Што е работата као изненадени од тоа како функционираат политиките околу настанов? Па двојни аршини имало, лицемерие и не знам што. До сеа не ви беше ова јасно, туку сеа ви се разјасни? После коа сме коментирале негативно, мрчатори сме кои серат за инает. Допрва лицемерието и превртените вредности ќе искочат на површина. И дури политиката е одлучувачка тука и се меша, ќе биде срање од настан. Криви сме што уште го пратиме, од навика дека на Тв даваат и ај се решавам да глеам, а не ни требаше нашиве да пренесуваат коа не учествуваме ние 2 години више, иначе да не даваа, мало сутра шо ќе гледав. Сигурно немаше на РТС или ХРТ специјално ова баш да пуштам, на Јутјуб па неам навика ич. Песни ко песни, тие шо ми се допаднаа ќе ги пуштам и тоа е се. И вас искрено не ве сфаќам како до овој степен ви се замара со ова па и се потресувате и влагате у филм толку.
Израелските новинари упорно и упорно ги вознемируваат останатите делегации, последно холандската, намерно снимајќи ги со прашања "каде бевте, ни недостигавте на сцената". Мизерии бедни, ваква непочит и скандали од овој размер досега немало на Евровизија од ниедна држава.
Има шпекулации дека Холанѓанецот удрил некој од израелската делегација откако ја исмевале смртта на неговите родители. Ова се непотврдени информации.
да не знаете каде во скопје ќе има емитување на евровизија утре? знам дека некогаш има во некои кафичи/барови
Еве го костимот на Angelina Mango искрено најмногу ми се допаѓа вас како ви се допаѓа??? Италијански dress-code црвено-црн.
Норвешка прејаки, од сцена со брановите, дечките со гитарата, сцена… и Холандија исто ми остави вчечаток
Грузија влезе во финале со песна на македонецот Дарко Димитров Синоќа, во арената во Малме ечеа песните на 16-те учесници во второто полуфинале на Евровизија 2024. Десет од нив си обезбедија пласман во финалето кое ќе се одржи утре (11 мај) и ќе се борат за победа над останатите финалисти. Грција, Израел, Латвија, Грузија, Австрија, Холандија, Норвешка, Естонија, Швајцарија и Ерменија се земјите кои синоќа добија најмногу гласови и продолжуваат со учеството во музичкото натпреварување. Иако Македонија годинава нема свој претставник, песната на Грузија има македонски автор. Нашиот продуцент Дарко Димитров е еден од авторите на Firefighter, песната со која Нутса Бузаладзе влезе во финалето.
Норвешката песна е фантазија, нешто посебно и можеби предобро за на Евровизија, уникатно во секој поглед. Талент, оригиналност, настап, музика, спектакуларни беа. Најразочарана убедливо од Италија, потпросечна песничка ајде добро, но костимот и настапот... Нарочито костимот, ужас.
На МРТВ, утре финале во 21:00. Ама јас си гледам во живо на јутуб, има пренос, на официјалниот евровизиски канал.
и јас гледам на јутуб, само утре нема да го фатам финалето дома, знаете ли луѓе дали има шанси некаде да се гледа во живо? кафич/бар/едно друго? знам на многу места има watch party
Ау. Ептен ја претераа. Зошто ги Израел има до тој степен во chokehold? Баш презаштитнички постапуваат додека екипата на Израел и новинарите намерно провоцираат.
Што е со Норвешка? Ја немав слушнато песната, го гледав само настапот. Не се фер, не можеле годинава глупа песна да испратат? Баш има конкуренција, ама стварно сакам Хрватска да победи. Ова погоре не сум прочитала што се случило/случува.
израелците си купуваат телегласови, глумат и прават глупости за да провоцираат, другите, нормално, реагираат, не се знае уште дали холанѓанецот сам се откажал или го дисквалифицирале (пак, заради израел), а евровизија е на нивна страна, се знае кој контролира одозгора, и така.
Сепак не е официјално, затоа го избришав постот. Ама натаму оди, истрагага била уште во тек и преговарале со националниот сервис на Холандија, па Joost вечерва нема да настапува за жирито, ќе пуштеле негов претходен перформанс. Ептен нефер и дискриминирачки, тоа ептен ќе го оштети. Или жирито намерно ќе го гласа повеќе. Joost наводно ги избришал сите сториња и хајлајтс поврзани со Евровизија од Инстаграм. Колку ниско да уништиш нечиј детски сон, за ништо. Нормално дека ќе реагира ако се побивале за неговите починати родители. Ќе ја распаднат Евровизија за држава што не ни е во Европа.
Јас сега видов на тикток, неофицијално, дека инцидентот се случил со новинар Швеѓањин уствари. Баш ме интересира, се надевам ќе дознаеме што било.
Наводно имал физичка пресметка со фотограф. https://eurovisionworld.com/esc/the-netherlands-joost-klein-not-rehearsing-until-further-notice
И јас го прочитав тоа на Твитер, ама некако не ми е верно. Ќе видиме, вака или онака, вечерва го унаказија.