Типично за Полска, изгубивме уште една потенцијална топ 10 песна. Жирито ја избра: Оваа беше фаворит на сите фанови на Евровизија, изгубила за само 1 поен помалку од горната.
НЕОФИЦИЈАЛНИ ВЕСТИ: Израел планира учество на Евровизија со песна со име October Rain, посветена на случувањата на 7 октомври (кога хамас ги нападна), во песната имало политички фрази и конотации, а пак од КАН (јавната радиодифузија во Израел) одбивале да го сменат текстот. Доколку ова е точно, а текстот не биде сменет и одлучат да учествуваат со оваа песна, Израел ќе биде дискфалификувана од Евровизија.
Лол, требаше текст со политичка содржина да испратат за да им текне на овие да реагираат. Требаше истиот третман како Русија преклани да го добијат и никако поинаку. Еден куп фанови ќе ја бојкотираат Евровизија годинава токму од политички причини.
Дали сме океј после Лет3 и втора полуфинална вечер на Дора? Каков Бејби Лазања, ова ако не отиде јаз'к. 20 минути се смеам ко ретардирана.
Стејкалме овој пее дека нозе не мие дури Северина назад со розов чекан мавта, не ме заебавај, ова е победник на публика песна, си се надминаа од лани. Буквално уште солзи ми течат.
Бејби Лазања мислам дека исто ужасно ќе помине во живо со пеењето. Не ми стои дека ќе успее да ја испее песната. А го слушнавте ли оној крик од не знам кој беше? Е тоа беше за смеење со солзи. Мислев дека ние лоши песни праќаме, ама ова што излезе од Хрвативе е очај.
Луѓе де бе не зборете така! Јас верувам дека ќе има одличен сценски настап, а вокално верувам дека ќе биде океј. #PositiveVibesOnly Хрвативе ако не го изберат Бејзи Лазања најголема грешка ќе направат! (Aко успее да утне настап целосно како Harmonija Disonance лани, тоа ќе биде криминал)
И јас се надевам дека бејби лазања ќе биде, ако добро помине во живо. Друг освен нив не знам, пак Лет 3, ама е веќе видено, мене досадни ми беа. Ватра супер се вокално, ама за жал избрале многу неевровизиска песна, баш штета.
Искрено според тоа што го слушнав синоќа мене вокално сите ми беа лоши, освен францускиот претставник. Не знам дали да ги обвинам артистите или организацијата. Вечер ќе бидиме што ќе се деси, само Бејби Лазања да не ја укака. Ако ја укака, ондак нека биде Еуген - Тишине, Натали - Дијаманти или MARCELA - Gasoline. Во секој случај, некако не гледам потенцијал за топ 10 кај другиве, освен Бејби Лазања со топ настап. Лет 3 не го прифаќам како опција за победа Уште лани не бев за нив иако беше нели ново, ама годинава се толку свесни дека немаат шанси за победа па ја домкнале и Северина за да ќарат некој глас плус.
Ватра се во другава вечер, не беа вчера. Вчера сите беа очај, освен еден кој не пееше лошо, ама песната беше успаванка, не знам како се викаше. И овој Еуген леле боже, ко прв пат да земал микрофон во раце беше. Го слушнав францускиот претставник, гласисште, колку далеку пееше од микрофонот и пак моќно звучеше. Овие другиве не знам, може требаше да го голтнат микрофонот. https://x.com/oceaniito/status/1760767213659627729?s=20
Мене ама баш сите ми се досадни освен Словенката, песната ќе ми остане во плејлиста Евровижн кај што си ги слушам до денес сите песни што ме бендисале. Добро, Лет3 се луди, и лани и сега, ама тие се... спрдачење Ние ќе учествуваме ли? Ај поупатените кажете, јас поима немам
Комплет шлакотини со поента Мене ми се пресмешни и предобри, уште од Моја Штикла кога си денсаат рандом по видео
Лани дека дрег кралицата што им играше на бимот се викаше Јованка Брозтитутка А за Словенечката песна не знам дали прочита приказна зад истата, некоја страна поназад стејкалм ја има напишано приказната што стои зад песната, преубава е. И мене ми е таа 12 поени годинава. 12 - Словенија 10 - Норвешка (не знам од овие две која ми е поубава) 8 - Шпанија со ороспиите
Еве ја приказната. Исто и мене ми е врв песната, ама мислам дека на нас ни е некако поубава пошто е на словенски јазик (поблизок до нас), плус целата таа вистинска приказна зад песната. Ако не пренесат приказна со сценскиот настап, мислам дека нема да се пласира високо за жал. Очекувам некој artistic настап со темни сцени, а при крај цела сцена да блеска . Вокално верувам дека ќе биде добра, ама последниот дел од песната мора да биде перфектен за да го привлече и жирито, секако, во комплет со сценски настап.
Да, да прочитав на официјалната страна на Евросонг, меѓутоа и без да ја знам позадината песната ми е преубава, и вокално, и аранжман, и спот, се надевам на еднакво фантастичен настап во живо. Мене ми е реткост баш толку да бендисам песна
И оваа година не учествуваме. Уште поубаво. Не ми текнува кого можеме да пратиме. Скоро сите беа. Фаворити: Италија, Франција и Белгија. Лет3 Вчера читав дека на Израелците им било кажано да сменат песна. Во спротивно - бан. И така треба.