Иначе Ебу наместо да ги враќа Турција, Русија, Романија, Бугарија, Молдавија, Унгарија и нас они си преговараат со Канада за учество догодина. Кај и да е и Мароко ќе го вратат.
Резултати од првото полуфинале. Изненаден сум од неуспехот на Албанија во финале, со оглед на полуфиналето. Хрватска и покрај тоа што беше последна на сите обложувалници, не завршила последна. Шокиран сум од резултатот на Белгија, очекував да е 11, светлосни години подобар од Сан Марино, Кипар, Португалија, Исланд... Украина прво место е ради тоа што сегде се распрчкани и си гласаат за себе.
Мора да се смени гласањево, вака нема смисла. И Украина и Албанија тотално незалужено се 1 и 2, само зошто имаат дијаспора. Шведска 4 а Естонија 5, ај важи. Го имаш второто полуфинале?
Предобра песна имаше Албанија, ама резултатот не ме чуди. Европа некако не сака ориентални звуци. Тоа на Балканов највеќе поминува.
1. Австрија - стварно беше најдобар, заслужена победа 2. Израел - немаше да бидат второ ако не беше војната. Веројатно победија од телевоутинг ама ги немам видено ТВ резултатите, чекам да излези листа негде 3. Естонија - во кој свет живееме за овој дебилизам да заврши на трето место. Можно е и ова да победи од ТВ, или да беше второ 4. Шведска - доста им е 5. Италија - значи Италија што и да прати ќе има добар резултат 6. Грција - требаше најмалце да биде второ ама одличен резултат, честитки 7. Франција - доста им е 8. Албанија - доста им е 9. Украина - исто како Израел, редно време е да престанат 10. Швајцарија - квалитетно парче и заслужен резултат 11. Финска - доста им е 12. Холандија - доста им е 13. Латвија - браво браќа Латвијци! И лани се израдував за 16-то место и оваа година за 13-то. Се солидаризирам со нив зашто и тие се мала држава со мала популација и честопати незаслужено испаѓале од финале. Квалитетно парче, културно парче и убаво е што некој го ценел. Ајде Рига 20?? и некоја 14. Полска - доста им е 15. Германија - песната е одлична и вреди за ТОП 10 ама вокалот слаб и сценскиот настап разочара па 15-во место е таман 16. Литванија - квалитетно парче ама не е за секого. Литванија последниве години е како Македонија во средината на 2000-тите, се квалификува во финале и таму има mid-table резултати. Камо се уште да бевме на тоа ниво. Ајде Вилниус 20?? и некоја 17. Малта - доста им е. Имаа барем 3 подобри песни во нивниот национален избор 18. Норвешка - таман 19. ВБ - го немам настапот видено ама песнава ја сакав, сакам хармонични песни. ВБ ко ВБ, ни се труди ни им е гајле за ЕСЦ, типичен нивен резултат 20. Ерменија - потценет, заслужуваше ТОП 10. Ама настапот имаше грешка според мене, не требаше на екранот да се појавуваат 5-6 Паргови, доволно беше само кај што трча да го снимаат. Ама ОК 21. Португалија - повеќе отколку што секој можеше да замисли за оваа песна 22. Луксембург - ТОП 15 ако се прашував јас ама генерално беше само претставник кој што пополнуваше место оваа година 23. Данска - доста им е. Исто така пополнуваа место само како и доста години наназад 24. Шпанија - доста им е 25. Исланд - баш евровизиско парче, првата песна за која ќе речам дека беше потценета, и пред Евровизија за време на сезоната, а и во финалево 26. Сан Марино - втората песна за која ќе речам дека е потценета и заслужуваше многу повеќе. Ваков лош резултат само дека е Сан Марино
Каков неуспех на Албанија? Завшрија на 8 место, за нив тоа е најголем успех по 4-5 место на таа од 2012 година. Од жирито имаа малку поени, но од публиката беа на 4-5 место.
Мене од настапот на Белгија главата ме болеше од сето тоа црвенило. Песната им беше како од 1999/2000. Резултатот им е баш ОК. Тие сами си се кладат секоја година зашто сакаат да победат ама треба прво одлична песна да најдат/пратат.
Сите држави си имаат мала или голема дијаспора, Македонија немаше да биде ниту во едно финале кога учествуваше да не беше дијаспората, секогаш добиваше солидни поедни од Швајцарија, Австрија, Шведска, Холандија, Германија, Малта + балкански држави.
Шпанската национална телевизија RTVE го прикажала ова пред почеток на финалето: Камо сите држави кои не се во сојуз со Израел да ја имаа оваа храброст, вака само Шпанија ќе папа казна.
Рекцијата на Албанија за високите поени од публиката е врв. https://x.com/istyp1ng/status/1923879722448003174
Хахаха јас навивав за Австрија и и ветив на ќере ,една мн верна обожавателка на Евровизија,дека ако победи Австрија ,здравје Боже ,догодина ќе одиме,тетка имам таму. Мило ми е што победи..
И јас мислам дека затоа толку не се замараме нема никој од нашите влезено. Лани за Бејби Лазања излудевме.
100% заслужено, многу ми е мило за Австрија. Најдобар беше во све и драго ми е што победи actual талент.
^Moќно звучи но не знам дали сама би ја пуштила, не е за сечиј вкус. Уште не можам да ја преболам француската од лани