Ми се чини дека котирањето на Белгија толку високо е исфорсирано од некои богатaши што немаат на што да трошат пари. Ми се свиѓа песната, ама некако ту мач е петто место. А еве и официјален recap од настапите (генерална проба) https://esc.vote/
Не ми се верува дека сум еден од ретките на кои им се свиѓа песната на Хрватска. Го гледав целиот настап од генералната проба, имаше технички проблеми (Марко почна да пее покасно, а матрицата веќе почна), али предобро отпеано, многу точно, позициски наместено, богато звучи. И енергично, исто така! Понекогаш се прашувам што е проблем со мојот вкус...
Шведска ќе има гласови од телевоутинг. Што и не мора да значи. Многу е важно како ќе гласа публиката. Можеби ќе има изненадувања. Оваа година гледам дека е построго за разлика од лани. Не очекував ништо друго после скандалот со Холанѓанецот. Ми се допаѓа и песната на Чешка. Мислам дека во денешното полуфинале ќе има изненадувања.
Ми фали Македонија, не знам што да кажам. Подобро било да не настапуваме ама не е.. ми фали, нема зошто да се радувам .
Ги ислушав преѓе песните од прво полуфинале, катастрофа, олку лоша година одамна немало. Ми се издвојуваат единствено Шведска со предобра песна (се надевам дека ќе победи), Азербејџан не е лош и Естонија.
Исланд весели и ретро, ок ми се. Што е со оваа Полска што толку беше фаворит, слабо пеење, лош англиски, ама добар настап. Не од мене. Словенија досандникава ама солидна. Исто не ми е за финале.