Јас не гледам ама го слушнав прее Австриецот од собата на баба ми (таа гледа), и иако не сакам да победуваат истите па истите држави, што да му правиме кога е најдобар... А би сакал да има нова држава победник, Литванија и Грција ми идат први на ум со кои би бил среќен како победници ама нема шанси за тоа на манифестацијава. И Ерменија ќе ја ставам меѓу нив.
Можам да кажам дека оваа Евровизија генерално многу повеќе ми се допаѓа од прошлогодишната. Гркинката ми е со моќен глас многу. Немам поим за што пее, ама не е лоша.
Ерменија секогаш била во финале вика водителкава, па нормално кога Ким Кардишан редовно лобира пред секоја Евровизија.
За момент тука кај мене дома некој рече оваа да не кажа Македонија? Хаха. Иначе не знаев дека има таква приказна зад песнава, имаше убава музика.