Топ е песната на Германија ама настапот некако слаб затоа нема шанси ама за на радио е хитски хит. Иначе за мене ова една од подобрите Евровизии последниве години што се однесува до организацијата ептен се покажаа домаќиниве. А и песните се подобри во однос на претходните години.
Што ви е филмот со "жалопојките"? Балада е класика и секогаш ќе биде ин. Од досегашните победници на евровизија, токму баладите се најзапаметени. Што се однесува до Франција, лани требаше да победи. Се уште не можам да прежалам Овогодинешната не ми остави таков впечаток при првото слушање.
Се надевам нема да победат, ќе ја згаснат Евровизијата. А лобираат, плаќаат реклами низ цел свет, дури и на Тајм сквер. Ептен се запнати.
Ми се свиѓа кракот на песнава, онај фолк дел ако можам така да го наречам. Потсеќа на Мата Хари од Азербејџан 2021.