Како да влезе Хрватска кога Марко немаше ни П од ПОДДРШКА од дијаспора. Да беа ЛЕЛЕК, Хрватска можеше комотно во ТОП 10.
Се изненадив за Белгија. Мислам дека е на 11то место. Португалија влезе како 10та. Ќе чекам до недела да видам дали сум во право. Убаво пишав дека ќе има изненадувања.
9 од 10 песни што се квалификуваа беа на мајчин јазик, само Норвешка на Англиски јазик. Тек ќе има шокови во второто полуфинале каде се сите во игра и ништо не е сигурно. Некако не ми се верува дека победникот е од првото полуфинале, немаше таков момент кој отскокнува вечерва. Освен за мене Италија ама воглавно тие секогаш ми се фаворити и отскокнуваат од остатокот. Не можам уште да сватам како Лорен и Кјара беа фаворизирани а Марко не победи таа година. Овој пат очекувам и од Германија да влета со клизечи во врвот ама прво да почекам да го видиме настапот.
Признавам дека не гледав све, ама ги слушав претходно песните. И кажав дека пет од песните кои влегоа сношти у финалето воопшто не беа за таму . За мој вкус, се разбира
После тоа вчера, утре очекувам пак возбудлива вечер. Естонија сигурно ќе биде во првите 10. Ама не верувам дека ќе има многу гласови од жирито. За Исланд не сум изненадена. Имаат гласови од помладите генерации. За Кипар ми е криво. Убава песна и убав настап. За Словенија се знаеше дека нема да влезе во финале. Песната на Украина Фали едно смајли што се крсти
И шо има врска кој ќе влезе кој нема да влезе? Циркус. Нема веза ништо, се знае шо сакаат и тоа е тоа. Да имаше врска квалитетот, немаше да биде вака.
Ова може да и грешка од Норвешкиот радиодифузен сервис/оператор. А може и не е, па затоа Израел е прв по гласови од публика 2 години по ред. На целиот хејт што го имаат и буквално цела јавност што е на страна на Палестина они први од публика. Среќа што жирито ги избегава иначе ќе победеа.
Овие ми се бендисаа од првото полуфинале и еве како ги рангирав: 1. Sweden 2. San Marino 3. Albania 4. Netherlands 5. Slovenia 6. Croatia 7. Portugal Од автоматските финалисти кои се претставија овие ми се допаднаа и овој ми е ранкингот: 1. Italy 2. Switzerland Украина ја сакав пред натпреварот, ме потсеќаше на рок песни/бендови од 60-тите и 70-тите ама настапот беше прелош, и визуелно и вокално и требаше да го добијат своето прво невлегување во финале. Ни една друга држава, освен Шведска, не би влегла со нешто онакво во финале. Како и да е, гледам и коментирам од навика, имам 0 респект за овој настан, како што рече и theunforgiven погоре апсолутно не ми е битно годинава кој влегува а кој не во финале и кој ќе победи бидејќи Евровизијата не треба да се гледа низ музичка призма, зашто во денешно време, а можеби и отсекогаш е само политичка алатка за ширење пропаганда и идеологија. За крај ќе додадам, тажен е светот во кој што настапот што ќе го има Малта вечерва се смета за нешто добро, нормално и вредно. Лакрдија, перверзија, вулгаризам, невкус. И Финска не е далеку, ма да како што реков цела Евровизија е крш и општо цела денешна поп култура.
Инаку: Ерменија strikes again, folks. Според материјалите што ги видов од пробите, повторно имаат top notch настап. Им посакувам уште еден ТОП 10 во финалето, отсекогаш биле одлична евровизиска држава. Се надевам само нема да ги урочам па да не влезат вечерва во финале. xD Зашто кладилниците не им даваат многу шанси.
Вечер ќе ве дружам, имав гостинка првата полуфинална вечер, ужас, ништо не видов. Исклучувам телефон денес за да не ми се тупи некој и навивам за Малта секако.
Малта според најновите прогнози можно е да е Белгија во второто полуфинале, според многу коментари и анкети падната е на ранг листата и не се очекува да помине. Мене не ми е веројатно. Иначе вака без цели настапи според тоа што го даваа како исечоци Австралија, Латвија, Австрија, Грција, Малта, Чешка, Луксембург, Израел, Финска и би сакала Србија (а знам дека ќе биде секогаш преценетата Литванија) според мене. Може ќе има промени откако ќе ги видам целите настапи.
А зошто толку народ на пробиве, цела сала е полна? Ова некоја новост од годинава. Спојлер Многу публика како за проба...
Така де, и ептен double standards. Едно дозволуваат, друго забрануваат. Уште не сфаќам зошто Израел учествува, а на Русија ѝ забранија учество?
Сега видов на твитер, Израел се рекламира за Евровизија и на билбордот на Тамј сквер на Менхетен. Тоа е апла доказ дека ќе дадат се да победат. Иначе Принц мајко мила што е со настапов. Го влечат како џогер, само мафтаат со рацете тие околу него, тотално неускладен настап.