Што се занесуваат овие Швајцарциве, пукнаа неколку години од желба да победат па сега вовеле некои нови правила кои немаат никаква логика. Пробите ги гледаа мал број на луѓе не знам зошто да не се јавни, ја намалуваат еуфоријата вака.
Не се ништо криви они, ЕБУ ги воведува правилата, сакаат максимално да ги избегнат скандалите како лани со Израел и други држави, милион глупости воведоа годинава...
Мислам дека и лани немаше снимки од пробите? Или нешто сум се збунила? Ако победи Израел се откажувам од моето долгогодишно гледање на Евровизија
Овде може да ги видите досега излезените видеа од пробите, (прво полуфинале цело, 9 од второ) Имав превисоки очекувања за некои држави, повеќе во друга објава, но дефинитивно ќе има промени мојата листа за финалисти.
Некад ми доаѓа толку многу да преслушам све што има годинава, да ги пуштам сите песни и да ме фати евровизиското лудило, ама нема шанси, ќе си останам доследна на принципите и тотално ќе бојкотирам. Ми фали иначе дружбата со сите што гледате од тука. Ќе ја преслушам победничката песна секако.
Lol, што е со настапиве на Србија, Хрватска, Цена Гора и Словенија? По краткиве видеа што кружат благи ужас, ко да заостанале во друг век во споредба со другите. Лично мислам светско чудо ќе биде ако некој од нив влезе, особено ми е жал зошто навивав за Марко ама оваа година се лошо припремени. Во врска со другите буквално од полуфиналето нема победнички вајб кај никој, па може да победи Франција, Германија или Италија ако се спремни ко што треба, уште не се излезени нивните проби. Или ќе победи некој како Грција или Чешка.
Оваа година, се уште немам ниту една песна слушнато, шо е рекорд за мене. Тоа е резултат на ланското разочарување од настанот. Како и да е, веројатно ќе ги слушнам некои од песните, денес-утре, колку да видам да не има нешто интересно.
Нема ништо посебно. 5 - 6 песни се добри (за мојот вкус). Другото е Мојата прогноза за утрешните полуфиналисти ќе ја пишам утре, откако ќе ги видам настапите.
Дааа, станува интересно, ќе има пресврти и во полуфиналињата и во финалето. Многу непредвидливо оваа година за разлика од претходните, може затоа и ќе биде поинтересно.
Ме разочара Италија. Очекував повисоко да се пласира. Се уште мислам дека победник ќе биде Австрија или Шведска.
Јас сеуште навивам за Италија, многу ми се допадна на Сан Ремо. Ама моја проценка е дека ќе биде Париз 2026. Инаку оваа година тука интересот слаб во споредба со претходните години а мене лично тие години кога се знаеше дека ќе биде Калуш, Кјара и Лорен и Бејби Лазања и Швајцарија некако ми беа подосадни со оглед дека имаше незаслужено префорсирани изведувачи. Оваа година баш ми е најинтересна зошто никој нема појма како ќе заврши. Според пробите земјите ептен се потрудиле околу настапите. Шведска мислам нема шанси иако ми се супер, ми е непознато само за Белгија што после пробите доаѓа во прв план ама ќе видам утре баш дали е стварно нешто така добро.