Лука Нижетиќ ми се допадна најмногу од хрватскиот избор. Во 2019 имаше тотална тралалајка ама настапот му беше топ, па ако е тоа некаков предзнак дај Боже и овој пат да спреми некој супер сценски настап и да ја гледаме Евровизија 2026 во Загреб. Од останатите ја обожавам NPC на Лауракојапјева, а ми се допаѓаат и (во случаен редослед) AaAaA на Магазин, Монопол на Иван, Дај дај на Огењ, Poison Cake на Марко Бошњак, Знак на Ниплпипл, The Soul of my Soul na Lelek, Aurora на Teenah и Lies Lay Cold на Ананда.
Што биднало со Натали? Ја дисквалификувале дека го променила малку текстот? Она ќе победеше, ама изгледа сакаат да пратат некој крш на Евросонг.
Лука Нижетиќ има многу добри песни од порано, и оваа песна му е голем downgrade. Како намерно да прифатил таква потпросечна (да не речам глупа) песна колку да пројде на Евровизија. Мене ми е единствено ОК таа на Natalli.
Буч Кесиди им се израдував ептен што ќе се номинираја за избор ама ги дискфилификувале дека песната ја извеле пред први септември, и Скопје на концертот ја испеаја. Еве ги сега сами си прават шали на своја сметка на тикток
МНОГУ лоши песни. Единствено, ако МОРАМ, ќе речам: Asteromata и последната. Чисто оти мора да учествуваат.
Забавна е, жива, се запамтува лесно, не е копија на некоја друга песна, ми се допаѓа инструменталот што има разни елементи... Баш мислам дека е погодна за Евровизија. Во спотот Лука е разигран, а веќе и знаеме дека е спремен да се претстави со кореографија така да би требало спотот да е и некаков показател за што ќе се случува на сцена. За текстот кој како ќе си го сфати, валјда има нешто културолошко/локално што ние може де го разбираме одма или пак само Лука може да го објасни (кој е и автор на цела песна патем). Од други негови песни ми се допаѓа таа од Дора 2005, и на времето ја обожавав Права љубав која му е дует со Лана Јурчевиќ. Други негови песни или не знам или имам заборавено. Инаку сега веќе имам и ТОП 10, воглавно базиран на првите впечатоци од песните: 12. Juzina 10. NPC 8. Lies Lay Cold 7. Monopol 6. Poison Cake 5. Daj, daj 4. The Soul of My Soul 3. Aurora 2. AaAaA 1. Znak Не би ми сметало ни една од овие да оди на Евровизија. Иначе други избори годинава не следам, пробувам да се оддалечам од евровизиското лудило и круг, ама еве ги пратам Србите и Хрвативе, од навика и од зараза...
Визуелниот идентитет а и фонтот што го користат ми е ТОП годинава, ајде да видиме како ќе биде изведено на самата Евровизија. Албанците се супер, се надевам на ТОП 10 а и нивен најдобар резултат досега. Ама рано е да се зборува со само 2 познати песни. Црногорската ми е едно големо ништо ама Нина растура со вокалот и мислам дека тоа може да ги однесе во финале. А веројатно и ќе ја преработат песната до мај па ќе видиме како ќе звучи финалната верзија. Тух, конечно Димитров направи нешто асално (Живот иде даље) и го дисквалификуваа. Прочитав дека за ХРТ изгледа била премногу 'цајкаста' песната. Глупости, буквално иста грешка на ниво со Рим тим таги дим лани. За Евровизија е топ, баш ме интересира дали се пријави Натали на изборот на Сан Марино, би сакал да ги видам Сан Марино претставувајќи се со хрватско-македонска песна.
Ииии излегоа и српските кандидати за ПЗЕ25! Сите ги ислушав, има многу кои не се мој стил на музика, но тоа што многу ми се допаѓа е што СЕКОЈА ГОДИНА Песма за евровизију ми е како од некоја друга Србија, споредбено со она што е меинстрим односно најслушано, најгледано, најпознато од славните српски пеачи/ки, а да не се лажеме многу од тоа е кичерај. Исто така и годинава, квалитет до квалитет. Ова се моите официјални фаворити: БРОЈ 1 : talented, brilliant, incredible, amazing, show stopping, spectacular, never the same, totally unique, completely not ever been done before, unafraid to reference or not reference, put it in a blender, shit on it, vomit on it, eat it, give birth to it. Spoiler: girl stfu you thought you ate Се шалам, секако не ми е фаворит, wtf is that? 1: Фала ти Там што сите очекувања ми ги исполни 100%! Не знам што да напишам друго, срцето ми е полно, ова ми е еден единствен победник. Со добар настап, не гледам друг подобар претставник на Србија во 2025. 2: Знам дека немаат шанси да одат, мислам, кој во Србија би ги гласал освен педерите, ама врв ми е, во никој случај не очекував волку добра песна. Исто така знам дека лајв најверојатно ќе бидат ужасни вокално, па ќе ми паднат надолу на листава. 3: Иако е сендвичарка, трето ми е, појако е од мене. Интересен микс на нејзин стил и турбо фолк. Истовремено пак, очекував нешто друго - повеќе во нејзин стил, знаејќи ги нејзините стари песни. Ова маааалку ми делува популистички, видеќемо. 4. Анонимна девојка со фино песниче, ај лајк ит. 5. https://www.youtube.com/watch?v=wrTGI0tw9lY Баш фино и интересно! Уствари има и други песни што ми се свиѓаат, ама нема смисла да правам до 10 листа.
