Нашите последен пат гласаа во 2022. Тогаш последен пат учествувавме. Турците последен пат гласаа во 2012. Не верувам дека ќе учествуваат. Не им се допаѓа начинот на гласање.
И јас сум убедена дека гласавме и 23, кажаа дека имаме право на тоа. Турците додека е Ердоган не се враќаат. И на Русија да и речат нема да се врати, еве на Белорусија и истече казната па не се враќа.
Гласавме како остатокот од светот. Од таа година почна тоа. На Белорусија не им е дозволено да се вратат. Не се знае до кога нема да учествуваат. А не верувам дека ќе сакаат да се вратат. Русите се исклучени од ЕБУ. Ама затоа Израел може да учествува
Комплицирано е со Израел поради историјата. Не верувам дека би им забраниле учество, барем не повеќе од 1 година во краен случај.
Секоја втора година ќе ги гледаме во ревијален дел, затоа што се морални победници и фаворити на публиката. Ама затоа нема да ги гледаме Лорен и Немо зошто се нерелевантни, иако беа добри победата им беше незаслужена. Исто ко Мрија Шерифовиќ која не била гостин на ниту една Евровизија 18 год.откако победи зошто и беше наместено на Србија заради Косово. Иако нас ни беше нај зошто е "наша" и ја разбираме, морален победник беше Верка од Украина, ене ја и после 18 год.уште е во ревијален дел секоја втора година.
Се знаеше дека Србија ќе победи. Баш заради тоа што го пиша. Исто како што наместија да победи Југославија во 1989, затоа што се знаеше ќе се распадне. Од ЕБУ не би дозволиле да победи држава од Екс-Ју. И Албанија нема шанси да победи. На мене во 2007 фаворити ми беа Верка Сердучка и Кенан Догулу. Најдобар настап имаше Турчинот. Лани Хрватска ми беше фаворит, а претходно Финска.
Да, така сме гласале ама водителката некако погрешно се изрази. Белорусија беше банирана на 3 години и и истече казната, оваа година беше во можност да настапува ако сака. Иначе банирани беа зошто песната што сакале да ја пратат 2021 била со политичка конотација. Нешто што кога е во прашање Израел 2 години по ред не е проблем.
Мене Немо ми беa подобар избор, Лазањата е одличен на евровизиската сцена, ама песната не ја можам. Каарија си дрма и владее, најјако песниче имаше. Во 2007 оваа ми беше фаворит: Не се знае тоа, последните години Русите беа удриле на тролање, мислам следно ќе јадат патлиџани и јајца на бина ако се вратат.
Белорусија беше банирана заради тоа што националниот сервис ширел политичка пропаганда. Не памтам дали тоа има врска со војната во Украина. И плус, тоа што го пиша ти за песната. Пред некој ден читав дека не се знае кога ќе им дозволат пак да настапуваат. Баш чудно, а казната им истече. За Израел се знае зошто учествува. Главен спонзор е на Евровизија. А на тие од ЕБУ изговорот им е дека ова е настан за музика. Двојни аршини
Денес се дигна џева во врска со гласањето и Шпанија потегна иницијатива и се приклучија и Холандија и Ирска. Се надевам нема да остане само на зборови како лани и ќе се смени скроз начинот на гласање. Иако бев против жири до сега, од оваа година веќе ми е смачено и се надевам ќе биде сооднос 70/30 жири публика. Не можам да гледам едно исто, Украина, Израел, Албанија само земји што имаат мигранти низ Европа. Земји како Малта или Сан Марино немаат ни по 20 поени од публика зошто се мали и никогаш нежа да можат да освојат повеќе. И ниту Шпанија и УК па ни Франција не заслужија толку малку гласови вчера ама ете немаат дијаспора. Се на се треба скроз нов систем на гласање за наредните бар 3 години додека не се среди. И чудно како Ебу така лесно се откажа од 250 милиони гледачи од најголемите земји Русија и Турција кои патем секогаш имаа добри преставници, нели е настан за музика. Што е битно кој им е на власт. И тие Ебу се за реформа гарант има некој вечен таму, скроз изгубија компас.
И ние имаме слаба дијаспора. За нас гласаат Екс-Ју државите и плус уште три или четири држави. А има наши во повеќе држави, ама проблемот е што не сакаат да гласаат. Јас читам на интернет. Пишуваат дека попрво ќе гласаат за Србија отколку за Македонија. Тамара имаше убава песна, а доби само 58 поени од телевоутинг.
За Албанија жиријата од комшилуков не гласаa, со исклучок на Црна Гора. Македонија да беше и таа сигурно ќе и дадеше добри поени, ама Србија и Грција јок.
Грците им дадоа 2 поени. А Србите нема шанса да гласаат за нив. Затоа што многу се сакаат Не очекував Албанија да има малку гласови.
Исто како Естонија да победила, песната е на сите страни, до душа таа и си беше хит уште пред да се изведe официјално на Eurovision, да беше во доба каде немаше да има гласање од жири, чиста победа ќе им беше.
Реално тоа "само" 58 е уствари рекорд за нас во последниве 15 год. и воопшто не е малку ако видиме дека Франција со онаков настап годинава освои 50. Не би требало да ни е целта дијаспората да гласа, треба да стремиме кон потенцијални гласови од други држави. За очекување е, ниту Албанија нема да даде на Србија, тоа е има и политика во гласањето. Иначе што се однесува до нашето жири последните 2 пати не даде ниту еден поен на Албанија, од телевоутинг добиваа да ама од жири не. Истото го приметив, Еспресо макијато е веќе хит на сите страни во многу земји и мило ми е. Се надевам и Baller ќе заживее.
Baller и јас сакам да заживее, можеа да се потрудат многу повеќе, во смисла на маркетинг, сценски настап, можеа многу многу повеќе, ама секогаш се такви тие, обични не се замараат нешто многу. Томи пример направи растур од страна на маркетинг и сценски настап. сосем нискобуџетен но многу автентичен и запаметен.
Еспресо макијато ќе биде хит. Исто како песната на Верка Сердучка, Карија, Бејби Лазања, Сакис Рувас (Шејк ит), и др. Тоа сака да го слуша народот.
Во право си. Песната ја имаа ама настапот онака колку да има нешто по сцената. Толку не се испозамарале со маркетинг што и во Германија била само на 13 место. Имаа материјал за топ 5 пласман и европски хит, штета за екипата. Еспресо макијато веќе бил во топ 10 во минимум 10 земји така да ќе растури. Имало веќе и ремикс со некој од Италија, не сум го слушнала ама ќе го побарам после.