Мајко мила не се ни слушаше дали пее или не, микрофонот го држи 30цм од устата ама сценскиот настап беше добар, мислам
Леле, лош беше Лазањата. Ако оди на Евровизија предвидувам малце подобар резултат од Лук Блек ама ништо значајно. Можеме да бидеме сигурни дека ќе падне сега Хрватска на кладилниците. :') Ајде, може ќе променат настап до Евровизија ама не очекувам многу. А Лет 3 се напаст иако не во онаква мера како лани. Е стварно не знам кој би требало да оди. Никој не беше 100% добар ни синоќа а ни вечерва досега. Еј ете ги Ватра, белки тие ќе бидат добри. П.С. Д Сплитерс ми беа најдобри лани на Дора а и годинава имаа одлична естетика, ама песната овој пат досада. П.П.С. Уствари A Tamburitza Lullaby може да оди според мене.
Боже каква гласчина има овој Дамир, дај нека му направат некоја асална песна веќе еднаш, секоја година со безвезални песни се обидува, а има голем потенцијал.
Бејби лазања Прелошо, настапот само ако ги извади. И Ватра звучеа баш лошо. Најдобро ко нас, никој да не оди мислам. И онаа со дијамантите ја реши, ко една недела да не какала.
Па и немаме. Од нашиве жими Тамара беше и тоа како асална, 6то место и најдобар пласман ни е. Од жири беше со најмногу гласови, со гласови од публика стигна 6то. Ама имаше добра песна и добар вокал е, лесно влага во уво, убава порака има. Сега не успеваме ни да се пласираме во финале... И во право си, јас сериозно не знам некој кај нас да прави добри песни, Влатко пее убаво, ама сите песни му се па исти, ништо да отскокнува. Може и вокал ќе се најде, туку за асален текст и музика требаат пари, а нашиве немаат и така.
Аман зошто се дереше Натали, па и празнo делува сцената цело време.... Значи буквално сите звучат лошо освен Дамир. Како и да е, пак треба да иде Бејби Лазања, добар сценски настап има, има време да иде на часови за пеење и да вежба за сето тоа да звучи добро
За Тамара се согласувам. И Калиопи беше добра. И уште 3-4. Другото аут. Или утка со пејачот, со сценскиот настап или со песната. Секогаш мора нешто да упропастат. Тоше требаше да ја пее Далеку од мене, а не Ангел си ти. Голема утка направија со него. Со тој глас можеше и балада да испее. Елена Ристеска имаше певлива песна, ама утка со пеењето и настапот. Најкрш ХХЛ и Ај Кју. Првите како за на Детска Евровизија. И песната и пеењето. Вторите имаа убава песна, ама другото Кого би пратиле.... Суперхикс, Влатко Лозаноски, Александра Јанева, Антониа Гиговска... На други не ми текнува. Како што викаш.... Требаат пари. Одредени држави многу пари вложуваат. И за настап и за песна. А нашиве со тој буџет
Сара Мејс може исто. Боби Андонов од Австралија да го викнат. Лара Иванова. Андреа е супер како пејачка ама многу слаба ѝ беше песната, за неа треба/требаше да купат некоја од странски автори (не би имал против пак да не претставува). Треба ако се вратиме да направат и МРТ ваков национален избор со песни избрани од отворен конкурс. Да видиме кој што би направил, кој што би понудил... Од тие што ги имаме пратено исто така не би имал никаков проблем да се вратат Каролина, Елена, Некст тајм, Тамара (секако и Лозано кој веќе беше кажан и заслужува втора шанса)... Секој што сака и има идеја зошто да не. Молдавија веќе неколку години со ред праќа стари претставници. Тамара би било јако и во ПЗЕ да ја видиме некоја година, а зошто да не и за Србија на Евровизија.
Не до државата, туку пејачот да има добра песна, му требаат луѓе кои ќе му напишат текст, музика, аранжман итн. а квалитетните не се ефтини, Тоше имаше фантастични песни, посебно последниот албум, ама види кој ги потпишува и македонските и хрватските песни. Изведувачот сам по себе и најдобар да е вокалист, не е доволно за добра песна. А нашиве пејачи едноставно ги немаат парите за да купат хитови. Не дека немаме ние композитори, туку не може да ги платат како што може пример Марија Шерифовиќ, како пример земам, песната "Добар вам дан" е продуцирана/аранжирана од Дарко Димитров, пратечки вокал и' е истиот, музика на Роберт Билбилов и текст на Леонтина. Не дека овие не можат за наш пејач да направат песна, туку збориме за пари што наш пејач ги нема. Дарко Димитров се потпишува на куп балкански хитови, пример Proud на Тамара, Ране - Анастасија, Фаворито - Huricane, Мушко више не могу - Јаховиќ и Беквалац, Вукови - Јаховиќ, Руине - Џејла Рамовиќ, Добро јутро љубави - Јелена Томашевиќ, Моје пролече, Свето писмо, Остани - Јелена Розга итн... очигледно нема македонски артисти во опусов негов (и тоа е само дел) на песни кои станале хитови. Него за пример го земав, а текстописци имаш избор од Леонтина до Вјекослава и куп други, Малинова совршено преведува на македонски. Ама сето ова кошта
Не им фали ништо на пејачите, фалат асални композитори. На Лозано ако не се лажам Лазар и Магдалена Цветковски сите песни му ги прават, па сите звучат исто. А тој му фали некој асален да му направи песна. Лара исто, Антониа исто, не е дека ни фалат вокалисти. Друго фали, песниве се' им се ала Глигор Копров 93та. Како можеа да го пратат Тоше со таа глупост од песна, англиската верзија уби Боже... веројатно најлоша песна во кариера му е.
