1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2024

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 8 јули 2023.

  1. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Честито за Аљона Аљона и Џери Хајл во Украина! 2/3 фаворити ми победија сношти. Со ова воедно, Украина е мојот нов број 1.
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Гледам на некои сајтови фаворит е Украина. Ништо чудно пак да победат. Разочарана сум од настанов.

    Читав дека песната на Шпанија е плагијат на некоја песна од Неда Украден. Настапот е (facepalm)

    Ми фали Турција. Имаше доста добри песни и одлични претставници. Ако го сменат начинот на гласање може ќе ги има пак на Евровизија.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.236
    Допаѓања:
    12.850
    Пол:
    Женски
    Аман више од таа Украина значи аман.
    Толку досадни се со ова форсирањево.

    Све едни та исти победуваат со намештаљки, ич не е фер.
    Како на оваа, така и на детската Евровизија.

    Одамна, со години не го бива настанов.
    Ова више не ни вреди да се прати.
    Точно. Одлични си беа Турците, ќе им се фатат на мал прст сегашниве.
    Видоа колку е саат и се повлекоа, паметно.

    Све само Евровизија не е веќе.. Штета.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Не се будали да учествуваат во циркуз. И Унгарија се повлече од слични причини. Пред некој ден ги слушав песните од Евровизијата кога пееше Тоше. Е тоа беа песни. И Детската евровизија ја упропастија. Голотија на сцена, глупирање, плачење, кокодакање... Ужас.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    24.927
    Пол:
    Машки
    A зошто воопшто гледате и коментирате ако е настан кој не ви ги задоволува стандардите на квалитет, умереност, пристојност, шта год? :D

    Тоа дека Zorra е копија од српска песна, мало сутра. Прво зашто тие што ја правеле не ни знаат дека постојат српски песни од Неда Украден а второ на Евровизија плагијат веднаш се дискфалификува, никој не е будала да проба да претставува држава со плагијат песна.
     
    На theowndemon, Glowy, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    24.927
    Пол:
    Машки
    Има уште време и надеж да ќе ја дискфалификуваат Израел од Евровизија. Ако важи за еден нека важи за сите. Не знам, се надевам дека ќе се избацат со некоја песна што ги прекршува правилата па да ги исфрлат по брза постапка..

    До душа, лично мислам дека EBU не сака да дискфалификува држави, бидејќи уште од старт значи помалку пари, помалку фешти, помалку гледаност, помалку се'.

    Верувам дека и Русија не сакале да ја дискфалификуваат но се крена голема фама, 9 држави изјавија дека е неприфатливо тие да учествуваат ако Русија учествува, за Израел сега дали една држава кажа такво нешто.

    Белорусија на пример кога ја дискфалификуваа во 2021 за политичка пропаганда за лидерот нивен, прво и дадоа втора шанса да понудат втора песна, па веќе кога понудија втора со иста порака, тогаш ги дискфалификуваа.. :D
     
    Последна измена: 7 февруари 2024
    На theowndemon, Glowy, Ace Cetvrti и 3 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Затоа што се надеваме на некоја добра песна. Како што тргнало :x Лани само 6 песни ми се допаднаа. Другото (n) Баш ме интересира што ќе испратат Хрватите и Србите.
     
  8. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Ги слушнав повеќето песни од Санремо, има доста убави. Многу ми се допаѓа песната на девојката што води на кладилниците, би бил среќен доколу победи. Каков вајб! <3 Конечно женски вокал за Италија, а и од музичка гледна точка е освежување за таа држава. Има јаки сценски движења и баш ме интересира каков концепт би смислиле за сценски настап за на Евровизија.



    Прекрасна сцена и графички дизајн, како и секогаш.

    Измена: Ќе го постирам и спотот зашто мислам дека настапите во живо за некое време ќе бидат недостапни (секогаш прават така од РАИ, не знам зошто).

     
    Последна измена: 8 февруари 2024
    На staycalm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Убава песна. Ако отиде на Евровизија сигурно ќе биде во првите 10. За победа, тешко. Едвај чекам да видам што ќе понудат Хрватска и Србија. Читам дека Констракта пак ќе настапува. Може пак ќе има рецитирање. Вака - така успеа да освои петто место. Израел во првите 5 на обложувалниците. (facepalm)
     
  10. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Вечерва бираат Финска, Латвија и Италија.

    Според исечоците од пробите, финскиот избор ќе биде ултимативното фрикшоу. Има две достојни песни. Јас навивам за електро-рок бендот Сајан Кикс (ја засакав доста нивната песна со тек на време), а фаворит е една женска драматична балада. Ми се допадна и таа, плус е на фински, а јас го обожавам финскиот јазик, но сепак ми е чудно што не слушнавме ништо што претерано се издвојува на финскиот избор годинава, а завршија втори лани. Се сомневам дека она биле најдобрите 7 песни од пристигнати 400 на нивниот конкурс ама кој знае каква цел и визија имаат главните луѓе на проектот нивни. А вложен е труд во ПР и промоција таму за изборот ама според мене за џабе.

    И во Латвија главниот фаворит е една просечна и веќе слушната машка балада. Се обидува пејачот подолго време да отиде на Евросонг па можеби годинава ќе му се посреќи. Сепак, достојно. Латвија секоја година има многу добро продуциран избор и сценографија ама за жал резултатите на Евровизија им се многу слаби, а нивните песни и настапи скоро секогаш доста ми се допаѓаат.

    Најверојатно Италија ќе биде земјата што ќе ја 'спаси' вечерта бидејќи имаат неколку добри опции во игра. Како што веќе напишав погоре, јас сум #TeamAngelina.
     
