Колку што знам секогаш за пробите се продаваат карти. Тоа го дознав кога беше во УК пред 2 години, стандард Британците се испотепаа за карти тоа беше покољ. Тогаш имаше доста што беа пресреќни дека и за пробите успеале да купат. Сите можни карти и проби и за жири настапите и полуфинале/финале највеќе за 5 мин.пламнаа.
А добро пее и додека го влечат, вокално е над сите од првото полуфинале и сценичен е ама настапов крш апла Макфест девеесет и некоја.
Да. Ама може да сецка преносот Да не се изненадиш ако е така. Литванија може да биде Белгија. Ерменија ниско котира, ама мислам дека ќе влезе во финале. Кога ќе ги видам настапите ќе пишам прогноза
Ќе има, ама ја преферирам на ртс да гледам, коментаторката Душка е жива легенда. Од нашата досадна монотона коментаторка, Душка е пет шест нивоа повисоко. Пишете на јутуб Duška evrovizija има компилации ќе се изнасмеете.
Нема никаква местенка за Израел, очекувајте и годинава да добие над 200 поени од публика во финале. Зошто? 1. Милиони трошат за реклами, ама во буквална смисла милиони. Кај нас не излегуваат реклами, но во други поголеми земји уште од фрижидер не излегуваат израелските претставнички. Плаќаат за рекламирање на телевизија, за рекламирање на јутјуб, фејсбук, инстаграм, сите можни платформи, со посебно видео на јазикот во кој се зборува во државата, со повици да се гласа за нив, па има стории, па прикаски жалопојки. 2. Многу Израелци има низ цел свет, а многу има и што имаат странски броеви па гласаат сами за себе. 3. Тие што гласаат за Израел, (за разлика од останатите држави), гласаат по 20 пати (максимумот) од 1 број, затоа што сакаат Израел да биде што е можно повисоко со поени, за да се негува приказната дека Израел е поддржан од цел свет. Едноставно, Израел ја гледа Евровизијата како поле на кое може да се претстави како невина жртва која ја поддржува цел свет, а не како музички натпревар. За ова, ЕБУ премижува оти на крајот на денот, бог знае колку пари се влеваат во самиот настан од Израел како и израелски фирми спонзори на настанот, и се додека ДИРЕКТНО многу држави не се заканат дека нема да учествуваат ако учествува Израел (како што се случи со Русија), Израел нема да биде дискфалификувана.
Ги ислушав квалификуваните од 1 полуфинале. Ме бендисаа сите освен Португалија. Португалците никако да се одучат од праќање успаванки. А, Естонија и Шведска како избегани од лудница, но вокалите ги вадат.
Денес, на генералната проба. Шест лица меѓу кои и едно семејство, за време на пробата извадиле свирчиња и големи палестински знамиња. За жал, за брзо време биле исфрлени од обезбедувањето. Дури и да се случи нешто вакво вечерва, на телевизија нема да се види, а свиркањето нема да се слуша бидејќи нема да има вклучени микрофони од публиката.
Австралија: добар бицепс и гради, згоден млекар. Песната не верувам дека ќе ја пуштам повторно. Од 1 до 10, 5. Црна Гора 6 пошто се ,,наши" ај, баладица, ништо посебно.
Има. Како може да нема Австралија интересен настап. Песната ужас. Црна Гора исто. Не верувам дека ќе влезат во финале.
Австралија ин, интересно Црна Гора аут, не е доволен перфектен глас не е ова The Voice, песна и настап глупи Ирска мислам не е доволно за влез 50-50 шанси
Леле од Ирска песнава, ме врати во детствотo, иако се гледа дека има треѓа и ко без енергија некако… 00’ Eurodance vibes