Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2025

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 12 мај 2024.

?

Дали сметате дека Македонија треба да учествува на Евровизија 2025?

  1. Да

    40 глас(а)
    34,2%
  2. Не

    77 глас(а)
    65,8%
  1. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.252
    Еве неколку мои предлози и анализи на некои наши ,,ѕвездетини".

    Лара ми е некако кул, млада девојка, има добар вокал. Добра е со англискиот, има и кечи песнички.

    Пајак го доживувам како аутотјунаш, овака е насмеан, сладок дечкич, не знам каков е вокално.

    Young Dadi ми е такво скопско шмекерче, баш ми има потенцијал за Евросонг. Ми стои како да има муда да износи и некој чуден аутфит. Баш ми е кјут.

    Мартија ми е исто некако кул лик, ептен е секси таква, има потенцијал да биде некоја диветина таму на сцена.

    Антонија Гиговска ми е мутава, она ми е материјал за пинк и хепи тв, за дуети со MC Стојан, не ми е за Евросонг. Дајте му на девојчето нешто српско, доста ѝ е. Мислам дека и англискиот не ѝ е баш јака страна.

    Фанк Шуи се исто добри, вокалистот Лука е симпатичен мажјак, Мартина (екс)Дупер е одлична тапанарка, можат да направат нешто кул. Алтернативен рок бенд.

    2 бона, Таско, Слаткар и цела таа екипа ми се некако за балкан, тука популарни, на Евросонг би биле досадни. Песничките им се за моети, ферариња, бело, пичиња-мичиња, нешто за публика од 12 до 20 и за особи кои се палат на српски серии како Јужни Ветар.

    Лозановски често се спомнува. Ликот беше еднаш (со Есма), англиски беше тапа. Преповлечен, невпечатлив, не е за таа сцена. Без енергија. Ламбе ми е уште помутава верзија од Лозановски. Безлични ликови. Не можам да ги замислам како седат со оние гејчиња од wiwibloggs. Они се топ за питијади, ајваријади, компиријади.
     
    Последна измена: 12 мај 2024
    На Nairobi88, butterfly6223, Feminka22 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Во никој случај.
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    249.393
    Полата се млади, неискусни и не се за Евровизија. Пајак, Лара. Никако.
    Антонија има гласиште, Мартија исто, ама Мартија нема ни своја песна, ние на Евровизија ќе ја праќаме.
    Од листава ниту еден не е за таква сцена.
    Ни треба некој што би направил шоу, ама не знам дали и имаме таков.
     
    На BlackNight, Sielo❤️ и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  4. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Од листава Young Dadi би прошол на шоу како што е евровизија иако мене лично ми е иритантен.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.996
    Пол:
    Женски
    И следната година да не учествуваме.
    Гласањето е циркус. Џабе би биле парите.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Барем отчет за парите да добиеме кај идат,
    вака ни шоу ни пари. :D
     
    На Feminka22, DS10, FriendOfDorothy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.993
    Пол:
    Машки
    Да, стварно, кај одат сега пренаменетите пари што порано се трошеа за Евровизија?
     
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    Нели имаше изјава некоја дека парите ќе бидат потрошени за прослава на не знам колку години постоење на Мртв или грешам?

    Инаку лично јас не сум за да учествуваме. Моментално на сцената тие неколку квалитетни пејачи што ги имаме веќе сме ги пратиле, и не верувам дека би сакале да одат пак. Младиве или се ѕвезде гранда тип на музичари што не се за на Евровизија, или ќе ги изеде трема поради неискуство.
     
    На nextredstyle, SummerGirl и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.993
    Пол:
    Машки
    Да, имаше таква изјава, ама каква е таа прослава и кога ќе се одржи, никој не знае. :D
     
    На SummerGirl, exceptional и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  10. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.252
    Да, но порано само искусни праќавме (Каролина, Тоше, Џоко да Фиш, Калиопи), пак немавме некаков успех.:DНе мислам дека е битно за Евросонг дали некој има песни или некоја голема кариера, секако никој не им гледа и следи што снимале порано, фокусот е на евровизиската песна. Многу од учесниците на Евросонг се млади, победиле на некакво регионално талент шоу, имаат некои кариери од година, две. А мислам дека и сите наши искусни пејач(к)и ги пративме.:D
     
    На CameliaMiller, staycalm, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  11. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.252
    МРТВ има нови студија, се е сменето. Реновирале ваљда. Парите од Евросонг за кречење и мајстори.
     
