Исто како што клиентот не е секогаш во право, така и публиката. Според мене, интернационално жири е потребно на секој национален избор бидејќи го одразува на некој начин мислењето на странците, а не само на жителите на една држава, на крајот на денот странци треба да гласаат во Мај а не хрвати сами за себе. Значи национално не е еднакво со интернационално. Anyway, многу ми е мило што хомофобниот и анти-абортус пропагатор Ogenj не победи. Буквално да беше било кој, само тој не. И ја имаме најновата песна за Евровизија 2025: Мирисам топ 10 резултат со малку промени во настапот и постабилен вокал. Иако вечерва беше многу подобар од полуфиналето, пак ми е некако чуден вокално, он може многу подобро.
^ Од друга страна, пак, на форумот на којшто следам Евровизија 12 години се зборува дека во ваквите интернационални жирија седат луѓе кои учествуваат во songwriting кампови, во кои и песнава на Марко била направена, и тие луѓе имале тенденција да си гласаат за своите колеги. И таму многу ја с*рат песнава на Марко. Инаку мене воопшто не ме интересираат лични ставови на пејачите искрено, единствено што ме интересира е тие 3 минути од нив на сцена. Освен за победникот, мислам дека со публиката се согласувам и за второпласираните Лелек. Тие беа оние кои најмногу ми се допаднаа од првото полуфинале.
Појма неам што следиш, тоа се рекла казала муабети (освен ако има докази). Интернационално жири е must have. Нека си стават и национално и интернационално и све, ама највеќе типува за успех онаа песна која интернационалното жири ќе ја изгласа. Во ред, твое право е да не те интересираат лични ставови, (мене ме интересираат ставови за вакви клучни прашања за човекови права) ама да се пријавуваш за учество на Евровизија а да си отворено анти абортус и хомофобичен е малку нонсенс, нели? Лелек ми се допаѓаа, Јужина исто ми се допадна, ЕоТ ми се допадна, Нипл ми се допадна. Било кој од овие можеа да пратат и ќе ми беше пак мило. Магазин беа ужасно преценети.
Знам, те разбирам. Не знам што кажал, ама веројатно тоа било пред воопшто да се пријави за на Евровизија?! Што, се разбира, не ја прави ситуацијата подобра. Ама сепак не можам да дозволам нивните ставови да ми влијаат повеќе за мислењето за нивните песни отколку самата песна. :/
Ogenj имаат секогаш отворени врати за настап на ,,Hod za život". Не ни ги забележав искрено, а и прв пат слушам за нив. Поминале низ моите уши вечерва како крава кроз кукуруз.
Значи тие се најевровизиски според мене, или евентуално вечно драгите Лет3 Само нормално утро во Хрватска
Јас само нив ги знаев и Магазин. Магазин ги барав не знам колку време низ лајвов за на крај да видам дека не се истите како од времето на ,,Дани су без бројааа, имена и бојааа"... Друга пејачка некоја.
Значи срцка, почнуваме веќе да се вреѓаме Магазин одамна не е со Јелена Розга (дани су без бројаааа) и Јелена е ЅВЕРКА невидена со прејаки песни свои. И (редок) хрватски изведувач кој е отворено ЛГБТ+ поддржувач
Ја знам Розга, не знам зошто у глава ми се моташе дека она е дел од бендот или некоја друга плавуша. Имаат убави стари песни они, не знам дали знаеш ама првата вокалистка им е Лилјана Николовска, Македонка. Јас како такви ги помнам, Данијела Мартиновиќ исто. Све плавуши имаа у група и сите многу слични. Ова некој сосема нов Магазин.
И Тончи Хуљиќ не е веќе во групата. Баш вчера прочитав. Магазин настапувале на Евровизија во 1995. Освоиле 6.место. Пејачка била Данијела Мартиновиќ. Песната на Марко Бошњак не ми е нешто посебно. Ми се допаднаа песните на Ниплпил и на Огенс.
Знам, Николовска е во Америка одамна, затоа и го напушти(ла) бендот. Инаку Розга не е дел од бендот негде 2006 ако не се лажам, супер соло кариера си направи. А после неа 5 пејачки имаа, ама не им оди со нови песни, на стара слава свирки си држат
Ова општо беше огромен хит, интересно е дека Грашо (бившиот дечко на Данијела) ја има напишано песната. Малце како секташи се овие Грашо е женет со ќерка му на Хуљиќ, Розга (наводно) ќе се мажи со син му..... Едит: Хуљиќ и ќерка му Хана се занимаваат со сосема друг вид на музика сега, затоа и не е дел од Магазин тој Едит2: Ја нема Грашо оваа песна напишано, туку Нека ми не сване, со која Данијела освои 5то место во 1998
Јелена Розга ми се допаѓа како пее. Магазин ги слушав кога она беше дел од нив. И кога беше Данијела. Интересна песна што ја пратија Хрватите Африка паприка
Нашите треба да размислат што прават. Не одат на прошетка. Ни треба добар пакет. Имаме квалитетни пејачи. Ама требаат пари за добра песна и добар настап. Сме имале добри песни, ама настапите беа млаки Или имало утка со пејачите. Се сеќавате на Шпанецот кој пееше во 2010? Не знам како успеа да не се насмее кога му се појави тој будалиот на сцена. Кога го видов тогаш одма ме фати смеа
Па и реално не е битно што Марко е геј а Огењ хомофоб, битно е тие 3 минути што ќе видат 200 милиони луѓе кои ќе го пратат преносот на финалето, а овие податоци може да ги знаат и да влијаат само евентуално на 1% од гледачите, И читав некое истражување дека 99% од гледачите прв пат ги гледаат песните и настапите баш вечерта а само 1% се ептен фанови кои се упатени од претходно. Иначе златната ера на Евровизијата е периодот кога и почнав да следам од 2003-2010 кога немаше жири. Тогаш сите победници правеа европски кариери, настапуваа на Мтв награди и беа на топ листите во сите земји. И плус секоја година имаше и други мега хитови освен победникот. Од кога воведоа жири единствено Лорен првиот пат и Манескин успеаа ама и тие па победија од телевоутингот. Другото онака чист просек, чак што и дел се толку заборавени да никој не се сеќава. Видовме лани и прехлани како помина фаворитот на публиката, ги ограби жирито. Не за џабе во полуфинале е исклучено жирито, си знаат и од Ебу дека реалноста е телевоутингот. Сега да се појави Сакис, Верка, Келе Келе, Бум тек тек или Бабушки и да треба со жири да се одлучува нема да поминат. Жирито не знае подобро од публиката. Во глобала фалат Турција, Бугарија, Романија и Русија тие секогаш беа супер.
Се согласувам. Па и “стручното“ жири, на крај краева, е пристрасно, исто како и публиката. Не можеш да очекуваш пример, оперски пејач да даде максимални бодови на турбофолк песна. Народот гледа, народот гласа. Се согласувам и за муабетот 2003-2010. Тогаш уште се ценеше песна, настап, наместо кој ќе биде пооткачен и почуден.