А можеби и он не би сакал. Замисли да вложуваш во кариера, изгледаш топ, звучиш светски и некоја Мери Попова те зема со неа на Евросонг, те облекуваат во сако на Елена Лука, ти даваат некоја пичкаста, макфест балада од Копров, стејџот е мизерија, мрачен, сиромашен, цел тим на МРТВ и нивни роднини се шетаат со тебе, ти не влегуваш ни во финале, кариерата ти завршува пошто радном Славица те плука оти си фрлил пластично знаменце и си извршил национално предавство, извесен Трајче сака да те беси на плоштад, Стојан се нервира пошто те пратиле тебе, а тие пари можеле да одат за амбулантни возила (лол), а Мери Попова си ја прчи и ѝ ѕвони на Андријана Јаневска за да шета со неа следната година на нова дестинација.
Боби Андонов и RADVLAD всушност навистина може да ни донесат успех на Евровизија. Баш имаат таков тип песничиња, со добар настап може да имаат добар пласман.
Ако изведувачот покаже заинтересираност и амбиција, неуморност, нема нешто што може да го сопре, па ни Мери како шеф на делегација. Или подобро да се изразам - ако има пари и не зависи стриктно од МРТ. Пример Тамара на Евровизија, или Мила Москов/ Дајте Музика на јуниорската. А всушност и Мила и Дајте Музика (секако под некое друго име, ама истиот состав) да се вратат на Евровизија може да ни донесат успех.
Што може некој добар вокал а мртво пувало да понуди на Евровизија? Да се истакне пред светот треба харизма, не можам да замислам дека навистина би се снашле оние млади изведувачи кои ги набројавте (Антониа, Мартија и сл.). При тоа ги имам слушано повеќето и во живо и на интервју и освен што не се баш моќни на сцена не знаат ни да разговараат правилно како на пазар да се. Тие ми се само за во кафиќ ништо повеќе. Единствено Лара има потенцијал ама и треба права денс песна нешто како Дуа Липа. Толку лоши преставувања сме имале како никој друг, Ѓоко Т, Ај кју, Лозано, Јана Бурче, Васил, Андреа, Тијана. Единствено што било ок се Калиопи и Тамара и реално само тие остварија ок пласман ама и оставија впечаток па ги памтат фановите. Веќе имам коментирано а и погоре во коментарите уште еден член пиша дека треба да се прати етно, и тоа добро продукциски и сценски сработено. Претпоставувам дека на Андријана и било понудено баш заради тоа што има докторирано на таа тематика етно. Но од нејзе подобри би биле Зарина Првасевда, Синтезис ако постојат уште или Мизар. Поп музика сите сакаме ама тука не можеме да се истакнеме тоа е реалност ете пробуваме секоја година, а етното секогаш поминува.
За жал, Moroccanoil (израелска компанија) ќе биде главен партнер на Евровизија и во 2025 година. Ова значи дека најверојатно Израел пак ќе учествува.
Чешка најверојатно ќе се повлече од евровизија в година. Косово испратило барање до ЕБУ за да учествуваат. Тоа како ќе го поднесат Србите не знам, можно е да дојде до поголеми скандали.
Србите еднаш изјавија дека ако Косово учествува на Евровизија, тие ќе се повлечат. За Чешка читав дека добивале помош од владата, ама оттаму не сакале да ги финансираат повеќе. Турција и другата година нема да учествува. И Холанѓаните сакаат да се повлечат. Како што тргнало, ќе се намалува бројот на земји учеснички.
Оваа Евровизија помина со доста контроверзии. Гледав интервју со Бејби Лазања. Кажуваше дека немало дружба помеѓу учесниците, заради Израелците. Од нивната делегација имало многу провокации. А истото го читав и на српски сајт. Некој српски новинар изјавил дека имало многу проблеми со Израелците. Не дека ги бранам Русите... Ама неможе за едни мајка, а за други маќеа. Им понудиле на Андријана Јаневска и на Каролина да одат на Евровизија. Не ме чуди и ако понудиле и на други наши пејачи, кои сигурно не се нафатиле. Не е овој настан тоа што беше. А и тешка работа да влеземе во финале, така да само ќе се бламираме.
Негде зачитав, сега не можам да го најдам, дека можно било враќање на Русија од година. Уште оваа грешка ако ја направат ЕБУ и в година поп ќе им викаме.
Зашо да е грешка ова? Не разбирам. Израел може, Русија не може а? Глупости. Најпаметна одлука ќе им е ако ја вратат, пошо не е фер вака. Мада и да сакаат да ја вратат не верувам Русија да прифати.
Најдобро им е двете да се аут. Ако ја вратат, цела западна Европа ќе излезе. Германија, Франција и Британија па и на сите останати нема да им е баш згодно и Русија да е.
Не, туку најдобро е да не мешаат скапана политика у ова, е тоа најдобро би било, ама нема нели? Немало згодно да им е, е нека се запрашаат зашто. Не верувам Русија да се приклучи пак у скоро, уживај.
Секако дека тоа е најдобро ама не се прашуваме ние. А иначе да се сложувам и да ја поканат не верувам дека ќе се врати.
Холандија со сигурност после ова што му го направија на Joost, барем да кажеа причина зошто го дисквалифицираа.
Холандија сака да се повлече заради дисквалификацијата на овогодинешниот нивни претставник. А Норвешка заради учеството на Израел. Имало непријатни случки со израелската делегација. Пред некој ден гледав интервју со Бејби Лазања. И он истото го кажа. Цело време провоцирале. Напната била атмосферата. Ова го читав и на некои евровизиски сајтови. Оваа година беа 37 држави. Ако се повлечат овие две, плус Чешка и Летонија, остануваат 33. Тоа ќе биде најмал број откако има полуфинале. За Чешка е се поизвесно дека нема да учествува. @DS10 дисквалификуван е затоа што се дерел на некоја камерманка од Шведска. Откако завршила пробата пред финалето, таа сакала да го снима, а он одбил. Она продолжила и он се развикал и ја турнал камерата.
Можда, ама последно ко проверив на страната пишуваше поради оправдани причини. А иначе Црна Гора и Босна размислувале за враќање. Од Норвешка рекле дека нивното учество ќе зависи од тоа како ќе се случуваат настаните и како ЕБУ ќе се справи со мешањето на политиката и со сите инциденти кои се случија 2024. Холандија ќе размислеле после дисквалификацијата, а на Сан Марино им истекол некој договор како што разбрав, а плус и лошиот пласман годинава ќе влијаел врз одлуката.
Сѐ додека на Белорусија не ѝ ја укинат забраната за учество, не верувам дека ќе ѝ ја укинат забраната на Русија за учество.