Ја морам да кажам! Девојкава е дебитант и многу подобро се покажа вокално од некои други, многу ми е криво што не влезе во финале! Секако не е за на Евровизија, ама и те како заслужуваше финале
Сепак државата е таа која треба да вложи, министерство за култура или што знам. Ако сакаат тие да направиме и да постигнеме нешто би му дале пари на МРТ ама не им е битно. А и други работи се во игра, на времето Азербејџанците праќаа луѓе во разни европски држави и им плаќаа на рандом луѓе таму (студенти) да гласаат за Азербејџан. Ова го објави еден литвански сајт во 2013 (и од тогаш само еднаш имаат влезено пак во ТОП 10). И Азербејџанецот што им го понудил тоа на литванските студенти рекол дека секоја држава што сака да победи го прави тоа. А тек со жирито што се случува. Иначе не значи дека ако се хитови на Балканот ќе поминат добро на Евровизија. Димитров еден куп песни има направено/продуцирано евровизиски па само еднаш заврши негова песна во ТОП 10 - Proud. Изгледа дека е автор на грузиската песна оваа година па да видиме со неа како ќе помине.
Така е, знам, ни фалат добри композитори. Ама си викам кога би требало да прават евровизиска (за Лозано на пример) би се потрудиле да направат нешто уникатно, добро, посебно... Лазар му ги направи на Лозано Летам кон тебе и Блиску до мене со кои проба да оди на Евросонг на нашите избори во 2009 и 2010 и мислам дека се достојни и силни за Евровизија тие две песни (барем во тоа време). Проблем е што имаме само тројца асолни поп композитори кај нас и скоро сите овие што ги набројавме ако се избрани да одат би се обратиле кај нив, и затоа не можеме да очекуваме нешто ново и оригинално. Можеби добра опција би била и МРТ интерно да бира претставник па да му се даде шанса на странски автори да напишат песна (Симфоникс интернешнл, кои се автори и на Денс алоун на Јана правеа феноменални песни за Евровизија крајот на претходната деценија).
Дарко Димитров и Роберт Билбилов се текстописци на оваа Дијаманти хрватската. Словенката каков вокал е, предобра изведба, се надевам високо ќе се пласира. И Слимани и Раивен ги решија Хрвативе на нивно тло.
Јасно, меѓутоа идејата е на Балкан да помине добро, па комшиски да си доделиме гласови Сеедно, поентата е дека нашите пејачи не се во можност да направат евровизиска песна И настап, оти ние само нив ги гледаме, ама за да изгледа сето тоа како треба, многу има зад работа Лани за Констракта гласав, годинава за Словенката и ако Лет3 од Хрватска се. Србиве ми се мех. Не гласам за други држави секако, строго екс ју.
А за Туна што мислите? Можеме и неа да ја пратиме. Сигурно има повеќе пари од цела наша естрада така што може да си дозволи песна и настап. И таман Албанка, само еднаш имаме пратено Албанец досега. Не дека е битен етникумот ама чим четвртина од популацијата ни се Албанци зошто да не пратиме некого и од нивните пејачи, и тие да бидат претставени на некој начин. Ова што го велам нема врска со политика, историја, ништо, само една мала забелешка и мисла. :') Имаше и една девојка Канита, и таа Албанка од МК. Има дури учествувано на нивниот избор (во 2020, со песна од композитор Македонец - Бобан Апостолов) а и на Кнга маџике фестивалот нивни. На други АЛ пејачи од МК не ми текнува, не знам кој има некој добар. Лани ми текна идеја да се претставиме со некоја ЛГБТ песна, LGBT anthem што би се рекло. Со пејач од таа заедница секако. Би било прикладно за на Евровизија мислам. Измена: Ми текна и на Венера Лумани. Учествуваше на нашиот избор во 2009.
Карлеуша да ја пратиме догодина. Ем е препекана за Евровизија, ем во Србија никогаш нема интерно да ја одберат, а за ПЗЕ нема никогаш да се пријави због заради его, ем има пробано Словенија да ја претставува и ништо, не ја избраа интерно, па не отиде. Таман, за кај нас е. Сите среќни и задоволни.