    На staycalm и FreeToGo им се допаѓа ова.
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.588
    Допаѓања:
    24.993
    Пол:
    Машки
    Во Штип имаат новоотворени канцеларии, и за тоа послужиле парите можеби. :D:D
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.438
    Пол:
    Машки
    Нема рецепт за успех на Евровизија, ама како што поминува времето забележуваме дека победуваат потпросечни песни кои се издвојуваат по нешто друго (јак настап, со огнови и чуда, или доаѓаат од земја под воена инвазија, или се небинарни, или нешто тринаесетто). Ние, сите добри изведувачи што ги имавме, ги пративме. Искрено не би ризикувал и понатаму да праќаме колку само да пратиме. Eleni Foureira на пример, топ глас, топ настап, топ песна, заврши втора... што понатаму.
     
    На Feniksgirl и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.252
    Пошто статусот на нашата поп ѕвезда (лол) Андријана Јаневска стана вирален, сакав да истражам со какви песни и сценски перформанс некогаш Андријана се натпреварувала на Скопски фестивал и имала амбиција да замине на Евросонг. Воедно сакав да истражам и што се случува со нејзината мртва кариера денес, што снимала последниве години, колку како уметник успеала да се промени, да се прилагоди на новото време. Си реков, можеби грешиш, не ја следиш, можеби Андријана е македонската Мадона, се сменила, можеби е музички камелеон, дива, можеби снимила некој хит кој има барем 1000 прегледи:D, го наполнила Борис Трајковски, пеела на Скопје Прајд, добила греми, можеби Андријана не е само митинг на ВМРО-ДПМНЕ.





    Ова се две нејзини учества на Скопски фестивал. Со овие песни Андријана сакала да ја воодушеви евровизиската публика пред 10/20 години, во времето кога била битна музиката и вокалот, пошто денес Евросонг на Андријана ѝ е испод ниво.

    Последна песна ѝ е кавер на Заветна.

    Андријанче, ако прочиташ, фала ти што не си ја прифатила поканата на Мери, за прв пат се согласувам со наративот тие пари да одат за амбулантни возила (иако не одат).:l:
     
    На CameliaMiller, Morena.Roxy.Lina, BlackNight и 5 други им се допаѓа ова.
  15. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    Реално Андријана сама се закопа. Сакаше на сметка на лошо шоу како евровизија да се извади за нејзината мртва кариера,
    али лош потег.
    Ништо не докажа, само не' потсети колку не се труди да извади нешто ново. (n)
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.252
    Подобро нека не вади. Го слушнав новото од пред неколку години, звучи исто како она во 1999.
     
    На staycalm и exceptional им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.500
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    А знаете што се прави кога не знаете кого да пратите на Евровизија, неважно дали немате доволно кандидати или ги имате премногу? Национален избор! Ама национален избор на ниво, не ко тој дебакл од 2022.
     
    На CameliaMiller, TheGoldenPeach, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Еј ама дали заборави дека доби награда за најдобра пејачка на светот? Сепак со таа титула и јас не би прифатила да одам на Евровизија.
     
    На FriendOfDorothy и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.252
    Да, да. Извесна ,,Зада рекордс" за која никој нема слушнато ја прогласи за најдобра пејачка во светот.:DВо конкуренција биле Norman Zada, John Riesen, Jessie Wagner, Natalis Rubero... Слушнал некој за овие? Ни јас. :D Порталите тоа го пренесоа како да добила греми. Ради тоа доби и златна бубамара за пејачка на годината. Кариерата мртва со години ама затоа пак фрчат ,,светски" признанија, бубамари и понуди за Евросонг.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Arjanit2021

    Arjanit2021 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2021
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Машки
    Evrovizija odamnae otideno u k.... osven gologazi peaci i lgbt nema nisto drugo tamu taka da ne vredi da se gleda
     
    На Herrera, Feminka22 и SummerGirl им се допаѓа ова.