Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Евровизија 2025

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 12 мај 2024.

?

Дали сметате дека Македонија треба да учествува на Евровизија 2025?

  1. Да

    40 глас(а)
    34,2%
  2. Не

    77 глас(а)
    65,8%
  1. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Машки
  2. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.257
    Насловов мислиш се враќа некој музички гигант, ќе ја стресеме Европа.:D

    Андријана Јаневска со танчерки од Ребис во позадина, облечена во креација на Елена Лука, фаворит, во први 5 сме, добива титула мис шарм, ни го фалат ајварот на македонската вечер, се онесвестуваат од вкусот на гравче-тавче, на суво ја пее Зајди Зајди, новинарите во транс со солзи во очи.

    Не влегуваме во финале, Европа не мрази, уааа елгебете сатани, златни гранд ѕвезди...
     
    На staycalm и FreeToGo им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Сите ние имаме носталгични чувства за она што порано беше Евровизија, кога бевме деца, каде навистина се претставуваше музичка културна уметност. Но веќе одамна Евровизија не е тоа, туку целото раководство сега е во рацете на ЛГБТ родови активисти кои едноставно си фураат своја агенда, а меѓу геј популацијата евровизијата ja нарекуваат и „Gay Christmas“. Сметам дека на Македонија не и е местото во ваквата перверзна циркузијада.

    eurovizija.jpg

    Не знам дали и оваа година Македонска радио телевизија (МРТ) има добиено пари од ЛГБТ фондовите. Тоа ќе знаеме доколку МРТ инсистираат да пратат некој. Андријана Јаневска веќе ги одби. Но доколку пратат, имад оста луѓе кои ќе реагираат тоа лице да не ја претставува Македонија, туку да си ја претставува организацијата што ги праќа - МРТ.

    mrt-evrovizija.jpg
     
  4. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Машки
    :D:D
    Андријана Јаневска е квалитетен вокал ама многу забега по патриотски песни.
    Факт е дека тие песни поминуваат кај нас и од нив таа има поврат на инвестиции, ама реално кој од новите генерации ќе ја слуша... Јас ги вртам нејзините хитови од пред 20 години ама морам да признам после нив таа нема некој хит... Нема врска возраста секако, ама за woke настан ко Евровизија, Андријана е претрадиционална.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    12.237
    Пол:
    Машки
    Да ме прашаа до лани, категорично ќе одговорев да учествуваме.

    Меѓутоа, после онаа политичко-корумпирана ситуација лани, би рекол - никогаш повеќе.
     
    На Ahoy и KateKane им се допаѓа ова.
  6. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.257
    Кои се тие хитови? Класичен one-hit wonder е она. Само онаа ,,твоја библија" ја знам.:DЗнаела дека ќе помине како крава кроз кукуруз на Евросонг, незабележано, среќа што ја одбила поканата.
     
    На staycalm, KateKane и FreeToGo им се допаѓа ова.
  7. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Машки
    Имаше бе повеќе :) “Моја библија“ и е најголем ама имаше и други, “Не можам да заљубам по тебе“, “Љубовен ритам“, “Носталгија“... беа често вртени по радио и ТВ тие години :)

    Не е баш one-hit wonder, има неколку албуми ама го смени музичкиот правец.
     
    На Bitter-Sweet и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.257
    Ако некој слуша македонско, тоа сум јас, ама ств прв пат слушам за песниве. “Носталгија“ ја знам ете.:DАли хит е тежок збор. На радио го вртеле и Арчи.:D
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.802
    Допаѓања:
    266.875
    Има, не дека нема, пример „Ден по ден“ со Врчак, за тоа време - тоа беше забавната музика овде. Тоа што е антипатична максимално е друга приказна, уште во младост беше таква. Од друга страна неспорен е нејзиниот вокал, ако ја немаш слушнато „Ој Јано, Јано“ во нејзина изведба, слушни ја, по мене најдобра изведба на таа песна е.
    Во секој случај, последен избор за пејач за Евровизија би била, не затоа што е традиционална, побрзо Танец би ги пратила него неа. Туку зошто сериозно делува арогантно и искрено, како појава делува досадно. Можеби приватно е супер, не знам, ама однесувањето ја кошташе немање на (поп) кариера. Си има кариера таа, само не во поп музика.

