На мене Мартин Вучиќ ми беше супер на Евровизија. Сонце и месечина не ми се допаѓа. Каков скандал имаше на изборот Шанел беше одлична. Шпанците одамна немаа таква песна. Утепани се на Евровизија. Ја слушнав песната на Шведска. Не е нешто посебно. Мислам дека ќе победи Австрија.
Ги слушнав и јас песните мање више, генерално слаба година според мене со исклучок на некои навистина квалитетни песни. Мој апсолутен фаворит е Холандија, тука некаде се и Австрија, Швајцарија, Израел, Шведска и Сан Марино. Хрватска и Србија (well) ми се исто океј, па и Грција ајде. Полска многу јака кулминација и настап. Толку. Другото ноу ноу, посебно не го разбирам хајпот за Албанија на обложувалници, катастрофа.
Уште па кога ќе видам дека Израел некој ги става меѓу фаворити, коа уште од лани требаше да бидат банирани. Ќумрам.
А овие се тие што не ми се допаѓаат: 1. Естонија 2. Полска 3. Данска 4. Финска 5. Србија Се друго има пролазна оцена кај мене и сите се песни што би си ги пуштил да ги слушам. Сега да видиме Франција и Грузија што ќе донесат на масата. Од Грузија пак абер нема, ни за пејач, ни за песна, ни за датум. Секогаш мора да е една од кавкаските држави кои до самиот крај го одолговлекуваат претставувањето на песната. Како песна, Данска ќе да ми е на последно место ама барем пејачката е убава за гледање. А пошто веќе се отвори тема за убавината на евровизиски пејач(к)и, број 1 што некогаш се појавила на ESC од тој аспект ми е исто така Данкиња, Ања Нисен од 2017. Се сеќава некој?
Читам Ебу не ја одобри песната на Малта и бара измена, и не го одобрила настапот и песната на Финска и мора да сменат доста работи. И тоа фаворитите на публиката. До лани не им сметаа никакви песни ни голи мажи на сцена. Значи некоја земја се мести да мора да победи чим се удара по омилените песни до сега. Моја проценка Израел, оваа година победуваат 100%.
Лани го дисквалификуваа без причина, наводно за некој напад (отпосле се докажа дека е така) зошто беше фаворит. Нормално го имаа на пик зошто ќе освоеше многу гласови, мислам секако мораше да победи Швајцарија или Израел а не Хрватска или Холандија. Оваа година е друг пристапот, Ебу во 5 до 12 пред крајниот рок кој е утре до кога мора да им бидат финализирани песните и настапите ги извести Финска и Малта дека мора да менуваат песна и настап, исто фаворити на публиката. Очигледно дека политиката е дека мора пак некој да победи, ќе видиме кој, се мислам дека е Израел за жал.
Немало напад. Знаев дека ќе има нешто друго во позадина. Мораа да направата нешто за да не победат Холандија или Хрватска.
Излезе и спотчето.Мојот фаворит. Пораката е преубава, сите треба да сервираме повеќе песни и музика, а помалку војни. Браво за Мирето. Се надевам дека публиката гласно во салата ќе го извикува цензурираниот дел. Спотчето ѝ е малку "Thank U, Next" од Ариана (почетокот).
Мое мислење: Прво полуфинале: Шведска, Украина, Исланд, Естонија, Холандија, Сан Марино, Норвешка, Албанија, Полска, Португалија (или Белгија). Второ полуфинале: Грција, Ирска, Латвија, Австрија, Австралија, Израел, Малта, Финска, Чешка, Луксембург (или Србија). Победник-непознато, дури и нема изразити фаворити. Веројатно ќе се знае подобро после настапите ама за сега можно е Франција и Германија.
Јас мислам дека ќе победи Шведска. А песната не ми се допаѓа. Фаворит ми е Австрија. А за пласман во финале ќе ги чекам настапите.
Може Шведска да победи само од публиката, нема шанси да освои значителни поени кај жирито и тоа мислам ја исфрла од трката. И мене ми беа кога излегоа симпатични ама некако скроз не се за победа. Само да не е Израел, кој ќе слуша кукање, откажување и вреѓање. А реално имаат шанси, кај публиката ќе бидат топ 2 сигурно како и секоја година и ако жирито им даде доволно тоа е.
Тоа да. Зависи жирито како ќе гласа. Јас мислам дека од жири најмногу гласови ќе има Австрија. Можеби Франција. Ако победи Израел, баш да видам дали учесниците ќе бојкотираат.
Ич немав желба да пишам, денес ми се роди, па да си ги пишам официјално фаворитите пред пробите. Годинава не навлегов толку длабоко во pre-esc настапи како минатите години, така да најверојатно ќе имам многу променети мислења во полуфиналињата. Спојлер: фејвс Без конкретен редослед сега за сега, значи само фаворити. Австрија - JJ - Wasted Love Некако, од сите преставници највеќе потенцијал ми има за победа. (студиската верзија). Видов 1-2 настапи, одлично се покажа вокално, останува да видиме каков ќе биде сценскиот настап. За жирито не се сомневам дека ќе има поени, се прашувам колку публиката ќе го засака ова? Холандија - Claude - C'est La Vie Неколку дена песничкава ми беше на рипит пуштена, толку ме зарази, не знам ни јас зошто. Не очекувам посебно голем успех, но мене многу ми се допаѓа. Албанија - Shkodra Elektronike - "Zjerm" Ми беше фаворит од почеток, фаворит остана. Мислам дека Албанија заслужува конечно да е во топ 5. Малта - Miriana Conte - SERVING Serving KANT форевр, EBU гомна да јаде. Многу ќе се разочарам ако не заврши топ 10 во финале. Хрватска - Marko Bošnjak - Poison Cake Еве не знам, можеби сум изгубил слух земајќи предвид дека песнава е последно место на сите можни обложувалници, ама мене ми е одлична и сум прилично уверен дека ќе влезе во финале. Марко deserves it, а за омразата врз која е изложен последниве недели како прв аутиран геј артист од Хрватска е о д в р а т н а. Ерменија - PARG - SURVIVOR Понекогаш баш сакам ваква Imagine Dragons стил музика. Чешка - Adonxs - "Kiss Kiss Goodbye" Топ ми е, не знам друго што да кажам. Сега за сега, тие се. Нај-overrated според мене годинава: Шведска. Добра е песната, ама за прва на обложувалници и фаворит за победа? I'm sorry but I really don't see it. Франција. Исто така не ја гледам во топ 3, иако во обложувалници е. Израел. Немам коментар. Недај боже овие да завршат топ 10 И ГОДИНАВА. Нај-underrated годинава: Хрватска. Има многу потенцијал според мене, дали ќе го искористат правилно, ќе видиме, но имам надеж. Црна Гора. Не знам зошто е толку потценета, освен тоа што е Црна Гора. Данска. Ерменија.
Почнале пробите, сега сватив кога прочитав дека норвежанецот се повредил. А никаде ниаккви видеа од пробите, нешто во тајност се држат оваа година?
Да, годинава има (многу) нови правила. Забранети се медиуми/новинари за време на пробите и забрането е сликање/снимање и објавување. (Моментално има по 3 слики од првите проби на официјалните евровизиски акаунти) После вторите проби ќе објават официјални кратки исечоци од настапите.