Иако ми е криво некако претпоставував дека Србија нема да помине за жал. Австрија И Франција ми се фаворити. Според мене ова полуфинале беше појако,нз раков впечаток имам.
Според редоследот за финале, со оглед дека Ебу го прави самата, очекува победник помеѓу Шведска и Франција, тие настапуваат 23 и 24. Фаворитие според прогнозите на кладилниците се исто некако предвидливи и точни и реални овој пат: 1. Шведска 2. Австрија 3. Франција 4. Холандија 5. Финска 6. Израел 7. Естонија Фактор на изненадување не верувам дека ќе има и тука е победникот меѓу овие земји. Мои фаворити Италија и Франција.
Не знам баш колку е паметно Франција и Шведска да се една по друга ако веќе двете се фаворити за победа. Австрија ми е некако премногу рано, ама истовремено на добро место. За Албанија или ќе е многу добро што е последна или многу лошо, видеќемо. За Шведска, ако гледаме по реалистично оценување, не очекувам премногу поени од жирито, но дали реалистично ќе оценуваат останува да видиме. Според мене, победник од жирито ќе е Австрија, Франција или Швајцарија. Другото зависи од телевотингот, кој можеби ќе е за Шведска, I hope not.
Не мора да значи дека ќе победи некоја од оние држави што се помеѓу последните што настапуваат. Португалија во 2017 беше број 11. Па победи. Победник ќе биде Австрија или Франција. И од жири мислам дека една од овие држави ќе биде на прво место. Од телевоутинг прва ќе биде Шведска. Втора Естонија или Израел.
Жалопојката на Франција не е за на никаков фестивал. Тотален ужас што покажува дека не треба да има држави кои влегуваат директно. Израел безвезе. Од пеење ни п немаше. Си влезе ради политика.
Победничката песна на Евровизија, според мене, би требало да биди песна шо ќе се слуша цело лето, па и понатаму. Нешто забавно, разиграно, ведро и сл. Затоа несфатливо ми е да победи некоја балада или опера, иако вокално се квалитетни тие песни. Како и да е, отсекогаш во сеќавање ќе ми остане победничката песна на Германија во 2010г од Lena - Satellite. До крајот на годината цело време ни беше на repeat, а и на радио доста често ја пуштаа.
Од 2003-2013 или 14 мислам тој период се гласаше само преку телевоутинг и немаше жири, секогаш победуваше фаворитот на публиката. И од тој период секоја година излегуваа хитови кои беа слушани во цела Европа, песните беа на први места на топ листите секаде па дури и во УК и учесниците настапуваа и на МТВ награди. Откако го воведоа жирито не памтам друг освен Манескин да се пробие, наводно жирито донело квалитет ама за мене воопшто не е така дури можам да кажам дека го намали квалитетот и дека воведе само калкулации. Публиката секогаш е во право и знае подобро од т.з.жири.
Умреа тие времиња. Порано од Евровизија излегуваа по минимум 5 радиски хита, цело лето се вртеа па и години после тоа. Уште знае на радио да ја слушнам Imaani - Where Are You или Antique - Die For You. Последно ако не се лажам таков успех достигна Loreen со Euphoria и тоа би било тоа. Многу е опаднат квалитетот на песните.
Дефинитивно тој период имаше многу хитови, па дури и да не победиле, долго се слушале. Многу често и се емитуваат на throwback забави и сите ги знаат, шо е реткост со песниве од изминатите години. Од последниве години, единствено Евровизијата од 2021, ќе ми остани во долго сеќавање. Доста добри и интересни песни имаше таа година.
Австрија РАСТУРА, комплетно пакување, свака част. Единствена песна и настап што ми е на рипит и направи 200 пати да се вратам да преслушам.
Јас сакам да победи Естонија, Томи ми е легенда, скрос ми е автентичен, песна, настап, играње, и општо како лик. Евровизиска песна треба да е лесна певлива весела. Децава мои по цел ден си ја потпевнуваат, Ми аморе Ми аморе, жирито нема да гласа знам, ама од публика ќе има гласови сигурна сум. Жирито стандард, даваат гласови на жалопејќи со јаки вокални спосбности. Други фаворити Малта ( онака баш типично евровизиско песниче) и Австрија се добри, се потрудиле. Ама ептен ме потсетува на Лорен стил, и е веќе видено.
Пак ќе речам воведувањето на жирито е главен фактор затоа што е скроз различно додека одлучуваше публиката имаше оргинални, весели, хитовски песни со примеси од секое поднебје. Ме фаќа носталгија кога на свирка или забава ќе ги пуштат песните од Евровизија од тој период. Највеќе хитови имаа Турција, Грција, Ерменија, Азербејџан, Русија, Молдавија, па Романија, Бугарија и понекогаш Финска, Данска, а и другите земји се трудеа да пуштат хитчиња. Воведување на жири беше момент кога се исплашија и почнаа со балади, генеричен поп и сл. Мислам Келе келе, Клеопатра или Бум тек тек беа хитови во минимум 20 земји а сега Азербејџан и Ерменија 10 години се една голема 0. Да не набројувам ама Сакис 2 пати, Руслана, Елени П., Бабушките, I wanna bring you up и Every way that I can, Лорди, Лорен, Манс, Александар Рибак, Емили и Браќата Олсен од Данска, Лена и уште многу други кои не можам сега да ги мислам баш тоа беа хитови низ цела Европа. А последните 10 години само Манескин.
Се согласувам. Откако се вклучи и жирито во одлуката, евровизија ја изгуби смислата. макар што ние како земја немавме никогаш среќа со televoting -от ( до душа и праќавме дно песни) Тамара ако се сеќавате, бевме во топ 3 додека гласаше жирито, потоа со гласовите од публиката паднавме. Не дека песната беше лоша, но повеќе беше така ради промоција на новото име. North
Тамара заслужено влезе во финале исто и Калиопи, но навистина гласовите од жирито беа смешни, нешто како Украина пред 3 години. Ама додека гласаше само публика секогаш влегувавме во финале од Тоше, Мартин В., Елена, Каролина, дури и Некст тајм и Тамара и Врчак беа 10 во полуфинале ама тогаш само 9 влагаа. До душа после и жива катастрофа ни беа претставниците така да заслужено бевме на дното. Кога ги гледав оваа година какви настапи имаа државиве си реков добро што не одиме кај сме ние спремни за ваков настап. А баш сум замислувала Мизар, Суперхикс или Синтезис дека едино може да настапат со нешто автентично и впечатливо. За класичен поп настап не не бива.