    Последна измена: 10 февруари 2024
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.938
    Пол:
    Женски
    Што побогу пратија Финциве :D:D:D:D:D:D:D:D
     
    На staycalm и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Сега видов дека победила Анџелина. Баш ми е мило. Финска :x
     
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    24.927
    Пол:
    Машки
    Ми се допаѓа изборот, исто така ми се допаѓа што конечно Италија ќе понуди женски вокал на Евровизија, ама не можам да се помирам дека Махмуд не победи. Убедливо најдобра песна и потенцијал за успех на Евровизија имаше, според мене.
    Ова е типичен пример дека жирито дефинитивно ни е потребно. Ставиле жири 25%, публика 75%, Windows95man со joke entry последен од жири, победува. Смешки. Да немаше подобар избор, ок, не би ми пречело. Ама на такви песни и вокали да победи ова ми е едноставно несфатливо. 50/50 треба да е жири и публика за вакви испади да не се дешаваат, или нека си биде 100% телевотинг па да нема после замерки никакви..
     
  14. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Откако го видов настапот, ми се допаднаа Финците. :D Се заебаваат. Како да прават пародија на некои стереотипи за Евровизија. Нешто слично што сакаше да направи Виктор со Супермен кај нас. Iconic и смешни ми се. :D

    @staycalm Ова ми беше најдобар обид на Махмуд на Санремо/Евровизија ама доста му беа веќе два пати. Нека даде шанса на некој друг. :)
     
    Последна измена: 12 февруари 2024
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    24.927
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20240215-203622_X.png

    Хехенце. Ајде и втората нека е политичка и мрш од Евровизија :inlove:
     
    На SummerGirl и Srckata28 им се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.374
    Пол:
    Женски
    Ја има песнава да се слушне или не е објавена?
     
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    24.927
    Пол:
    Машки
    Не е објавена, одбиена е од European broadcasting union ради текстот, но имале уште 2 песни што не се одбиени, па најверојатно ќе биде една од таа.

    Исто така денес официјално било изјавено дека Израел нема да биде банирана од Евровизија, како што беше Русија. :puke:

    Ништо од надежите за дискфалификација.

    Сега преостанува гледачите да ја бојкотираат Израел со негласање, друго нема.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    На еден форум прочитав па дека не биле вистинити информацииве дека ЕБУ им одбиле песна на Израел. Кој знае. Не ми е ни битно веќе. Светот посекако е полн со неправди.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Денес и утре ги дознаваме песните претставнички на Данска, Литванија, Молдавија, Естонија и Германија. Во продолжение ги споделувам песните кои сакам да победат на тие национални избори (ги немам слушнато сите песни, само некои меѓу кои и главните фаворити). Освен Молдавија бидејќи не ме привлекува некако нивниот избор.

    Данска
    Аура Дионе ја знам и ги сакам нејзините песни уште од далечната 2012 година па би бил многу среќен ако ја видам на Евровизија. Нејзиниот најголем хит, „Friends“ која ѝ е соработка со Rock Mafia е доста популарна песна со 46 милиони прегледи на Јутјуб па некои луѓе можеби ја знаат. „Mirrorball of Hope“ ми дава еден прекрасен 2012/2013 вајб, исто како што ми даваше „Tattoo“ лани па од мене има преодна оценка. <3 Виолините во песнава ми даваат многу убав шмек, а нејзиниот глас ме потсеќа на гласот на Шакира (можеби не толку во оваа песна, но во некои други нејзини песни тоа е поизразено, како во „Geronimo“).


    Литванија
    Одлична продукција, модерна песна, кечи мелодија и целосно на литвански. Литванија е повторно во игра за ТОП 10!


    Добра е и песната (и текстот и музиката) на The Roop, нивните претставници од 2020 и 2021, но Луктелк е подобра за Евровизија, а претходниве и веќе беа еднаш...

    Естонија
    Како дете на 2000-тите години секако дека сакам ваков тип на рок музика.


    Ама штета што дечкиве немаат никакви шанси. Изгледа и Естонците ќе одат да се заебаваат оваа година ама joke песната која што е фаворит воопшто не ја сфаќам (се уште немам најдено превод на текстот од естонски).

    Германија
    Интересна и убава инструменталка, вокал и начин на пеење. Да се издвои на оваа песна ќе ѝ треба многу добар сценски настап, некако ми делува на песна која би завршила на 15-то/16-то место во финалето, поддржана од жирито, а заборавена од публиката. Сепак, достоен претставник!


    May the odds be in my favourites' favour!
     
  20. Ace Cetvrti

    Ace Cetvrti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2023
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    225
    Пол:
    Машки
    Моментален ранкинг:

    1. Italy
    2. Norway
    3. Ukraine
    4. Lithuania

    5. France
    6. Luxembourg
    7. Finland
    8. Slovenia
    9. Albania
    10. Ireland
    11. Estonia (едвај чекам да дознаам за што се работи во песнава. Нешто за дроги? Иако лично не ми прави ќеф, убаво е да се види дека е многу популарна во земјата која ја претставува. Публиката лудуваше и ја знаеше напамет, и во полуфиналето и во финалево.)
    12. Moldova
    13. Czechia
    14. Spain (после изборот што го направија викендов Германија и Данска, па и Латвија претходниот викенд, сфатив дека понекогаш е подобро да си контроверзен отколку досаден. Барем ќе бидат интересни. :') И кечи е песничето, па „ми прирасна“.)
    15. Latvia
    16. Malta
    17. Germany
    18. Denmark

    П.С. Болдираните ми се 10/10 песничиња. :)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.