Омг, дворската луда Маја по не знам кој пат нехоспитализирана и пее. Песната е како онаа на праската, наменета за оние кои сакаат да ја изведат Евровизија на ,,прав пат". Ужасен, ,,модерен", етно хорор. Пресложениот текст на ,,Up and Down" (Наташа Којиќ) веќе ми влезе во глава, фаворит, во глава веќе вежбам на трака во претесни бициклистички, а во позадина песнава. Ќе чекам да ги видам настапите, Констракта ја забележав баш поради фамозниот настап, српскиот избор изгледа топ, не мезат поховани прсти околу коњопоите.
Ова се моите 8 српски 'survivors' после прво слушање, а првите впечатоци се најчесто и највистинските (кога станува збор за песни редоследот е рандом): 1. Igor Simic - Ne mogu (овде ми се допаѓа инструменталот/аранжманот, како се развива од бавна балада кон нешто побрзо со, претпоставувам, drum n bass и симфониски елементи. Мислам дека и неговата песна од 2020 содржеше DnB елементи) 2. Lensy - Hvala ti (ако нешто може да ме допре секогаш, тоа е женска (поп) балада. <3 Прекрасен аранжман и мелодија и не ме чуди што толку ми се допаѓа, затоа што композиторот е Албино, а него веќе подолго време го почитувам како автор. И други негови дела се одликуваат со блага сентименталност и меланхолија. Исто така: WTF РТС, дали стварно оваа песна не би беше во оригиналните 30 одбрани, а некои други безвези ви беа?) 3. Filarri - Meet and Greet (модерна, edgy, кидалица инструменталка. И текстот ми е јак. И настапот може да биде кидалица, посебно тој последниот дел. Дечково знае што прави, секоја година е добар, и оваа година очекувам одличен настап. Лани беше robbed, имаше скоро спремен настап за на Евровизија, штета што жирито го саботира) 4. Ana and the Changes - Brinem (ова ми остави уметнички впечаток. Само еднаш ја слушнав, треба повеќе пати за да сфатам за што пее во текстот, а и да ми легне 100% емоцијата што ја носи. Една од најдобрите во секој случај) 5. Iskaz - Trendseter (секогаш се радувам на (балкански) ска-панк-рок-фолк, што и да е. Посебно кога е добар како што е во овој случај. Реминисценција на Атена, Здоб ши здуб, Коза мостра од на времето, а и несудените евровизиски артисти Дубиоза колектив) 6. Sedlar - Oci boje zemlje (и ова ми остави некој уметнички впечаток, слично како Ana and the Changes. Оригинална) 7. Mimi Mercedez - Turbo zurka (се разбира дека ова е највпечатливата и најевровизиската песна. Буди национална гордост. И еуфорија и возбуда. Се надевам на настап со тверкање задници како никогаш што сме виделе досега. Па да ѝ го дадеме на Европа (Евровизија) она што го бара. Инаку мислам дека ова да беше македонски кандидат за Евровизија ќе отвореше многу контроверзии во Македонија, за жал) 8. Oxajo - MaMa (каков вајб на рок од 80-ти. <3 И тоа многу добро направен. Од сите рокерско-алтернативни обиди во изборов, ова е мојот омилен, и еден од двата што ми се допаднаа всушност) Можам да го забележам импактот на Бејби Лазања, и во српскиот и во хрватскиот избор. Хрватскиот избор оваа година ми е подобар, како повеќе компетентни за Евровизија песни да има таму. Успехот на Констракта од пред 2 години како повеќе да ги размрда Хрватите да прават добри/интересни песни за Евровизија отколку Србите. :')
Мал апдејт на настаните, дечково ќе ми дели петто место со момичката, затоа што песнава ми остана У Г Л А В А откако денес во позадина ги слушав сите песни
Вчера направив целосна ранк листа на ПЗЕ ама ја избришав па еве мој ТОП 16 (сходно со бројот на финалисти, 16). 1. Мими Мерцедес 2. Филари 3. Исказ 4. Ленси 5. Ana and the Changes 6. Охајо 7. Седлар Ова се 7 песни со кои би бил среќен ако се српски претставници. Песните од 4 до 7 место сметам дека се поквалитетни од 1-3 ама 1-3 би биле подобри за на Евровизија па затоа ми се на првите 3 места. 8. Игор Симиќ 9. Вукајла 10. Бибер 11. Gifts and Roses 12. Бојана х Давид 13. Џет Вега 14. Там 15. Маја Николиќ 16. Принц Не го разбирам хајпот за Там. Мислам дека ако нема некој kickass сценски настап е уште една Теја Дора/Лук Блек in the making. Песната ми е многу репетитивна и банална и не гледам емоција во неа. Како Ерменија лани, песна која ја извади преубавиот сценски настап и ја внесе во ТОП 10. Останува да видиме дали и оваа година жирито ќе се прави паметно и ќе избере некој друг наместо победникот од телевоутингот. Мое мислење е дека и двата телевоутинг победници на ПЗЕ од претходните години, Принц и Бресквица, на Евровизија ќе освоеа подобри резултати од Лук Блек и Теја Дора. А Принц подобро со оваа песна да се пријавеше отколку со баладата со која се пријавил.
Молдавија можеше да го прати ова ако учествуваа. Мене ми е одлична песнава. Би била поразлична од се што досега Молдавија има пратено. Заслужна за ТОП 10.