Понедникот си заслужи ама уште не разбудени, еве Австрија се жали немале доволно пари за организација и бараат уште. Чаре зголемување на котизацијата, значи нови откажувања. Па кога не ве бива и сте сиромашни што се борите за победа бе? Пратете оскудна песна за средина или дно на табелата, ем ќе се испотепаат за победа па ја уништуваат после самата манифестација заради неспособност. Треба да се остават УК, Швајцарија и Франција да ротираат со организација, богати се, ја сакаат Евровизија, ги бива и се покажаа плус им е профитабилно. Што треба Франција да направи да победи е прашање. Со години праќа екстра квалитет, се издвојува како најдобра и никако да победи. А имаат најголема сала во Европа за 40К публика и желба да организираат ама еве некој друг ќе победи и ќе проси за пари.
А јас француската од оваа година. Битно Еспресо макијато е на сите радио станици, се надевам и Балер ќе се пробие. Две прави хитчиња.
Ланската ми беше подобра мене. Каков вокал, каква песна, лудило Овогодинешната, од друга страна, ме купи со интерпретација и емоции. Ретко плачам на песни, ама за оваа пуштив солза. А, врска немам што пееше. Многу емотивна.
Франција 21, 23 и 24 исто беа за победа. А оваа година особено затоа што немаше подобра. Иначе и мене ме наежи скроз со интерпретацијата а пееше за мајка и која ја изгубила пред 10 год.и и била најголема подршка за да стане пејачка.
Нема што да го враќаат Мароко на Евровизија, си има право да учествува. Мароко, Тунис, Алжир, Египет, Јордан, Либан, Либија имаат право на учество.
Оваа година не гледав Евровизија. Изгуби концепт, се меша политика, пак Израел доби право да учествува, и покрај геноцидот што го прави, ама за Русија не може. Да не зборам делот каде веќе песниве ужас се, и се знае кај иде победата.
Битно Македонче плука по се живо на евровизија, наркомани, педери, сатанисти, ама на Аца Лукас епилептични напади добива јер боем нели.
A реално евровизија ми е тука негде со турбо фолк по квалитет. Па баш затоа треба да престанат да ја плукаат оние што ги слушаат Шемза и Јужни Ветрец. Да се слагам пошто исти курац е
Замисли не сме со Моцарт растени, и не идеме на Аца Лукас. И пак не ни се свиѓа Евровизија. Одма македончето ви е криво ако некој има различно мислење од вашето.
На Словачка најдобриот резултат ѝ бил 18-то место. Аууу колку биле сироти, не е ни чудо што од 2012-та не се натпреваруваат. Ние за Словачка сме ЕмТиВи.
Сан Марино треба да се откаже од учество. Мала држава е и секогаш имаат малку гласови. Освен во 2019. Убава песна има оваа година и не заслужи 18 поени. Исто им се случи и во 2021. Од телевоутинг 13 поени. Малите држави ретко кој ги гласа.
На Шпанија песната беше како од одјавна шпица на мексиканските серии пред 20 години и така малку, носталгија ме фати. Табелана крш годинава, та покрш никогаш не била... ко дојде Еспресо макијато на трето место, ајме мени, мајко мила. Израел наредниот пат кога ќе купува гласови, нека испрати подобра песна. Украина раштимана, ама дијаспората машала брзи прсти. Ми се допаѓаше Украина лани и во 2022 кога победи. Моите фаворити Швајцарија и Албанија се pure art, ми е гајле ако не ги сакате. Швајцарија прекраснотии, небаре ангелче пееше.
Зошто откако некоја земја ќе се повлече од настапување на Евровизија, првите години се уште гласа, а потоа ја снемува и од гласањето на жирито? Ова има некаква врска со правилата или...?
Не гласаат тие што не учествуваат. Исклучок беше Србија и Црна Гора во 2006. После скандалот на националниот избор се откажаа од учество, ама им беше дозволено да гласаат. Штета што таа година не отидоа Фламингоси на Евровизија.
Јас една година видов дека Турција доделуваше поени иако не зеде учество и тогаш кружеа шпекулации дека Турција ќе се врати на следната Евpовизија, а и од Скопје нели имаше вклучување лани или оломнани?