Ете, гледаш збрка. Вечер кој сака да гласа треба добро да гледа во аголот со бројката иначе летна гласот за погрешна.
На генералната проба која се случува во моментов, неколку изведувачи, вклучувајќи ги оние од Грција, Ирска и Швајцарија, не се појавиле на flag parade, односно отворањето на големото финале. Интересно.
Јас мислам дека не треба никој да се откаже од настап вечерва, како што вели Бамби, ако сите се откажат буквално ќе и ја препуштат победата на Израхел. Треба да настапат и да најдат некаков начин да изразат незадоволство кон ЕБУ и поддршка за Палестина.
Почитувам се што прават за правда, ама во исто време сакам да се истера Евровизијава за да победи Бејби Лазања. Боље да го бојкотираат Израел на некои начини, со 0 бодови од жирија и слично, отколку вака. Јас веќе украсив за Eurovision watch party кај мене, ќе видиме дали ќе има Евровизија за гледање.
Не ми се верува дека ќе во речам ова, ама... Едвај чекам да помине сето ова. Сиот мерак ми се сјеба, ова е буквално плукање во лице на фановите, она заради кое евровизија беше толку успешна. Заборавија изгледа дека фановите го прават шоуто, а не неколку луѓе во костуми. Ќе размислам дали ќе следам догодина, најискрено. Мерак и се, ама неќам некој да ме моча.
Знам и јас баш тоа се запрашв во која смисла е кажано дека е дисквалифицирале кога не е помината во финале, ама ете зошто не можев целото видео да го пратам зошто има над 5 МБ ви пратив скриншот само од екранот.
Ако е дисфаликувана, тоа значи дека нема да гласаат, ни жирито ни телевотинг. Ама немам прочитано дека е дисфаликувана.
Ирскиот RTÉ извести дека Bambie Thug побарала од ЕБУ да се осврне на коментарот на КАН за време на нивниот настап и изјавила дека треба да бидат дисквалификувани доколку ги прекршиле правилата на натпреварот.
Одлична прилика да победи лесно Бејби Лазања, нека се тргнат сите овие политички манџи и останати циркуси. Грчка си настапила нормално на пробата. Иркињата бистри политики кога веќе кога немаат песна,мора да биде некако во центар на внимание. Нека се тргнат кому смета и нека не замараат со политики.
Што мислеа дека ќе се деси? Прво дозволија новинарите да шират една верзија на настанот, потоа кажаа друга. Ако стварно претерал си заслужил. Ама, подетално објаснување да кажеа или некаков доказ. Плус со Израел на сцената, нормално дека луѓето се бесни.
Фаворит ми се Швајцарците (морам множина, јер небинарни . ) Мене стално ми се допаѓа Швајцарија Навивам за Хрватска, јер Балкан Нека победи најдобриот
ИЗРАЕЛ ќе доби 0 од жирито од сите скандинавски и балтички земји, плус Холандија, Белгија, Грција, Италија, Шпанија, Португалија, Ирска и Исланд...од публиката ќе биде прво место (направија лом купувајќи смс картици), но мислам нема да победи. ЕБУ ги бриши сите коментари на видеото од израел од полуфиналето, нема ни 1 негативен комнетар, а на инстаграм не може да се коментира.