Читам коментари погоре и не ми се верува дека после сите овие години некои луѓе се толку ограничени во врска со тоа кој треба, кој не треба да пратиме и ограниченост исто така во врска со стилот на песната. -_- СЕКОЈ што има желба и идеја треба да му биде дадена шанса и затоа е убаво да се има фестивал каде што ќе ни бидат понудени повеќе опции. Сетете се на Молдавија 2022, сигурно на некои овде таа песна и изведувачи им се селски или не знам какви епитети би и дале ама завршија ВТОРО од телевоутинг и седмо на крајот. Не постои правило. Во врска со Андријана, можеби МРТ беа инспирирани од успехот на Естонија 2023 - одличен вокалист, балада, убав сценски настап и топ 5 од жири. Инаку во 2008 Елена Ристеска заедно со Каролина, Миланка Рашиќ и Валентино Скендеровски беа во селекционата комисија за Скопски па веројатно тогаш таа се има бунето против Боки да не учествува во изборот а и другар и Ламбе учествуваше со Земјо моја таа година па веројатно беше пристрасна и сакаше да ја намали конкуренцијата. Песна на Димитров, btw. И чим Врчак и Тамара за само 3 поени не влегоа во финале сигурем сум дека Боки, Ферус и Биг Мама многу лесно ќе добиеја многу повеќе од тоа а во финале топ 15 не ни бегаше заради 100% телевоутинг и нашите многубројни соседи.
Рум дум дум ќе беше супер претставник таа година. Претпоставувам Кире Костов беше мотивиран од Бугарија 2007 (Вода, 5то место) да ја направи таа песна, зашто жанровски слични се. Автор на бројни песни кои оставиле белег во македонската музика, како Тајно моја на Тоше, Што те нема на Лидија Кочовска, Галебе мој тажен на Верица Ристевска, и други. Ама не, народот не сакаше да ја прати таа песна со оглед на тоа што заврши само петта од телевоутинг.
Видео за мамењето на Азербејџан на Еворивизија. И не е само Азербејџан ама другиве тоа го прават пософистицирано изгледа и не се откриени. xD
Знам дека е рано за евровизија, но сакам да прашам нешто. Дали ние можеме да гласаме ако не учествуваме?
Ако не учествуваме ќе гласаме онлајн во „Остатокот на Светот“, со претплата. Ако учествуваме ќе гласаме со телеволтинг, со претплата. Ако учествуваме ќе дадеме и гласови на стручно жири.
„Остатокот на светот“ е сите земји што не учествуваат на Евровизија, независно дали се од Европа или не. Се доделуваат поени од 1 до 12. И преку апликацијата и преку интернет страница (www.esc.vote). 1 евро за глас, најмногу 20 пати. Повеќе: Rest of the World.
Северна Македонија нема да учествува на Евровизија 2025, трета година по ред. Можно е да не праќаме претставник(чка) и на детската Евровизија. Последното учество на најголемиот музички натпревар во светот ни беше во 2022 година, кога Андреа ја изведе песната „Circles“, завршувајќи на 11. место во второто полуфинале. МРТ ќе врши пренос на двете Евровизии.
Немаат доволно средства за учество. Може и подобро е што нема да учествуваме. Нема да се нервираме А за Детската Евровизија нели избраа претставници? Чешка ќе учествува, а Холандија најверојатно нема. Нема да покренат постапка против овогодинешниот претставник.
Избраните учесници за Детската Евровизија се за оваа година, истата ќе се одржи во ноември. Во предлог програмата на МРТ за 2025 никаде не е спомнато учеството на ESC или JESC, додека во годините кога учествувавме има табели со предвиден буџет за овие манифестации. Холандија згреши што не започна правна постапка против Евровизија годинава, со оглед на тоа што Шведскиот обвинител се откажа од случајот против Јост Клајн и случајот е затворен.