Јас атер од љубов за Беовизија гледав вчера, и тоа ќе биде едно и единствено шоу што ќе го проследам годинава. Уште не ми е верно дека Израел ќе праќа од фестивалот во Октомври изведувач, срам и брука за цел Евровизиски концепт, жално за една таква манифестација која промовираше љубов да се претвори во партија на геноцидна држава. Нејсе. Се согласувам скроз со тебе, драг кралиците беа забавни, иако вокално ништо посебно, бар се забавни за гледање и интересни. Све друго вчера - ТИЊА. Уште вечер да видам Там, Мими Мерцедес и Вукајла, макар што ниедна песна не ми е за на Евровизија. Там можеби највише ми се свиѓа. Во споредба со последни години оваа е најслаба Беовизија. Можеби само Лук Блек беше подеднакво лош колку овие. Лани сите кој од кој подобри беа.
Иначе на некои соц.мрежи подржувачите на протестите во Србија кои се лути на Ртс затоа што се полтрони на Вучиќ има организација за гласање за Маја Николиќ со цел да победи за инат на Ртс. Ќе видиме дали ќе им успее.
Да се самоцитирам, јас финално одлучив сендвичарката Мими да не ја поддржувам, сепак, премногу ставови дијаметрално спротивни од моите!
Освен Бибер сите во првото полуфинале ми беа срање. Само Бибер ми имаа некој убав склоп на песна + настап, убаво изгледаше и убаво звучеше. Да видиме вечер што ќе ни приредат фаворитите, а и општо вечер има повеќе песни што ми се допаѓаат отколку во 1 ПФ. Хајпот за Харем Грлс е само затоа што се дрег. Да беа обичен женски бенд никој немаше да ги смета за кандидати за Евровизија, ќе беа ко новите Хрикејн од пред 2 години. А и песната им е направена од човекот кој што им ги направи повеќето на старите Хрикејн, вклучително и Локо локо. Италија: Федец, Елоди и Тхе Колорс ми беа фаворити на Санремо ама неее, мораше на првите 2 места да бидат најтипичните италијански санремовски балади. Ова ми е најлоша италијанска песна од нивното враќање во 2011, ама по неколку слушала ми се допадна. Исто и Шведска, ја обожавам Клара Хамарштром од нејзиното прво појавување во 2020 и сакам оваа година да победи (а добра е и онаа песна за Финска, Бара баду биста како и да се викаше) што ја објави Ива ама нема шанси во Шведска да има изненадувања кога станува збор за победникот така што Монс ќе тепа, чија што песна ми е празна, само што има добра инструментална/продукција ама ОК е. Инаку повеќето песни ми се допаѓаат. Не го сфаќам сериозно настанов, туку како забава. Најмногу ми се допаѓаат: Украина, Грција и Албанија како сериозни песни, а од оние забавните Австралија, Исланд и Ирска (I am a sucker for Nordic EDM). Во Латвија, пак, неправда му се случи на Тхе Лудвиг до Лиго. Победник од ТВ а го саботира жирито. Преубава песна а тие ја одбраа онаа млитавата на Таутумеитас. За крај. Мислам дека ЈК може да победи за Србија на Евровизија. Гледајќи како Финска до голотија котира високо на кладилниците, а ЈК е подобра од Ерика скоро на секое поле. Е па чим голотијата стана толку популарна на Евровизија, ЈК е совршен кандидат и не се сомневам дека може да продуцира и јака песна и јак настап. Сакам да ја видам на ПЗЕ в година.
Пред неколку дена го видов настапот од норвешкиот избор на нивните претставници лани. Уште стојам на тоа дека ова беше најдобрата песна на Евровизија 2024. Замислите клипов погоре да беше отворање на евровизиското финале во Осло годинава. Ми го прави истото епско чувство што го имав лани додека ја слушав. Ама настапот на ЕСК им беше крш и дури ни жирито не ја ценеше културната вредност што ја има песнава. Французинката Луан ја знам од минатото лето, и слушав една песна, гледам сега е втора на кладилниците. Исто така според прегледите на Јутјуб гледам дека е популарна пејачка па би било супер стварно да понудат нешто победничко. Одамна нема победено Франција, и судејќи според тоа колку сакаат да победат веќе скоро една деценија убаво и редно ќе биде. Едвај ја чекам и на Израел. Композиторката е една од авторите на нивната песна лани така да имам некакви очекувања и оваа година од нив. Во 'жанрови' на Википедија на композиторката и пишува 'piano pop, Israeli rock' така што самото ова ми дава мене возбуда, ахахах.
Сопругот на Зорја, кој и ги прави песните, треба да се научи како да направи добра, автентична песна и песна до емоции. Не сум фан на ниедно појавување на ПЗЕ на Зорја досега. И двете нејзини песни ми се како Лазар мажот и да има следено некој guide line како да направи некоја епска балада за на Евровизија. Или човекот да го смени пристапот на креирање песна или Зорја да си најде друг композитор. Во 2023 требаше да победи Џипси, РТС требаше за него да намести, а не за Лук Блек. Лани Теја Дора ми беше најдобра ама наместо да го подобрат, РТС и го уништија настапот на Теја Дора. Мислам, реално најдобра беше Констракта пак ама сакав Србија да прати нешто ново, а и ако веќе се враќа Констракта на Евровизија, треба со многу подобра песна од Ново, боље. Инаку не се само РТС, и други телевизии ги местат националните избори. Некаде/некогаш тоа се забележува, некаде/некогаш не.
Си реков да ја пуштам што ја фалите сите таа песна. Бев во шок додека ја слушав. Што друго да кажам. ваква бев...
Слушни ја неколку пати. Ќе ти се допадне 100%. Од прва и на мене не ми се допадна. Добар вокал е дечкото, одлично игра, забавен ритам и голема енергија се осеќа кај пејачот. Јас мислам дека во Топ 10 ќе влезе песната, освен ако италијанците не ја бојкотираат песната и да ја спречат да се изведе.
Зашто би го правела тоа Италија? Имаат нешто против Естонија? На времето Естонија имаше стварно една преубава песна и ден денес ја слушам. Нешто се има случено?
По коментарите од Италјанците, напротив гледам дека и нив им се допаѓа песната. заразна ее, може да помини во топ 5
Мислам дека се обидуваат да го дисквалификуваат како холанѓанецот лани. Му ја избришаа песната од каналот на Ебу на Јутуб. Така прочитав, никаде не е постиран како преставник на Естонија на Евровизија. Иначе ако отиде во Базел ќе освои 0 од жирито и 320 од публика, секогаш публиката сака преставници што се забавни.
Против Естонија како држава немаат ништо, ама имаат против ,,еспресо" и ,,макијато", што се нивни традиционални пијалоци, а овој пее за нив.
Од публиката сигурна сум дека ќе имаат многу поени, од стручното жири нема да имаат. Стандард секоја година, жирото се против фаворитите од публиката