Да, демантираа Харем Грлс меѓутоа во демантот збореше друга кралица а не таа со плавата коса која всушност избегна да ја гушне. Таа си ќутеше. Сега гледам и видео објавил Принцов, демек од шок не ја видел па затоа, инаку многу ги поддржувал. Шознам, чудно е како од сите натпреварувачи баш неа не ја виде двапати иако го тапна и на рацете. Исто видов синоќа видео од порано, кај шо вика дека сите претставници на Србија биле срање освен Марија со Молитва. Кринџ. Све у свему, и ништо од ова да не е вистина (освен последното) и да е добра личност, пак не заслужува победа.
Па најверојатно не е точно, бидејќи го следам дечково подолго време, не поради музиката, не ми се свиѓаат песните негови, туку баш што ептен е приземјен и тера шега на своја сметка (и тоа принц од Врање е заебанција, пошто цепа на дијалект). Многу е мирен, питом. Како и да е, се согласувам за песната, како и останатите, не е нешто посебно. Едит: на Инста на Харем Гирлс имаат споделено на стори каде што Принц зборува за ова, и напишале "прекрасен човек".
Мене ми е вака за вештерките. Коа ги видов се извадив од памет. Ама сеа текстот коа го прочитав ми се допаѓа. Не мора да ги гледам. Ќе си ја симнам музиката во телефон.
Абе не знам дали си сериозен, ама ми е криво кога некој стварно не е проблематичен како карактер, а му се ставаат понашања "на сила". На пример, можеби многумина се овде млади за да се сеќаваат, ама Јоксимовиќ (иако ми се допаѓа како музичар) ми стана одвратен како човек после ужасното однесување кон наша Фифи на талент шоу. На истото шоу Фифи не смееше да облече фустан, на пример. Поентата ми е дека очигледни грозни однесувања некогаш се забораваат (Јоксимовиќ и денес супер кариера има), а некои невини и наивни и ненамерни гестови се толкуваат како ужасно однесување.
Не следам Евровизија, ама отворив да видам кои се тие фамозни "вештерки", и морам да кажам дека баш се slay.
Жирито ја направи целата работа + тие двајцата Бојана и Давид со купувањето на картиците. Единствено Зорја од жирито беше најреална, знае што е цел евровизиски патек и што сакаат фановите. Премногу жирито ја спушти там, мими (иако не беше нешто посебно) и харем, таа што гласаше прва на сите (там, мими и харем) им даде по 0. Веќе 4-та година по ред се случува некој член од жирито на 2-3 фаворити да им даде 0 и така до недоглед. А Седлар или како беше, го наполнија со 8-10 и 12 поени, а од публиката доби 700 гласови Ивана Штрбац - 6 место од публиката, а од жирито доби 0 и не се пласираше во финалето, а прва песна и прв настап, барем награда за трудот
Значи и за Ивана се криви глупачиштата. Тежок грабеж беше тоа што девојчето не влезе во финале а имаше толку добар настап.
Сеа си ја слушам на слушалки песничкава на Принц неколку пати, ми легна, баш е Мила. Уште си стојам на ставот дека е застарен стил на песна, не е за Евровизија и не требаше да победи затоа што имаше барем 3 подобри, но дека е фина емотивна песничка, е. Енивеј, вечер ќе гледаме ли Дора, и таму да се понервираме? Претчувствувам лош резултат ако Марко пак укака вокално.
Каде има пренос од Дора? Овој Марко Бошњак не беше едно детенце од Босна што воодушеви на Пинкови звездички?
Леле колку време поминало ама пораснал, за мене тој, нашиот Трајче или Ника и Дарја од првите сезони како уште деца да се . Се надевам ќе победи.
Кај сте друштво, недела е, прејадени од ручеков за Прочка слабо пратите Дора . Еве јас ги изледав сега и мое мислење: надобар Марко, Лелек добри ама само делот на хрватски, тој англискиот дел е утка, Магазин т.е.пејачката добра беше ама она и песната онака ориентално а позади рокери се трескаат со свирење некако глуп настап и исто и првите со песната бај бај бај добра изведба ама хаотично на сцена, повеќе се гледаат непотребните танчери отколку групата. И другото не, особено 2-цата копија на Бејби лазања не се лоши ама превише личи на лани, така да големо не.
Ова останува вака, само и кловновите со Welcome to the circus би ги додал. Ми се допаѓа Дора, дефинитивно подобри песни од ПЗЕ. Многу ми се свиѓа што Лелек додале хрватски дел, прејако е, требало целата песна да е на хрватски
Ауу, на монопол пејачот... Лука исто делот кога со блузата си ја покрива фацата... Боужее, јас па со слушалки цела Дора ја поминав хехе.
Амин Марко!!!!!!! Love hate relationship со жирито имам. Чат пат нѐ спасуваат, чат пат нѐ заебуваат, ама сепак, мора да се тука.
Жирито пак ја заеба работата и овде, за мене. xD Финалето не го гледав ама после настапите од полуфиналињата Огењ ми се допаднаа најмногу, најенергични ми беа и го сакам тој жанр. Тух, требаше само телевоутингот да бира. Сепак не е лош избор.
И пак фаворитот на публиката не победи. Иако Марко е супер мислам дека нема смисла во иднина со ова гласање на жириво во сите избори па и кај нас, особено не за интернационално жири. На пример тој Огањ добил дупло повеќе од Марко од публиката а овој не е ни во топ 3 од публиката. Секогаш треба да си бира публиката.