното присуство на Евровизија ја загрозува својата и безбедноста на останатите натпреварувачи, на што таа одговори дека е на вистинско место во вистинско време и не загрозува ничија безбедност.

    Сама изјави дека само што ќе заврши со Евровизија ќе се пријави во војска во Израел (активен поддржувач на геноцидот врз Палестина).

    Снима хехенца видеа од тоа како наводно вежба за настап - во позадина дел од делегацијата и свирка и вика Free Palestine и се смеат.

    Цело време прави се' искалкулирано и со цел, целата таа финоќа и невиност е лажна и е жално што не го гледате тоа.

    Израел има цела машинерија за ова, илјадници луѓе работат онлајн и офлајн за да се прикаже Израел како невина жртва.
     
    На Космонаут, Waverly Raven, Konfetka и 10 други им се допаѓа ова.
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.560
    Пол:
    Женски
    Немој да ме је*еш.
    Да не се повторувам, ама ај да скратам.
     
    На exceptional му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Еден Голан како девојка од 20 години, е единствено жртва на пропагандата од својата држава. Не можеш да знаеш подобро кога од мал те учат да си ционист. Така е со сите деца и луѓе во Израел. Они немаат друга перспектива и најмногу емпатија што можам да осеќам е за тоа.

    А на Евровизија, се гледа дека девојкава мисли дека е многу јака што настапува покрај целата ситуација, као нешто фазон види сите ми вршат булинг, а јас моќно пејам. Испран мозок.
     
    На Waverly Raven, Konfetka, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.956
    Допаѓања:
    90.237
    Пол:
    Женски
    Луѓе не ја претварајте темата во нешто што не е.
    Нема потреба од навлегување во политика и анализи
     
    На Ahoy, emiliana, exceptional и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.341
    Пол:
    Машки
    Уште еднаш ЕБУ се покажа како хипокритична.

    Бамби Таг (Ирска) е приморана да ги тргне двата цитати во поддршка на Палестина од лицето и ногата за да настапува на Евровизија, додека Украина може да претставува фосфорни бомби во настапот.

    Настапот на Ерик Сааде не го обавија никаде и изјавија дека жалат за неговиот настап, заради тоа што Ерик носеше куфија на раката, палестински симбол кој често се користи во пропалестинските и антиизраелските протести.

    Баш се надевам дека утре Бамби ќе успее да прошверца палестинско знаме и ќе го развее, како што направи Исланд во 2019.
     
    Последна измена: 10 мај 2024
    На Космонаут, Waverly Raven, Konfetka и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Pitulica

    Pitulica Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2023
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    104
    Сум имала чест да работам со Израелци од кога почна конфликтот. Секој што има било каква позиција и било што добил од државата апсолутно го поддржува Израел. Таа не се оградува од дејствијата што ги презема нејѕината држава, напротив, уште и ги поддржува. Апсолутно никакви симпатии немам за нејзе и Израел на Евровизија.
     
    На Космонаут, MyMala и Srckata28 им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    У пм, ова е жално.

    Исто, се чудевте зошто Белгиецот не поминал, на раката на настапот имал напишано 'Peace', и готово, им згазна на жуљот.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.341
    Пол:
    Машки
    Во однос на Белгија, не верувам дека ЕБУ се има замешано за NQ, на Белгија и порано и се има дешавано shock NQ.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.560
    Пол:
    Женски
    А вештерката само ја опоменаа, да не им фрли/ла некоја магија па, да не си играат играчки.
    Crown the freaking witch already, or whatever the f*ck she says/wants. :worried:

    Песната на Израел првично насловена "October rain" и наменета за терористичкиот напад во Октомври, се додека EBU не побара од Израел да го смени насловот и дел од текстот, и со тоа и е неутрализирана делимично пораката.

    https://escbeat.com/2024/03/10/isra...e-the-main-lyrics-changes-have-been-revealed/

    Ако сеуште не е јасно, Eвровизија по ова прашање пробува да одржи неутралност.
    И тоа е најдобро во ситуацијава.
    Банирање на претставничката, и протести околу ова нема да помогне ама баш никако со ситуацијата со Израел-Палестина, баш напротив.
     
    На SummerGirl и exceptional им се допаѓа ова.
  15. Iva:)

    Iva:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    569
    Пол:
    Женски
    Холандија не настапила на пробата денес, најверојатно ќе ја дисквалификуваат заради некој испад од вчера, се спомнува некоја подршка на Палестина на пресот а Белгија на преносот на ТВ имала некое известување за време на првата вечер против Израел па можеби затоа е казнета да не помине.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.205
    Допаѓања:
    36.678
    Пол:
    Женски
    Не ме чуди. Го упропастија настанот. Мислам дека денес се пробите за жири. Знам дека гласаат ден пред финалето.
     
  17. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    На пресот Холанѓанецот и го сврте грбот на Израелката, и го стави знамето врз глава да не ја гледа додека збори. (facepalm)
     
    На Космонаут и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. Iva:)

    Iva:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    569
    Пол:
    Женски
    Денес не му било дозволено да настапи на генералната проба и отворена е истрага, можна е дисквалификација. Иначе баш супер направил, цар.
     
    На Konfetka, SummerGirl и exceptional им се допаѓа ова.
  19. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Штета баш ми се свиѓаше песната, но оправдано ако ги дисквалификуваат глупава реакција на холанѓанецот, строго против национализам сум.
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.205
    Допаѓања:
    36.678
    Пол:
    Женски
    Штета. Баш ми се допадна. Ако го дисквалификуваат ќе платат и парична казна. Се знаеше дека ќе направат некој скандал оние кои се противеа на учеството на Израел.

    Шпанија (facepalm) Велика Британија просечен настап и просечна песна. Словенија ме изненади.

    https://escbubble.com/2024/05/europapa-misses-the-dress-rehearsal/