    Јас би сакала да учествуваме, ама изборот да биде на фестивал, нека се пријават сите кои мислат дека имаат песна и да ги гласаме. Макар, како се однесуваме па ние со нашите кандидати, треба некој ептен со дебела кожа да се пријави.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    8.095
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно НЕ! За да пратиме некој треба многу пари да се среди целосен пакет, не е само пушти некое дете нека се брука пред цел свет за да го навредуваме ние тука. Кај нас ова е тема за раздор и покољ, подобро да не учествуваме. Башка и каква калакурница е Евровизија, сега учеството е џабе фрлени пари..
     
    На nextredstyle, KateKane, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.257
    Ауу и „Ден по ден“ со Врчак ја знам. Омг три песни на Андријанче знам.:D

    Познавајќи го (не)вкусот на народот не сум ни за таа опција. Една година сакаа Наумче Петрески да го пратат.:DНародот се понаша како Евросонг да е Валандово.
     
    На Angie1432, staycalm и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.802
    Допаѓања:
    266.875
    Па реално најдобар пласман имавме со Тамара, а неа не ја бираше народот. Мене и денес ми е една од најубавите песни на Евросонг, не наши, туку општо. Ама тоа е веќе во домен на вкусеви, општо слушам поп балади така што за мое уво супер си беше. Во таа насока и Феникс на Кончита ми е меѓу омилените, и Милион војсес на Гагарина :D
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.257
    Мене од нашиве на Јана Бурче ми беше топ. Прејако песниче и спотче. Единствена која ја слушам до денес. Она беше преопуштена во интервјуата. Настапот ѝ беше ужасен.

    Тамара исто вокално предобра, топ настап.

    Duncan Laurence и Лорин (со двете песни) ми се фаворити од победниците.:inlove:
     
    На staycalm, KateKane и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Тамара имаше повисок пласман САМО затоа што направи WOKE песна и во согласност со ЛГБТ стандардите на евровизија. Не случајно беше избрано и името Proud и не случајно беше главна пеачка и на парадата на гордоста во Скопје.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  15. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.257
    Тамара да се прати по 3-ти пат. Има евровизиски фанови, најдобар пласман до сега, вокалиште, омразена кај 70% од народов, сите критериуми ги исполнува за успех. Песната да ѝ се вика Proud 2. Знам дека читаш Мери, само Тамара, никако онаа нехаризматична птичурина Андријана и слични на неа. Евросонг не е партиски митинг или Компиријада за да пеат Ламбиња и Андријани.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.400
    Допаѓања:
    60.023
    Пол:
    Женски
    Само некој кој не следи музика на Европско ниво може да рече дека џабе фрлени пари се на Евровизија. Може да ви се свиѓа или не, ама сите артисти што одат на Евровизија добиваат огромна фан база токму од евровизиски фанови.

    Go_A, Карија, Лорин, Манескин, Елени, Елина Нечаева, Констракта сите направија кариери и прават турнеи низ цела Европа.

    Секоја година се рушат рекорди на гледаност, годинава имаше стриминг од 163 милиони луѓе. И тоа им го кратиме на нашите млади музичари. Ги оставаме во сенка, сами мака да мачат тука хит да снимат. Немаат публика.

    А инаку се согласувам, ниеден човек не треба да помине лакрдија од нашиве луѓе што ќе му следи ако учествува. Државава нажалост е мнозинство на неписмени Евангелоси кои од омраза не гледаат подалеку од носот. На никому не му посакувам онолку хејт да јаде и смртни закани да прима.

    Може да не ви се свиѓа и до утре да кукате за вредностите на Евровизија, ама факт е дека е најпознато музичко шоу и дека со тоа што не учествуваме им правиме штета на нашите музичари.
     
    На crimson, Waverly Raven, sweet-cherry и 6 други им се допаѓа ова.
  17. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Машки
    Сигурно си помлада генерација па можеби не ги знаеш? Инаку стварно доста беа вртени нејзините песни порано.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    8.095
    Пол:
    Женски
    Јас скроз би и дала на Тамара дури и иселеничка виза, само да може да живее убав живот таму каде ќе ја почитуваат.
     
  19. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.257
    Песни на Ерзана знам, на Ребека, Багаж, Маја Саздановска, Врчак (од тоа време)... Ете Андријана ств ја немам нешто слушано.:)
     
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Дали е случајно тоа што членовите што се најгласни во ЛГБТ пропагандата на форумов се истите тие што се и ЗА Македонија да биде дел од циркузот Евровизија? :D Не би рекол.

    Огромното присуство на геј, лезбејки, бисексуалци, квирови, небинарни, несфатени итн на Евровизија јасно говори за идеологијата на истиот настан и за тоа каква пропагандна машинерија е тој „фестивал“.