Ги слушнав новиве песни викендов што ги одбрале и ништо не ми се издвои, се генерик поп. Него ми беше чудно што Шведска пак фаворити а уште намат песна избрано, па прочитав оној Манс пак ќе пее на нивниот избор, значи пак идат на победа. Ми фали времето пред 10-15тина години кога сите беа во свој фазон со песни во стил на своето поднебје, сега сите нешто ист поп, досадно.
На мене ми се допаѓа песната на Италијa, ама не се знае дали победникот на Сан Ремо ќе сака да учествува на Евровизија. Слаб избор на песни годинава. Финска е на второ место на обложувалниците. Песната е За Шведска не ми е чудно што се фаворити. Можеби дека настапува Монс па се надеваат дека ќе победи. Ми се допаѓа и песната на Чешка. Шпанија има ок песна.
Хаха, се надевам ќе победат иако и Манс е стандардно добар. Плус и италјанецот е супер, исланѓаните омг.
Шведска има претежно добри песни. Ако победи оваа година, ќе држи рекорд со најмногу победи. Песната на Италија.
Песната на Италија ми е до сега единствен фаворит (исто како и 2023), верувам и Франција ќе биде добра така се најавува а и секогаш тие преставници ми се најдобри. Ама ете ја форсираат Финска и Шведска. Шведска единствено ми се допадна 22 ама нормално не победи, Лорен беше мех исто ко и Манс оваа година, само добра продукција и сценографија.
Песната на Италија е ок. Таа на Оли повеќе ми се допаѓа. Не знам зошто ја форсираат Финска. Лоша песна.
Во колку саат има утре беовизија? И дали знаете кога ќе биде? Дали на 25-ти, 27-ми и 1-ви или 25-ти, 26-ти и 27-ми? И дали имате слика кои ќе се претставува? Јас знам само двајца колку што видов бидејќи слушам српска музика.
Првото полуфинале заврши во Србија. Тропико не ми влегоа во финале. И утре ако Мими не влезе во финале тешко дека ќе го гледам финалето. А ако победат вештерките нема да гледам ни Евровизија.
Мене пак песната мн ми се допаѓа на Харем грлс. Одамна Евровизија е наклонета кон LGBTQ заедницата така да како пакет се за таму. Песната ми е баш хитче.
Харемките со настапот едно големо нула. Никаква концепција а енергија во минус, само дека се транс па се форсираат. А песната не им е лоша. Ама во глобала настапиве од вчера никакви, стави некој околу тебе да се врти и игра и толку, ко некоја изведба од пред 20-25 год.на Евросонг. Во споредба со другите земји ептен испод ниво. Откако апла ги наместија претходните 2 години и не заслужија да им се пријават поасални изведувачи. Констракта беше индивидуален блесок, тешко да се повтори пак. А можеби и да не местеа лани Зорја која беше оштетена ќе имаше забележителен настап.
Највпечатливи од вчера: 1. Некако очекував по-бум настап, но добри се. 2. Не ми се допаднаа вокално, настапот добар 3. Како и секогаш, вокално причично лош (сепак подобар од минатите години), сценски топ, можеби најдобриот сценски настап синоќа. 4. Никој друг не ми остави некој голем впечаток
Србите последниве 3 години имаат лоши песни. Од тие што влегоа во финале ми се допаѓа само песната Аладин. И настапот им е ок. Денес настапува Маја Николиќ. Баш да видам пак ќе има скандал со неа Ерменија има убава песна и убав настап.